Омар Фраиле
Омар Фраиле Матаранза (шпански: Omar Fraile Matarranza; р. 17 јули 1990) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.
Фраиле на Четири дена Динкерк 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Омар Фраиле Матаранза | ||
Роден | 17 јули 1990 Баракалдо, Шпанија | ||
Висина | 1,84 м | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Астана Казахстан Тим | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Професионални клубови | |||
2013-2015 2016-2017 2018- | Каха Рурал-Сегурос РГА Тим Дименжн Дата Астана | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 23 декември 2018 |
Тој е етапен победник на големите трки Тур де Франс и Џиро д’Италија и бил двократен победник на планинскиот пласман на Вуелта а Еспања.
Кариера
уредиКаха Рурал (2013-2015)
уредиВозел на Светското друмско првенство. На 26 април 2015 година, Фраиле го освоил Џиро дел’Апенино од мала група на возачи, претекнувајќи ги Стефано Пираци и Дамијано Кунего.[1] Оваа победа била прва професионална победа за Омар. Подоцна истата година, Фраиле ја освоил четвртата етапа на Четири дена Динкерк. Возел на Вуелта а Еспања 2015 каде го освоил планинскиот пласман,[2] со правење навремени бегства со цел да освои бодови за пласманот.[3]
Тим Дименжн Дата (2016-2017)
уреди2016
уредиПодоцна, Тим Дименжн Дата објавиле дека Фраиле ќе биде дел од нивната екипа за сезоната 2016.[4] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[5] но ја напуштил трката на петтата етапа.[6] Меѓутоа пред да ја напушти трката, Фраиле успеал да ја носи маичката во планинскиот пласман на третата етапа откако собрал доволно бодови на претходната етапа. Потоа, Фраиле го освоил планинскиот пласман на Вуелта а Бургос. На крајот возел на Вуелта а Еспања, каде го освоил планинскиот пласман уште еднаш.[7]
2017
уредиЕдна недела пред да вози на Џиро д’Италија, Фраиле завршил втор на последната етапа на Тур де Јоркшир и втор во генералниот пласман. На единаесеттата етапа на Џиро д’Италија, Фраиле направил бегство и ја освоил етапата во спринтерска завршница меѓу членовите на бегството.[8] Успеал да освои доволно бодови во планинскиот пласман поради што ја носел водечката маичка два дена, за подоцна да ја изгуби.
Астана (2018-денес)
уреди2018
уредиНа Париз-Ница, Фраиле завршил втор на последната етапа зад Давид де ла Крус во спринтот.[9] Меѓутоа, еден месец подоцна се одмаздил со победа на петтата етапа на Трката околу Баскија.[10] На крајот на април, Фраиле го освоил масовниот спринт на првата етапа на Тур де Романди.[11] Фраиле завршил трет на националното друмско првенство.[12]
Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[13] Ја освоил четиринаесеттата етапа на трката.[14] На крајот завршил на 57. место во генералниот пласман.[15]
На 4 август 2018 година, Фраиле настапил на Класика де Сан Себастијан и завршил на 24. место, 52 секунди зад победникот Жилијан Алафилип.[16]
Достигнувања
уреди- 2013
- 10. Гран при де Плимелек-Морбијан
- 2015
- Вуелта а Еспања
- 1. Планински пласман Трка околу Баскија
- 1. Џиро дел’Апенино
- 1. Етапа 4 Четири дена Динкерк
- 4. Класик Лоар Атлантик
- 10. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 2016
- Вуелта а Еспања
- 1. Планински пласман
- Награда за борбеност на етапа 6
- 1. Планински пласман Вуелта а Бургос
- 7. Гран Премио ди Лугано
- 2017
- 1. Етапа 11 Џиро д’Италија
- 2. Краен пласман Тур де Јоркшир
- Награда за борбеност на етапа 12 на Вуелта а Еспања
- 2018
- 1. Етапа 14 Тур де Франс
- 1. Етапа 1 Тур де Романди
- 1. Етапа 5 Трка околу Баскија
- 3. Национално друмско првенство
- Награда за борбеност на етапа 17 на Вуелта а Еспања
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|
Џиро | — | СО | 65 | — |
Тур | — | — | — | 57 |
Вуелта | 88 | 69 | СО | 63 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Фраиле победи на Џиро дел'Апенино“. Cyclingnews.com. Future plc. 26 април 2015. Посетено на 26 април 2015.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
- ↑ Падикомб, Стивен (13 септември 2015). „Five talking points from stage 21 of the Vuelta a España“. Cycling Weekly. Посетено на 14 септември 2015.
- ↑ О’Ши, Садб (1 октомври 2015). „Хас и Фраиле потпишале за Дименжн Дата“. Cyclingnews.com. Посетено на 1 октомври 2015.
- ↑ „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
- ↑ „Fraile abandons Giro, Sbaragli 11th“. SuperSport. Посетено на 11 мај 2016.
- ↑ „Vuelta a Espana #21: Omar Fraile crowned King of the Mountains“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-22. Посетено на 22 јули 2018.
- ↑ „Fraile clinches Dimension Data's first Giro d'Italia stage win with long break“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 22 јули 2018.
- ↑ „Paris-Nice, stage 8: De la Cruz takes stage, Soler steals overall win“. VeloNews.com (англиски). 11 март 2018. Посетено на 22 јули 2018.
- ↑ „Tour of the Basque Country 2018 Stage 5: Fraile wins seven-up sprint, Roglic cements lead“. Cyclingstage.com. Посетено на 22 јули 2018.
- ↑ „Tour of Romandie: Astana's Omar Fraile wins first stage of Tour of Romandie“. BBC Sport (англиски). 25 април 2018. Посетено на 22 јули 2018.
- ↑ „Results at the spanish road championship 2018“. Cyclingnews. 24 јуни 2018. Посетено на 12 август 2018.
- ↑ „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.
- ↑ „Tour de France 2018: Omar Fraile claims victory on stage 14 of Tour“. BBC Sport. Посетено на 21 јули 2018.
- ↑ „Cyclingnews Results Stage 21“. Посетено на 3 август 2018.
- ↑ „Union Cycliste Internationale, Road, Results“. Посетено на 5 август 2018.
Надворешни врски
уреди„Омар Фраиле“ на Ризницата ? |
- Матична страница (шпански)
- „Достигнувања на Омар Фраиле“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Омар Фраиле“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на“. ProCycling.
- Омар Фраиле на Твитер