Сашо Поцков

политичар

Сашо Поцков (17 мај 1966 во Гевгелија) — политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Гевгелија. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 51,44% (8.345) од вкупните 19.413 гласови.

Сашо Поцков
Градоначалник на Општина Гевгелија
На должноста
15 октомври 2017 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 17 мај 1966
Гевгелија, Република Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Деца 2
Установа Универзитет "Св.Кирил и Методиј",Скопје (Економски факултет0
Занимање политичар
Вероисповед Православен

Кратка биографија

уреди

Поцков завршил основно и средно образование во Гевгелија. Во 1989 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје. Во 2000 година запишал постдипломски студии на УКИМ и магистрирал во 2003 година во областа МБА.

Тој е женет и татко е на две деца[1].

Професионална кариера

уреди

Неговото прво вработување било во ,,ЗИК Винојуг" Гевгелија, во сектор комерција. Од 1997 до 1999 година бил генерален директор на ,,ЗИК Винојуг" Гевгелија. Од 2005 до 2014 година бил вработен во „АД Осигурителна полиса" како менаџер на експозитурата во Гевгелија.

Политичка кариера

уреди

На локалните избори во 2009 година бил носител на Советничка список на СДСМ. Станал советник во Советот на Општина Гевгелија и истата функција ја извршувал до март 2013. Од 2014 до 2017 станал пратеник во два мандати во Собранието на Република Македонија. На локалните избори во октомври 2017 бил избран за градоначалник на Гевгелија.

Наводи

уреди