Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023

109. издание на велосипедската трка

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023 — 109. издание на велосипедската еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, која се одржала на 23 април 2020 година како 19. настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023
Детали за трката
Издание109. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2023 1.UWT
Датум23 април 2023
Растојание258,1 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеЛиеж
ОдредиштеЛиеж
Екипи25
Возачи на почеток172
Возачи на крај113
Просечна брзина41,206 км/ч
Искачени метри4443 m
Добитници на наградите
ПобедникBEL Ремко Евенепул (Судал Квик-Степ)
ВторопласиранGBR Том Пидкок (Инеос Гренадиерс)
ТретопласиранCOL Сантјаго Буитраго (Бахреин Викториус)
◀20222024
Документација

Трката била освоена од Ремко Евенепул втора година по ред откако нападнал сам во последните 40 километри.[2]

Екипи

уреди

Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[4]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)ProTeams (7)

Поредок

уреди

Завршен пласман

уреди

[5]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Ремко Евенепул Судал Квик-Степ6ч 15' 49
2.   Том Пидкок Инеос Гренадиерс+ 1' 06
3.   Сантјаго Буитраго Бахреин Викториус+ 1' 06
4.   Бен Хили ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 1' 08
5.   Валентен Мадуа Групама-ФДЖ+ 1' 24
6.   Гијом Мартен Кофидис+ 1' 25
7.   Тиш Бенот Џамбо-Висма+ 1' 37
8.   Патрик Конрад Бора-Хансгрое+ 1' 48
9.   Матијас Скелмосе Јенсен Трек-Сегафредо+ 1' 48
10.   Марк Хирши ОАЕ Емирати+ 1' 48
11.   Максим ван Гилс Лото Дстни+ 1' 48
12.   Мајкл Вудс Израел-Премиер Тек+ 1' 48
13.   Џулио Чиконе Трек-Сегафредо+ 1' 48
14.   Павел Сиваков Инеос Гренадиерс+ 1' 48
15.   Ромен Барде Тим ДСМ+ 1' 48
16.   Јон Исагире Кофидис+ 1' 48
17.   Лауренс де Плус Инеос Гренадиерс+ 2' 02
18.   Орелјен Паре-Пентр АГ2Р Ситроен Тим+ 2' 02
19.   Симоне Веласко Астана Казахстан Тим+ 2' 13
20.   Лоренцо Рота Интермарше-Сиркус-Ванти+ 2' 13
Извор: ProCyclingStats


Преглед

уреди

Доста очекуваниот дуел помеѓу светскиот првак, Ремко Евенепул од Белгија и Словенецот Тадеј Погачар, победник на Амстел Голд Рејс и Флеш Валон, не се одржал бидејќи Погачар доживеал тежок пад рано на трката поради кој морал да се повлече. Погачар подоцна во денот бил опериран.[2]

Во отсуство на Погачар, Евенепул веднаш станал неприкосновен фаворит со младиот Британец, победникот на Страде Бјанке 2023, Том Пидкок и ирскиот возач Бен Хили како најблиски соперници.[2]

На Кот де ла Редут, Евенепул нападнал од седиште, одвојувајќи се од главната група и само Пидкок можел да го следи. Неколку километри подоцна, Евенепул забрзал повторно и го оставил Пидкок, со што последните 30 километри возел сам за победа. Пидкок се вратил и заедно со Хили и Сантјаго Буитраго се одржале пред остатокот од главната група до крајот на трката, со што Пидкок и Буитраго завршиле на подиумот пред Хили.[2]

Список на учесници

уреди

Наводи

уреди
  1. „UCI World Tour Races“. procyclingstats.com. Посетено на 19 December 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Fotheringham, Alasdair (2023-04-23). „Liège-Bastogne-Liège: Remco Evenepoel claims stunning solo victory as Tadej Pogacar crashes out“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2023-04-23.
  3. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  4. „Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 9 April 2023.
  5. „Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023“. ProCycling.

Надворешни врски

уреди