Јован Стојаноски

македонски политичар

Јован Стојаноски (7 август 1970 - 15 декември 2018) — македонски универзитетски професор и градоначалник на Општина Охрид во периодот од октомври 2017 до декември 2018 година.

Јован Стојаноски
Градоначалник на Општина Охрид
На должноста
20 октомври 2017 – 15 декември 2018
Претходник Никола Бакрачески
Наследник Константин Георгиевски
Лични податоци
Роден(а) 7 август 1970
Охрид, СР Македонија, СФРЈ
Починал(а) 15 декември 2018(2018-12-15) (возр. 48)
Охрид, Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Професија универзитетски професор
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Јован Стојански бил роден во Охрид, на 7 август 1970 година. Во родниот град завршил основно (1985 година) и средно економско училиште (1989 година), а во 1990 година почнал да студира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (на насоката деловна економија), каде дипломирал во 1994 година, на тема: „Сметководство на трошоци во мали и средни претпријатија“. На истиот факултет, во 1995 година се запишал на постдипломските студии по маркетинг, а во 1999 година ја одбранил и својата магистерска работа на тема „Политиката на цени во туризмот“. Во септември 2001 година се запишал на докторските студии на Училиштето за бизнис при Универзитетот во Стафордшир во Англија, во областа на политиката на цени во туризмот. Во март 2003 година, на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, ја одбранил докторската дисертација со наслов „Специфични маркетинг стратегии за влез и настап на меѓународните туристички пазари“.[1]

Стојаноски починал на 15 декември 2018 година, како последица на инфаркт,[2] а на 17 декември бил погребан на градските гробишта во Охрид.[3]

Академска кариера

уреди

Во октомври 1995 година, Стојаноски се вработил на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид, каде најпрвин работел како асистент по предметите: маркетинг, меѓународен маркетинг и промотивни активности. Во јуни 2003 година бил избран за доцент, а во 2008 година станал вонреден професор по маркетинг-менаџмент. Извесен период, тој ја извршувал и функцијата продекан.[1]

Објавени трудови

уреди

Стојановски објавил повеќе трудови, како што се:[1]

  • Ethics and Marketing – Factor for Tourism Developing, Меѓународен научен конгрес „Tourism and Culture for Sustainable Development“, Атина, мај 1998 година, (соавторство со д-р Софронија Миладиноски);
  • Основни елементи на стратегијата за позиционирање на туристичката дестинација, Меѓународен симпозиум „Хотелска куќа“, Опатија, октомври 1998 година (соавторство со д-р Софронија Миладиноски);
  • HRM in function for Increasing Tourism Consumption, Меѓународна конференција, Хотелиерски факултет - Опатија, октомври 1998 година, (соавторство со д-р Габриела Ракичевиќ);
  • Стратешки пристап во развојот на нов производ - услов за економски раст на претпријатието, Меѓународен симпозиум „Алтернативите на развојот: Економски и социјални аспекти на промените во земјите од Југоисточна Европа“, Прилеп, декември 1998 година, (соавторство со д-р Софронија Миладиноски);
  • Стратегија за одредување на цени на нов производ во туризмот, Меѓународен симпозиум „Економски и правни аспекти на туризмот“, Охрид, октомври 1999 година (соавторство со д-р Софронија Миладиноски);
  • Стратегија за создавање на реноме на претпријатијата на туристичкиот пазар, Меѓународен симпозиум „Економски и правни аспекти на туризмот“, Охрид, октомври 1999 година (соавторство со д-р Софронија Миладиноски);
  • Примена на benchmarking во стратегијата на маркетингот, Меѓународна конференција на тема „Современи процеси на економскиот развој во земјите од Југоисточна Европа“, одржана во Прилеп (2000 година);
  • International niche marketing strategies for tourism SME's, Меѓународна конференција во Табор, Р. Чешка „Tourism, Regional development and Education" (2000 година);
  • Customer care and service quality in tourism marketing strategies, Меѓународна конференција во Острава Р. Чешка, „Region- Services – Travel industry" (2001 година);
  • Regionally integrated Tourist Product as factor for Sustainable Tourism Development, Меѓународна конференција во Острава Р. Чешка, „Region- Services – Travel industry“(2001 година);
  • Sample Size determination in International Marketing Research Studies, 53rd International Statistical Institute Session, Seoul, Korea(22-29 август 2001 година);
  • Анализа на конкуренцијата при настап на меѓународниот туристички пазар, Меѓународна конференција на тема „Мултипликативните ефекти од развојот на туризмот“, одржана во Охрид (2001 година);
  • Pricing strategy for introducing new tourism product, Меѓународна конференција во Табор, Р. Чешка „Tourism, Regional development and Education“(2002 година);
  • Практикум по маркетинг, Институт за истражување на туризмот, Охрид, 1995 година, (повторно издание 1999 и 2001 година);
  • Примена на маркетинг-концепцијата во сообраќајот, Зборник на трудови на ФТУ - Охрид, 1996 година;
  • Медиуми на туристичка пропаганда, симпозиум „Туристичката пропаганда - услов за развој на туризмот“, Охрид, јуни 1996 година;
  • Примената на маркетинг-концепцијата во банкарското работење, Зборник на трудови на ФТУ - Охрид, 1997 година (соавторство со м-р Горан Петрески);
  • Пропагирање на еколошките вредности на Република Македонија, симпозиум „Социопсихолошки и еколошки аспекти на туризмот“, Охрид, ноември 1998 година;
  • Промени во цените како инструмент на политиката на цените, Зборник на трудови на ФТУ-Охрид, 1999 година;
  • Политиката на цените во туризмот, магистерски труд, Економски факултет - Скопје, јуни 1999 година;
  • Анализа на атрактивноста на земјата/регионот, советување на тема „Маркетинг стратегии за настап на пазарот “, одржано во рамките на годишното собрание на Македонското здружение за маркетинг, (Охрид, мај 2001година);
  • Специфичности на меѓународниот туристички пазар - предмет на маркетинг истражувањата, советување на тема „Истражување на пазарите“, одржано во рамките на годишното собрание на Македонското здружение за маркетинг, (Охрид 2002 година).

Учество на научни собири

уреди

Стојановски учествувал на повеќе научни конференции, симпозиуми и други собири:[1]

  • Меѓународен научен конгрес „Tourism and Culture for Sustainable Development”, Атина, мај 1998 година;
  • Меѓународен симпозиум „Хотелска куќа", Опатија, октомври 1998 година;
  • Меѓународен симпозиум „Алтернативите на развојот: Економски и социјални аспекти на промените во земјите од Југоисточна Европа“, Прилеп, декември 1998 година;
  • Меѓународен симпозиум „Економски и правни аспекти на туризмот“, Охрид, октомври 1999 година;
  • Меѓународна конференција на тема „Современи процеси на економскиот развој во земјите од Југоисточна Европа“, одржана во Прилеп (2000 година);
  • Меѓународна конференција во Табор, Р. Чешка, "Tourism, Regional development and Education"(2000 и 2002 година);
  • Меѓународна конференција во Острава Р. Чешка, "Region- Services – Travel industry"(2001 година);
  • Меѓународна конференција на тема „Мултипликативните ефекти од развојот на туризмот“, одржана во Охрид (2001 година);
  • Симпозиум „Туристичката пропаганда - услов за развој на туризмот“, Охрид, јуни 1996 година;
  • Симпозиум „Социопсихолошки и еколошки аспекти на туризмот“, Охрид, ноември 1997 година;
  • Советување на тема „Маркетинг стратегии за настап на пазарот", одржано во рамките на годишното собрание на Македонското здружение за маркетинг, (Охрид, мај 2001)
  • Советување на тема „Истражување на пазарите“, одржано во рамките на годишното собрание на Македонското здружение за маркетинг, (Охрид 2002 година).

Учество во проекти

уреди

Најпосле, Стојановски учествувал во изработката на следниве проекти:[1]

  • Состојби и нова организациона поставеност на туристичката пропаганда во развојот на туризмот во Република Македонија“, финансиран од МАНУ;
  • „Еколошки и социопсихолошки аспекти на туризмот“ финансиран од МАНУ;
  • Individual Mobility Grant, финансиран од TEMPUS програмата на PHARE, реализиран во Nottingham University Business School, во март 1999 година;
  • „Патеките на културното наследство“, работен во рамките на EU Phare partnership programme - Rural development through Sustainable Tourism Development;
  • „Развој и програма на туристичката промоција на Охрид“ во рамките на програмата ПРИЗМА.

Политичка кариера

уреди

Стојаноски се вклучил во политиката во 2010-тите години, како член на СДСМ, при што на локалните избори во 2013 година бил носител на советничка листа. На локалните избори во 2017 година бил избран за градоначалник на Општина Охрид, а функцијата започнал да ја извршува на 20 октомври 2017 година.[4] Стојановски починал на 15 декември 2018 година, додека сè уште ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Охрид.[5] За негов наследник бил назначен Константин Георгиевски кој е избран од Советот на Општина Охрид за вршител на должноста на 25 декември 2018 година. Претходно, Георгиевски бил назначен за Заменик градоначалник на Општина Охрид од Стојаноски.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Официјално мрежно место на Општина Охрид (пристапено на 21.12.2018)“. Архивирано од изворникот на 2018-12-31. Посетено на 2018-12-15.
  2. tocka.com.mk, „Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски“ (посетено на 21.12.2018)
  3. Горан Момировски, „Охрид се прости од прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски“ (пристапено на 21.12.2018)
  4. „Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојановски“. Сакам Да Кажам. 15 декември 2018. Посетено на 15 декември 2018.
  5. „Јован Стојаноски: Благодарам охриѓани, од утре почнуваме да работиме на реализација на ветените проекти“. ohridnews.com. 16 октомври 2017. Посетено на 15 декември 2018.
  6. Вршител на должноста градоначалник на Охрид е Константин Георгиевски, заменикот на покојниот Стојаноски