Буковина

историска област во средно-источна Европа

Буковина[nb 1] ― историски регион, различно опишан како дел од Средна или Источна Европа (или и двете).[1][2][3] Регионот се наоѓа на северните падини на средните Источни Карпати и соседните рамнини, денес поделени меѓу Романија и Украина.

Буковина
Bucovina  (романски)
Буковина  (украински)

Buchenland/Bukowina  (германски)
Bukowina  (полски)
Историски регион
Прислоп,поврзувајќи го Марамуреш со Буковина во северна Романија
Прислоп,поврзувајќи го Марамуреш со Буковина во северна Романија
Грб на Буковина
Местоположба на Буковина во рамките на северна Романија и соседна Украина
Местоположба на Буковина во рамките на северна Романија и соседна Украина
Држава
Административни единици
Буковина1774
ОсновачХабсбуршка Монархија
Демоним
  • Буковинци/Буковинец/Буковинка
  • Bucovinean (на романски)
Часовен појасИЕВ (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)ИЕЛВ (UTC+3)

Населена со многу култури и народи, населени и од Украинци (Рутенијци) и од Романци (Молдавци по регион),[4] станала дел од територијата на Киевска Русија и власта на Печенезите на почетокот на 10 век и составен дел на Кнежевството Молдавија. во 14 век, каде што бил основан главниот град на Молдавија, Сучава, кој на крајот ја проширил својата територија сè до Црното Море.

Следствено, културата на Киевска Русија се проширила во регионот во раниот среден век. За време на Златната Орда, имено во 14 век (или во развиениот среден век), Буковина станала дел од Молдавија под унгарска власт (т.е. под средновековното Кралство Унгарија).

Според Молдавско-руската хроника, унгарскиот крал Владислав (Ладислав) побарал од старите Римјани и новите Римјани (Власите) да се борат против Татарите. За време на истиот настан, пишува дека Драгош бил еден од новите Римјани. На крајот, Драгош ја создал Молдавија именувана од реката (реката Молдова) што тече во Буковина. За време на влашкиот бунт во Буковина против Балк, внукот на Драгош, Богдан Основачот се приклучил на бунтот и го соборил Балк, обезбедувајќи независност од Кралството Унгарија. Во 1497 година, настанала битка во шумата Космин (ридските шуми што ги делат долините Чернивци и Сирет), во која Стефан III Молдавски (Стефан Велики), успеал да ја победи многу посилната, но деморализирана војска на полскиот крал Јан I Алберт. Битката е позната во полската популарна култура како „битка кога витезите загинале“.

Територијата на она што станала познато како Буковина било, од 1775 до 1918 година, административна поделба на Хабсбуршката Монархија, Австриската Империја и Австроунгарија. Првиот попис на кој е забележана етничката припадност е направен во 1851 година и покажува население од 184.718 или 48,5% Романци, 144.982 или 38,1% Украинци и 51.126 или 13,4% други, со вкупно население од 380.826 луѓе. До 1910 година, Романците и Украинците биле речиси во еднаков број со Романците концентрирани главно на југ и Украинците главно на север.

Во 1940 година, северната половина на Буковина била припоена од страна на Советскиот Сојуз, прекршувајќи го Пактот Молотов-Рибентроп, пакт за ненапаѓање меѓу Германија и Советскиот Сојуз.[5] Регионот бил привремено обновен од Романија како сојузник на Германија, откако таа го нападнала Советскиот Сојуз во 1941 година, но повторно бил заземен од советската армија во 1944 година.[4] Населението на Буковина било историски етнички разновидно. Денес, северната половина на Буковина е Черновечката Област во Украина, додека јужниот дел е Округот Сучава во Романија.[4] Буковина понекогаш е позната како „Швајцарија на истокот“, со оглед на нејзиниот разновиден етнички мозаик и длабоки шумски планински предели.[6][7][8]

Име уреди

 
Карта на Австроунгарија на која е прикажано Војводството Буковина, како дел од Цислајтанија во 1914 година.

Името првпат се појавува во документ издаден од војводата на Молдавија, Роман I Мушат на 30 март 1392 година, со кој тој му дава на Јонаш Витеазул три села, сместени во близина на реката Сирет.[9]

Името Буковина влегло во службена употреба во 1775 година со припојувањето на регионот од Кнежеството Молдавија кон поседите на Хабсбуршката Монархија, која стана Австриска Империја во 1804 година и Австроунгарија во 1867 година.

Службеното германско име на покраината под австриска власт (1775–1918), die Bukowina, било изведено од полскиот облик Bukowina, кој пак бил изведен од обичниот словенски облик бук, што значи дрво бука (украински бук; германски Buche; унгарски: bükkfa).[10][11] Друго германско име за регионот, das Buchenland, најмногу е користено во поезијата и буквално значи „букова земја“ или „земја на букови дрвја“. На романски, во книжевен или поетски контекст, името Țara Fagilor („земјата на буковите дрвја“) понекогаш е користено. На некои јазици пред името е користен определен член, понекогаш незадолжителен: Буковината, сè повеќе е архаизам во англискиот јазик, што, сепак, се среќава во постарата книжевност.

Во Украина, името Буковина е неслужбен, но е вообичаен кога се мисли на Черновечката Област, бидејќи над две третини од областа е северниот дел на Буковина. Во Романија, поимот Северна Буковина понекогаш е синоним за целата Черновечка Област во Украина, додека Јужна Буковина се однесува на Округот Сучава во Романија (иако 30% од денешниот Округ Сучава покрива територија надвор од историската Буковина).

Историја уреди

Дел од темата Украина

Историја на Украина

 
Античка историја

Рана историја
Киевска Русија

Среден век

Полско-литванска Државна Заедница
Козаци

Современа историја

Прва светска војна
Втората светска војна
Украинска ССР
Украина

Портал:Украина

Територијата на Буковина била дел од Киевска Русија од 10 век.[12][13] Потоа станала дел од Галициското Кнежевство, а потоа дел од Кнежевстовото Молдавија во 14 век. За прв пат било обележан како посебен округ на Кралството Галиција и Лодомерија во 1775 година, а било направен номинално војводство во рамките на Австриската Империја во 1849 година.

Позадина уреди

Регионот, кој се состои од дел од североисточните Карпати и соседната рамнина, бил населен и од Власи и од Рутенци. Откако биле населени со антички народи и племиња (Трипилијци, Скити, Дакијци, Гети) почнувајќи од палеолитот, германската култура и јазик се појавиле во регионот во IV век до времето на Готите, археолошките истражувања исто така покажале дека Римјаните имале присуство во регионот. Подоцна, словенската култура се проширила, а до 10 век регионот бил дел од туркиските, словенските и романските луѓе како Печенезите, Куманите, Рутенците и Власите. Меѓу првите споменувања за Власите (Романците) во регионот е во 10 век од Варангиските саги кои се однесуваат на блакуменскиот народ, односно Власите во земјата на Печенезите. До крајот на XII век, хрониката на Никита Хонијат, пишува дека некои Власи го зграпчиле идниот римски император, Андроник Комнен, кога „дошол до границите на Кнежевството Халич“ во 1164 година. Во Молдавско-руската хроника, пишува настаните од 1342 година, дека унгарскиот крал Владислав (Ладислав) ги замолил старите Римјани и новите Римјани (Власите) да се борат против Татарите, со тоа што ќе заработат место во Марамуреш. За време на истиот настан, пишува дека Драгош бил еден од (новите) Римјаните.[14] Во 1359 година Драгош ја создал Молдавија и со себе зел многу Власи и германски колонисти од Марамуреш до Молдавија.[4][12][13]

Рано населување уреди

Првите траги од човечко занимање датираат од палеолитот.[12] Областа првпат била населена од трипилски културни племиња, во неолитот. Тогаш бил населен од сега непостоечки народи (Дакијци/Гети, Тракиски/Скитски племиња). Во меѓувреме, многу номади го преминале регионот (3 до 9 век н.е.). До IV век, Готите се појавиле во регионот.[12][13] А подоцна во 5 и 6 век во регионот се појавиле Словени. Тие биле дел од племенскиот сојуз на Антите. Во 9 век, меснито население го сочинувале Тиверци и Бели Хрвати и Ковари.[12][13]

Киевска Русија уреди

 
Кнежествата во Киевска Русија, Галициското Кнежевство во магента боја.
 
Галициско-Волинското Кнежевство
 
Буковина во рамките на историскиот регион Молдавија со текот на времето.

Обединета од кнезот Олег во 870-тите, Киевска Русија бил лабав сојуз на говорници на источнословенски и уралски јазици од крајот на 9-ти до средината на 13-ти век,[15][16] под владеењето на династијата Руриковци, основана од варангискиот кнез Рурик.[16] Буковина постепено станаа дел од Киевска Русија од крајот на 10 век и власта на Печенези.[12][13] Делови од Буковина првпат биле освоени во 981 година од Владимир Велики. Остатокот бил вклучен во Кнежеството Теребовлија во 1084 година. Кога Киевска Русија била поделена на крајот на 11 век, Буковина станала дел од Галициско-Волинското Кнежевство.[12][13]

Галициско-Волинско Кнежество уреди

По расцепкувањето на Киевска Русија, Буковина преминала во Галициското Кнежевство (Галициско-Волинското Кнежество) во 1124 година. Црквата во Буковина првично била управувана од Киев. Во 1302 година, тој бил предаден на Галициската митрополија.[12][13]

Откако Монголите под команда на Бату ја нападнале Европа, при што регионот номинално паднал во нивни раце, врските меѓу Галиција-Волин и Буковина ослабнале. Како резултат на монголската инвазија, во регионот се појавила земјата Шипинци, признавајќи ја власта на Монголите.[12][13]

На крајот оваа држава пропаднала, а Буковина потпаднала кон Унгарија. Кралот Лајош I го назначил Драгош, војвода на Молдавија за свој заменик, олеснувајќи ја преселувањети на Романците од Марамуреш и Трансилванија.[12][13]

Молдавската држава била створена во средината на 14 век, на крајот ја проширила својата територија сè до Црното Море. По нејзиното основање, молдавската држава ја признала надмоќта на Полска, продолжувајќи да ја признава од 1387 до 1497 година.[12] Буковина и соседните региони станале јадро на Молдавското Кнежество, со градот Јаш како главен град од 1564 година (по Баја, Сирет и Сучава). Името Молдавија (романски: Moldova) потекнува од река (Молдова) што тече во Буковина.

Полски и молдавски период уреди

Петру II го преселил седиштето на Молдавија од Сирет во Сучава во 1388 година. Во 15 век, Покутја, регионот веднаш на север, станал предмет на спорови меѓу Кнежеството Молдавија и Полското Кралство. Покутја била населена со Рутенци (претходници на современите Украинци заедно со Старите Руси и Русините). Во 1497 година, била сторена битка во шумата Космин (ридските шуми што ги делат долините Черновци и Сирет), во која Стефан III Молдавски (Стефан Велики), успеал да ја победи многу посилната, но деморализирана војска на полскиот крал Јан I Алберт. Битката е позната во полската популарна култура како „битка кога витезите загинале“. Регионот бил под полска номинална власт од неговото основање (1387) до времето на оваа битка (1497). Набргу потоа, таа станала вазал на Отоманската империја (1514).[12]

 
Поглед на западната страна на средновековната престолнина и тврдина Сучава.

Во овој период, покровителството на Стефан Велики и неговите наследници на престолот на Молдавија ја видело изградбата на познатите сликани Молдовички, Суцевички, Путниски, Хуморски, Воронечки, Драгомирнски, Арборски и други манастири. Со нивните познати надворешни фрески, овие манастири остануваат едни од најголемите културни богатства на Романија; некои од нив се места на светско наследство, дел од насликани цркви во северна Молдавија. Најпознатите манастири се во областа Сучава, која денес е дел од Романија. Исто така дел од Романија е и манастирот „Св. Јован Новиот“ [ro; uk], православен светец и маченик, кој бил убиен од Татарите во Билхород-Днистровски.

Од 1490 до 1492 година, Мухавовиот бунт, предводен од украинскиот јунак Петро Муха, настанал во Галиција.[17] Овој настан ги спротивставил Молдавците против угнетувачкото владеење на полските големци. Бунтовничката војска составена од молдавски селани ги зазеле утврдените градови Сњатин, Коломија и Халич, убивајќи многу полски благородници и граѓани, пред да биде запрена од полската кралска армија во сојуз со галициските регрутирани луѓе и пруските платеници додека марширале кон Лавов. Многу бунтовници загинале во битката за Рохатин, при што Муха и преживеаните избегале назад во Молдавија. Муха се вратил во Галиција за повторно да го разгори бунтот, но бил убиен во 1492 година.[17]

Во мај 1600 година, Михај Витеазул (Храбриот), станал владетел на двете дунавски кнежевства и Трансилванија.[18]

Во 16-тиот и 17-тиот век, украинските воини (Козаци) биле вклучени во многу судири против османлиските и татарските напаѓачи на молдавската територија. Имено, Иван Пидкова, најпознат како тема на украинскиот бард Тарас Шевченко, Иван Пидкова (1840), водел воени кампањи во 1570-тите.[12] Многу Буковинци им се придружиле на Козаците за време на Хмелницкиевото востание. Како дел од селските војски, тие створиле свој полк, кој учествувал во опсадата на Лавов во 1648 година. Самиот украински Хетман Богдан Хмелницки водел кампања во Молдавија, чиј резултат бил сојуз меѓу Хмелницки и неговиот господар Василе Лупу.[12] Други истакнати украински водачи кои се бореле против Османлиите во Молдавија биле Северин Наливаико и Петро Конашевич-Сахаидачни.[13]

За кратки временски периоди (за време на војни), Полското Кралство (кон кое Молдавците биле непријателски настроени) повторно зазело делови од северна Молдавија. Сепак, старата граница била повторно воспоставена секој пат, како на пример на 14 октомври 1703 година полскиот делегат Мартин Хометовски, според полскиот протокол, рекол: „Помеѓу нас и Влашка (т.е. молдавскиот дел, вазал на Османлиите) самиот Бог го поставил Днестар како граница“ ( Inter nos et Valachiam ipse Deus flumine Tyras dislimitavit). Според османлискиот протокол реченицата гласи: „Бог (нека биде возвишен) ги одвои земјите на Молдавија [Буковина, вазал на Турците] од нашите полски земји покрај реката Днестар“. Впечатливо слични реченици биле користени и во други изреки и фолклористички анегдоти, како што е фразата наводно извикана од член на арагонскиот Кортес во 1684 година. [19]

 
Споменик во Јаш (1875) посветен на Григоре III Гика и молдавската загуба на Буковина.

Во текот на Руско-османлиската војна од 1768-1774 година, Отоманските војски биле поразени од Руската Империја, која го зазеле регионот од 15 декември 1769 до септември 1774 година, а претходно во текот на 14 септември-октомври 1769 година. Буковина била наградата што ја добиле Хабсбурговците за помошта на Русите во таа војна. Кнезот Григор III Гика протестирал и бил подготвен да преземе акција за враќање на територијата, но бил убиен, а еден грчко- фанариотски странец бил поставен на престолот на Молдавија од страна на Османлиите.

Австриска Империја уреди

 
Знамето на Војводството Буковина за време на периодот на владеење на Австрија.
 
Грбот на Буковина, конститутивна земја на Императорскиот австриски совет, прикажан во собраниската сала во виенскиот Дворец на правдата.

Австриската Империја ја зазела Буковина во октомври 1774 година. По Првата поделба на Полска во 1772 година, Австријците тврделе дека им треба за „пат меѓу Галиција и Трансилванија“. Буковина била формално припоена во јануари 1775 година. На 2 јули 1776 година, во Паламутка, Австријците и Османлиите потпишале гранична конвенција, Австрија вратила 59 од претходно заземените села, задржувајќи 278 села.

Буковина бил затворен воен округ (1775–1786), потоа најголемиот округ, Округот Буковина (прво познат како Округ Черновиц), на австриското конститутивно Кралство Галиција и Лодомерија (1787–1849). На 4 март 1849 година, Буковина станала посебна австриска крунска земја (Kronland) под земскиот претседател (Landespräsident; не е државен носител (Statthalter), како во другите крунски земји) и била прогласена за Војводство Буковина (Herzogtum Bukowina; номинално војводство, како дел од службениот целосен стил на австриските императори). Во 1860 година, таа повторно била споена со Галиција, но повторно била воспоставена како посебна покраина на 26 февруари 1861 година, статус што ќе трае до 1918 година.[20]

Во 1849 година, Буковина добила претставничко собрание (Landtag). Молдавското благородништво традиционално ја образувалот владејачката класа на таа територија. Во 1867 година, со реорганизацијата на Австриската Империја како Австроунгарија, таа станала дел од Цислајтанските или австриските територии на Австроунгарија и останала така до 1918 година.

Крајот на 19-ти до почетокот на 20-тиот век уреди

 
Топографска карта на Буковина, исто така со населени места, прикажани во 1791 година.
 
Олха Кобилјанска, 1882 година.
 
Карта на австриската крунска земја Буковина на крајот на 20 век.

Прославите од 1871 и 1904 година одржани во Путнаскиот манастир, во близина на гробот на Стефан Велики, сочинуваат огромни моменти за романскиот национален идентитет во Буковина. Откако ја стекнало својата независност, Кралството Романија имало планови да ја вклучи оваа покраина во своето ново Кралство. Романците го сметале за суштински дел од старото Кнежество Молдавија и од големо значење за неговата историја. Содржел многу истакнати историски молдавски споменици, уметност и архитектура и остана силно културно сидро особено за Молдавците.[21]

За време на хабсбуршкото/австриското време, украинското население се зголемило на северот од регионот, додека на југ етничкото романско население останало мнозинско население. Австријците „успеаа да одржат рамнотежа меѓу различните етнички групи“.[4] На пописот од 1880 година, имало 239.690 Рутенци и Хуцули, или приближно 41,5% од населението во регионот, додека Романците биле втори со 190.005 луѓе или 33%, сооднос кој останал повеќе или помалку ист до Првата светска војна. Процентот на Романци паднал од 85,3% во 1774 година[22][23] на 34,1% во 1910 година.[9] Рутенците е архаично име за Украинците, додека Хуцулите се регионална украинска подгрупа.

Украинско национално чувство уреди

 
Степан Смал-Стоцки, 1893 година.
 
Грб на Галиција-Волинија.

Украинското национално чувство повторно се разгорело во 1840-тите. Службено започнато во 1848 година, националистичкото движење се засилило во 1869 година, кога во Чернивци било основано друштвото „Руска Бесида“. До 1890-тите, Украинците биле претставени во регионалната собрание и виенското собрание, предводен од Степан Смал-Стоцки. Покрај Стоцки, други важни буковински водачи биле Јеротеј Пихулјак, Омелијан Попович, Микола Василко, Орест Зибачински [uk], Денис Квитковски [uk], Силвестер Никорович, Иван и Петро Хрихорович и Лубомир Хусар.[13] Првиот периодичен весник на украински јазик, Буковина (објавен од 1885 до 1918 година) го издавале популистите од 1880-тите. Украинските популисти се бореле за своите етнокултурни права против Австријците.

Во 1840-тите избувнале селански бунтови во хуцулските области, при што селаните барале повеќе права, општествено и политички. Слично на тоа, националистичките чувства се прошириле меѓу Романците. Како резултат на тоа, повеќе права им биле дадени на Украинците и Романците, при што пет Украинци (вклучувајќи го особено Лукијан Кобилицја), двајца Романци и еден Германец биле избрани да го претставуваат регионот.[13] Украинците добиле застапеност на покраинското собрание дури во 1890 година и се бореле за еднаквост со Романците и во религиозната сфера. Ова било делумно постигнато само доцна во пресрет на Првата светска војна.[13] Сепак, нивните достигнувања биле придружени со тензија со Романците. Пренаселеноста во селата предизвикало преселба (особено во Северна Америка), која исто така довело до штрајкови на селаните. Сепак, до 1914 година Буковина успеала да ги добие „најдобрите украински училишта и културно-образовни установи од сите украински региони“.[13] Покрај Украинците, во 19 и 20 век се преселиле и Германците и Евреите од Буковина, како и голем број Романци и Унгарци.[24][25][26]

 
Етничките групи во Буковина 1775–1930 (Украинците во црвено, Романците во зелено).
 
Черновиц ок. 1905 година.

Под австриска власт, Буковина останала етнички мешана: Романците биле доминантни на југ, Украинците (најчесто нарекувани Рутенци во Империјата) на север, со мал број унгарско секелски, словачки и полски селани и Германци, Полјаци и Евреи во градовите. Пописот од 1910 година броел 800.198 луѓе, од кои: Рутенци 38,88%, Романци 34,38%, Германци 21,24% (вклучени Евреи 12,86%), Полјаци 4,55%, Унгарци 1,31%, Словаци 0,08%, Словенци 0.02%, Италијанци 0.02%, и неколку Хрвати, Роми, Срби и Турци. При читањето на статистиката, треба да биде споменати дека, поради „неповолните економски услови“, околу 50.000 Украинци го напуштиле регионот (главно се преселиле во Северна Америка) помеѓу 1891 и 1910 година, во гореспоменатите преселби.[12] Сепак, процентот на Украинци значително бил зголемен од крајот на XVIII век.[9]

Во 1783 година, со императорски декрет на Јосиф II, месната православна епархија Буковина (со седиште во Черновиц (Чернивци)) била ставена под духовна јурисдикција на Карловачката митрополија.[27] Со текот на времето се појавиле несогласувања меѓу црковната хиерархија и Романците, жалејќи се дека старословенскиот јазик е повеќе користен наместо романскиот и дека им се словенизираат семејните имиња.[се бара извор] И покрај несогласувањата во романско-словенското говорно подрачје околу влијанието во месната црковна хиерархија, немало романско-украинска меѓуетничка тензија и двете култури се развиле во образовниот и јавниот живот. По подемот на украинскиот национализам во 1848 година[12] и следниот подем на романскиот национализам, хабсбуршките власти наводно им доделиле дополнителни права на Украинците во обид да ги ублажат романските амбиции за независност.[28] Од друга страна, Украинците морале да се борат против Австријците, при што Австријците ги отфрлиле двете националистички тврдења, не пожелувајќи ги ниту Романците ниту Украинците, додека се обидувале да „држат рамнотежа меѓу различните етнички групи“.[4][12][13] Навистина, група изучувачи кои го опкружувале австрискиот надвојвода Франц Фердинанд, планирале да ја претворат Австроунгарија во федерација. Овие планови вклучувале создавање на мнозинско-романска држава Трансилванија во рамките на федерацијата која би ја вклучила Буковина, вклучувајќи го и Черновиц.[29][30] Откако ја стекнале Буковина, Австријците отвориле само едно основно училиште во Чернивци, во кое било предавано исклучиво на романски јазик. Тие подоцна отвориле германски училишта, но не и украински. Украинскиот јазик ќе се појави во училиштата на Чернивци дури во 1851 година, но само како предмет, на месниот универзитет (и покрај тоа, градот привлекол студенти од другите делови на Буковина и Галиција, кои ќе учат на германски јазик при наставата).[31] Лукјан Кобилица, украински буковински земјоделец и активист, починал од причини поврзани со мачење, откако се обиде да побара повеќе права за буковинските Украинци од Австријците. Умрел од последица на мачење во 1851 година во Романија. На крајот на 19 век, развојот на украинската култура во Буковина ги надмина Галиција и останатиот дел од Украина со мрежа на украински образовни градби, додека Далмација создала архиепископија, подоцна издигната до ранг на митрополија.

Во 1873 година, православниот епископ на Черновиц (кој од 1783 година бил под духовна јурисдикција на Карловачката митрополија) бил издигнат на архиепископски чин, кога била создадена нова Буковинска-Далматинската митрополија. Новиот архиепископ на Черновиц добил врховна јурисдикција над српските епархии Далмација и Котор, кои исто така (дотогаш) биле под духовна јурисдикција на Карловци.

На почетокот на 20 век, група изучувачи кои го опкружувале австрискиот надвојвода Франц Фердинанд создале план (кој никогаш не се оствари) за Соединетите Држави на Голема Австрија. Конкретниот предлог бил објавен во книгата на Аурел К. Поповичи „Die Vereinigten Staaten von Groß-Österreich“ [Соединетите Држави на Голема Австрија], Лајпциг, 1906 година. Според него, поголемиот дел од Буковина (вклучувајќи го и Черновиц) би бил создаден, заедно со регионот Трансилванија, една романска држава, додека северозападниот дел (окрузите Заставна, Козман, Вашкоуц, Визниц, Гура Путилеј и Селетин) би бил создаден со заедно со поголемиот дел од Галиција, една украинска држава, и двете во федерација со 13 други држави под австриската круна.[29][30]

Кралство Романија уреди

Романско заземање на Буковина
Дел од Полско-украинската војна
Датум 11–12 ноември 1918
Место Буковина, сега дел од Романија и Украина
Исход Романска победа
Територијални
промени
Буковина потоа била обединета со Романија на 28 ноември
Завојувани страни
  Западноукраинска Народна Република   Романија
Команданти и водачи
  Јевхен Петрушевич   Фердинанд I

Во Првата светска војна, во Буковина биле водени неколку битки меѓу австроунгарската, германската и руската армија, што резултирало со инвазија на руската армија во Черновци три пати (30 август до 21 октомври 1914 година, 26 ноември 1914 година до 18 февруари 1915 година и од 18 јуни 1916 година до 2 август 1917 година). Режимот што го зазел градот водел политика на прогон на „етнички свесните Украинци“. Ситуацијата не била подобрена се до Февруарската револуција од 1917 година.[31] Русите биле протерани во 1917 година. Буковина претрпеле големи загуби за време на војната.[13]

Со распадот на Австроунгарија во 1918 година, и месниот Романски национален совет и Украинскиот национален совет со седиште во Галиција презеле право на регионот. Во почетокот, Буковина ѝ се придружила на Западноукраинската Народна Република (ноември 1918), но веднаш потоа била заземена од романската армија.[12]

Основачкото собрание на 14/27 октомври 1918 година создало извршен комитет, на кого австрискиот управник на покраината му ја предал власта. По службеното барање на Јанку Флондор, романските трупи брзо влегле да ја преземат територијата, против украинските протести.[32] Иако месните Украинци се обиделе да вклучат делови од Северна Буковина во краткотрајната Западноукраинска Народна Република, овој обид бил поразен од полските и романските трупи.

Украинскиот регионален комитет, предводен од Омелијан Попович, организирало собир во Чернивци на 3 ноември 1918 година, барајќи припојување на Буковина кон Украина. Комитетот ја презела власта во украинскиот дел на Буковина, вклучувајќи го и неговото најголемо средиште Чернивци.[13] Романските умерени, кои биле предводени од Аурел Ончул, ја прифатиле поделбата. Сепак, романските конзервативци, предводени од Јанку Флондор, ја отфрлиле идејата. И покрај украинскиот отпор, романската армија ја зазела Северна Буковина, вклучувајќи го и Чернивци, на 11 ноември.[12][13]

Под заштита на романските трупи, Романскиот совет свикал Генерален конгрес на Буковина за 15/28 ноември 1918 година, каде што биле претставени 74 Романци, 13 Рутени, 7 Германци и 6 Полјаци (ова е јазичниот состав, а Евреите не биле евидентирани како посебна група). Според романската историографија, народниот ентузијазам го зафати целиот регион, а голем број луѓе се собрале во градот за да ја чекаат резолуцијата на Конгресот.[33][34] Соборот бил брзо повикан од Романците по нивното заземање на Буковина.[13]

 
Грб на меѓувоените окрузи Сучаава во Кралството Романија.

Конгресот го избрал романскиот буковински политичар Јанку Флондор за претседавач и гласал за обединувањето со Кралството Романија, со поддршка на романските, германските и полските претставници; Украинците не го поддржале тоа.[35] Причините наведени биле дека, до нејзиното преземање од страна на Хабсбурзите во 1775 година, Буковина била срцето на Кнежевството Молдавија, каде што се наоѓаат гробниците на војводите (gropnițele domnești), и право на самоопределување (dreptul de liberă hotărâre de sine).[nb 2] Романската контрола на покраината била меѓународно признаена со Договорот од Сент Жермен во 1919 година. Автономијата на Буковина била уништена за време на романската окупација, а регионот бил сведена на обична романска покраина.[12] Територијата била предмет на воена состојба од 1918 до 1928 година, и повторно од 1937 до 1940 година.[12]

Украинскиот јазик била потиснат, „образовните и културните установи, весниците и списанијата биле затворени“.[12]

Романските власти ја надгледувале обновената програма за романизација чијашто асимилаторска политика била насочена кон украинското население во регионот.[35][12] Покрај потиснувањето на украинскиот народ, неговиот јазик и култура, украинските презимиња биле романизирани, а Украинската православна црква била прогонувана.[12][13] Во 1930-тите, во регионот бил појавен подземно националистичко движење, кое било предводено од Орест Зибачински и Денис Квитковски.[13] Романската влада го потиснала со организирање на две политички судења во 1937 година.[13]

Во исто време, уписот на Украина на Черновечкиот универзитет паднач од 239 од 1671 година, во 1914 година, на 155 од 3.247, во 1933 година, додека истовремено романските запишувања таму се зголемиле неколку пати на 2.117 од 3.247.[36] Делумно ова се должи на обидите да се префрли на романски како прв јазик на универзитетската настава, но главно на фактот дека универзитетот бил еден од само петте во Романија и се сметан за престижен.

Во деценијата по 1928 година, додека Романија се обидувала да ги подобри своите односи со Советскиот Сојуз, на украинската култура ѝ биле дадени одредени ограничени средства за повторно развивање, иако овие придобивки биле остро обратни во 1938 година.[се бара извор]

Според романскиот попис од 1930 година, Романците сочинувале 44,5% од вкупното население на Буковина, а Украинците (вклучувајќи ги и Хуцулите) 29,1%. [37] Меѓутоа, во северниот дел на регионот, Романците сочинуваат само 32,6% од населението, а Украинците значително се побројни од Романците.

На 14 август 1938 година, Буковина службено исчезнала од картата, станувајќи дел од Округот Сучава, еден од десетте нови административни региони. Во исто време, Чернаути (Чернивци), третиот најнаселен град во Романија (по Букурешт и Кишинев), кој било само седиште на округот во последните 20 години, повторно станал (регионален) главен град. Исто така, буковинскиот регионализам продолжи под новиот бренд. Во текот на своите први месеци од постоењето, Округот Сучава претрпел тензии од страна на крајната десница (Железната гарда), на што регионалниот управник Георге Алексијану (идниот управник на гувернерот на Придњестровие) реагирал со националистички и антисемитски мерки. Алексијану бил заменет од Георге Флондор на 1 февруари 1939 година.

Поделба на Буковина уреди

 
Буковина поделена во 1940 година: советски дел на север, романски дел на југ.

Како резултат на пактот Молотов-Рибентроп, СССР побара не само Бесарабија, туку и северната половина на Буковина и регионот Херца од Романија на 26 јуни 1940 година (Буковина граничела со Источна Галиција, која СССР ја припоил за време на Инвазијата на Полска). Првично, СССР ја сакал цела Буковина.[се бара извор] Германија, која бил изненадена од советските тврдења за Буковина,[се бара извор] се повика на германската етничка припадност што живее во регионот. Како резултат,[се бара извор] СССР го барала само северниот, претежно украински дел, тврдејќи дека тоа е „репарација за големата загуба предизвикана кон Советскиот Сојуз и населението на Басарабија од дваесет и двегодишната романска доминација над Басарабија“. По советскиот ултиматум, Романија ја отстапила Северна Буковина, која го вклучувала Чернаути (Чернивци), на СССР на 28 јуни 1940 година. Повлекувањето на романската армија, властите и цивилите било катастрофално. Толпи ги нападнале војниците и цивилите кои се повлекувале, додека единицата што се повлекувала, масакрирала еврејски војници и цивили во градот Дорохој. Црвената армија ги зазела окрузите Чернаути и Сторожинец, како и делови од окрузите Радауци и Дорохој (последниот припаѓал на Округот Сучава, но не и на Буковина). Новата советско-романска граница била трасирана на помалку од 20 км северно од Путнаскиот манастир. До 22 септември 1940 година, кога Округот Сучава бил укинат, бањскиот град Ватра Дорнеј служел како главен град на Округот Сучава.[38]

Втора светска војна уреди

Во 1940 година, Черновечката Област (23 од Северна Буковина) имало население од околу 805.000, од кои 47,5% биле Украинци и 28,3% биле Романци, а останатите биле Германци, Евреи, Полјаци, Унгарци и Руси.[се бара извор] Силното украинско присуство било службена мотивација за вклучување на регионот во Украинската ССР, а не во новосоздадена Молдавска ССР. Дали регионот би бил вклучен во Молдавската ССР, доколку комисијата што претседавала со поделбата ја предводел некој друг освен комунистичкиот водач Никита Хрушчов, останува предмет на дебата меѓу изучувачите.[се бара извор] Всушност, некои територии со претежно романско население (на пример, регионот Херца) биле доделени на Украинската ССР.

 
Административна карта на Буковинската Губернија од мај 1942 година.

По воспоставувањето на советската власт, под наредба на НКВД, илјадници месни семејства беа депортирани во Сибир во текот на овој период,[39] со 12.191 лице цел на депортација во документ од 2 август 1940 година (од сите поранешни романски региони вклучени во Украинската ССР),[39] додека во документ од декември 1940 година се наведени 2.057 лица кои треба да бидат депортирани во Сибир.[40] Најголемата акција била сторена на 13 јуни 1941 година, кога околу 13.000 луѓе биле депортирани во Сибир и Казахстан.[41] Мнозинството од целните лица биле етнички домородни Романци, но имало (во помал степен) претставници и на други етникуми.[42]

До конвенцијата за репатријација[се бара извор] од 15 април 1941 година, војниците на НКВД убиле стотици романски селани од Северна Буковина додека се обидувале да ја преминат границата во Романија за да избегаат од советските власти. Ова кулминирало на 7 февруари 1941 година со масакрот во Лунка и на 1 април 1941 година со масакрот во Фантана Алба.

За време на советското комунистичко владеење во Буковина, „приватниот имот бил национализиран; фармите биле делумно колективизирани; а образованието било украинизирано. Во исто време сите украински организации биле распуштени, а многу јавно активни Украинци биле или убиени или протерани“. Значителен дел од украинската интелигенција побегнала во Романија и Германија на почетокот на окупацијата.[13] Кога избувнал судирот меѓу Советите и Германија, а советските трупи почнале да се иселуваат од Буковина, украинските месни жители се обиделе да основаат своја влада, но не биле во можност да ја спречат романската армија која натаму напредувала.[13]

Речиси целото германско население во Северна Буковина било принудено да се пресели во 1940-1941 година во деловите на Полска, тогаш окупирани од Германија, во текот на 15 септември 1940 година - 15 ноември 1940 година, откако оваа област била заземена од Советскиот Сојуз. Околу 45.000 етнички Германци ја напуштиле Северна Буковина до ноември 1940 година.[43]

Во текот на нападот на Советскиот Сојуз во 1941 година од страна на Силите на Оската, Третата романска армија предводена од генералот Петре Думитреску (која делува на север) и Четвртата романска армија (која дејствува на југ) ја вратила Северна Буковина, како и Херца и Басарабија, во текот на јуни-јули 1941 година. Таа била организирана како дел од Буковинската Губернија.

Инвазијата на Силите на Оската во Северна Буковина била катастрофална за нејзиното еврејско население, бидејќи освојувачките романски војници веднаш почнале да ги масакрираат нејзините еврејски жители. Преживеаните Евреи биле принудени да живеат во гета за да чекаат депортација во работните логори во Приднестровие каде што пристигнале 57.000 до 1941 година. Еден од романските градоначалници на Чернаути (Чернивци), Трајан Поповичи, успеал привремено да ослободи од депортација 20.000 Евреи кои живееле во градот помеѓу есента 1941 година и пролетта 1942 година. Преостанатите Евреи од Буковина биле поштедени од сигурна смрт кога била повторно преземена од советските сили во февруари 1944 година. Сè на сè, околу половина од целото еврејско население на Буковина загинало. По војната и враќањето на Советите, повеќето еврејски преживеани од Северна Буковина побегнале во Романија (а подоцна се населиле во Израел).[44]

По војната уреди

Дел од темата Украина

Историја на Украина

 
Античка историја

Рана историја
Киевска Русија

Среден век

Полско-литванска Државна Заедница
Козаци

Современа историја

Прва светска војна
Втората светска војна
Украинска ССР
Украина

Портал:Украина
 
Северна Буковина во Украина.
 
Јужна Буковина во рамките на Романија.

Во 1944 година Црвената армија ги истерала Силите на Оската и повторно воспоставила советска контрола над територијата. Романија била принудена формално да го отстапи северниот дел на Буковина на СССР со Парискиот мировен договор од 1947 година. Територијата станала дел од Украинската ССР како Черновечка Област. Додека за време на војната, советската власт убила или принудила во егзил значителен број Украинци,[13] по војната истата влада депортирала или убила околу 41.000 Романци.[45] Како резултат на убиства и масовни депортации, цели села, претежно населени со Романци, биле напуштени (Албоват, Фрунза, И. Г. Дука, Бучи - целосно избришани, Присака, Тантени и Виков - уништени во голема мера).[46] Мажи на воена возраст (а понекогаш и погоре), и Украинци и Романци, биле регрутирани во Советската армија. Меѓутоа, тоа не ги заштитило од апсење и депортирање поради тоа што се „антисоветски елементи“.

Како реакција, партизанските групи (составени и од Романци и од Украинци) почнале да дејствуваат против Советите во шумите околу Чернивци, Красна и Кодрји Косминулуј.[47] Во Красна (во поранешната област Сторожинец) селаните ги нападнале советските војници кои биле испратени да ги „привремено преселат“, бидејќи се плашеле од депортација. Ова резултирало со мртви и ранети меѓу селаните, кои немале огнено оружје.

Пролетта 1945 година бил создаден пренос транспорт на полски репатријати кои (доброволно или со принуда) решиле да заминат. Помеѓу март 1945 година и јули 1946 година, 10.490 жители ја напуштиле Северна Буковина во Полска, вклучувајќи 8.140 Полјаци, 2.041 Евреи и 309 од други народности. Повеќето од нив се населиле во Шлезија, во близина на градовите: Болеславјец, Џержоњуф, Губин, Лубањ Шласки, Лувек Шласки, Нова Сол, Олава, Прудник, Вроцлав, Зјелона Гора, Жагањ, Жари.[48]

Севкупно, помеѓу 1930 година (последниот романски попис) и 1959 година (прв советски попис), населението во Северна Буковина било намалено за 31.521 лице. Според официјалните податоци од тие два пописи, романското население се намалило за 75.752 лица, а еврејското население за 46.632, додека украинското и руското население било зголемено за 135.161, односно 4.322 лица.[се бара извор]

По 1944 година, човечките и економските врски меѓу северниот (советски) и јужниот (романски) делови на Буковина биле прекинати. Денес, историски украинскиот северен дел е јадрото на украинската Черновечка Област, додека јужниот дел е дел од Романија, иако има малцинства Украинци и Романци во романска Буковина и украинска Буковина соодветно. Украинците сè уште се признато малцинство во Романија и имаат резервирано едно место во романскиот дом на пратеници.

Во Романија, 28 ноември е празник кој се слави како Ден на Буковина.[49] Популарна песна на романски јазик за регионот е „Cântă cucu-n Bucovina“ („Пее кукавицата во Буковина“).[50]

Географија уреди

Правилна Буковина има површина од 10,442 км2 . Територијата на романска (или јужна) Буковина се наоѓа во североисточна Романија и е дел од Округот Сучава (плус три места во Округот Ботошан), додека украинската (или северна) Буковина се наоѓа во западна Украина и е дел од Черновечката Област.

Население уреди

Историско население уреди

 
Демографски состав на Буковина во 1930 година.

Регионот бил заземен од неколку сега непостоечки народи. По што го населиле и Романци (Молдавци) и Украинци (Рутенци)[51] при што Антите контролирале голема област која ја опфаќала Буковина до 6 век. Подоцна, регионот бил дел од Киевска Русија, а подоцна и уште од Галициско-Волинското Кнежевство. Во овој период, таа ги зајакна своите врски со другите украински земји, со многу домородци од Буковина кои студирале во Лавов и Киев, а православната буковинска црква процветала во регионот. По преминувањето во Унгарија во 14 век, унгарскиот крал го назначил Драгош за негов заменик создавајќи го Кнежеството Молдавија, по бунтот на Богдан Основачот против Кралството Унгарија, Буковина станала составен дел на Кнежеството Молдавија. Сучеава, на југот на територијата, била престолнина на Молдавија од крајот на 14 до средината на 16 век. Единствените податоци што ги имаме за етничкиот состав на Буковина се австриските пописи почнувајќи од 1770-тите. Австријците го попречувале и романскиот и украинскиот национализам. Од друга страна, тие ја претпочитале преселбата во Буковина на Украинците од Галиција како и Романците од Трансилванија и Марамуреш.

Според австрискиот попис од 1775 година, покраината имала вкупно население од 86.000 (ова вклучувало 56 села кои биле вратени на Молдавија една година подоцна). Пописот го забележа само општествениот статус и некои етно-религиозни групи ( Евреи, Ерменци, Роми и германски колонисти). Историчарот Јон Нистор процени дека населението од 1774 година се состоело од 52.750 Романци (исто така наречени Молдавци) (73,5%), 15.000 Рутинци и Хуцули (20,9%) (од кои 6.000 биле Хуцули, а 9.000 биле доселеници од Галиција и од Полонија, доселени во Молдавија околу 1766 година), и 4.000 други кои „го користат романскиот јазик во разговорот“ (5,6%), составени од Ерменци, Евреи и Роми.[52] Кит Хичинс, од друга страна, проценил дека во 1774 година населението на Буковина броело 51.920 луѓе, составено од 40.920 Романци, 8.000 Украинци и 3.000 Германци, Евреи и Полјаци.[22] Според Алеку Хурмузаки, до 1848 година, од населението од 377.581 луѓе, 209.293 или 55,4% од населението биле Романци. Во исто време, украинското население се искачило на 108.907, а еврејското население се зголемило од 526 во 1774 година на 11.600 во 1848 година.[22]

 
Дорнешти (германски: Kriegsdorf , унгарски: Hadikfalva ), Округ Сучава, пример за поранешна мешана германско-унгарска рурална населба во Буковина.
 
Полската куќа во Чернивци (романски: Cernăuți, полски: Czerniowce, германски: Czernowitz)

Во 2011 година, антрополошката анализа на рускиот попис на населението во Молдавија во 1774 година, потврдило население од 68.700 луѓе во 1774 година, од кои 40.920 (59,6%) Романци, 22.810 Рутенци и Хуцули (33,2%), и Евреи, Роми и Ерменци.[23]

Врз основа на горната антрополошка проценка за 1774 година, како и последователните службени пописи, етничкиот состав на Буковина се променил во годините по 1775 година кога Австриската Империја го зазела регионот.[9] Населението на Буковина постојано се зголемувало, првенствено преку доселувањето, која австриските власти ја поттикнувале со цел да ја развијат економијата.[53] Навистина, доселениците кои влегле во регионот, доаѓале од украинска Галиција, како и од романска Трансилванија и Молдавија.[13] Друг австриски службен извештај од 1783 година, кој се однесува на селата помеѓу Днестар и Прут, укажува на тоа дека доселениците од Полска кои зборуваат рутенски го сочинуваат мнозинството, а само една четвртина од населението зборува молдавски. Истиот извештај покажал дека Молдавците го сочинуваат мнозинството во областа Сучава.[54] Х.Ф Милер велел дека населението од 1840 година, користено за воена регрутација е 339,669 лица.[55]

Во 1843 година, рутенскиот јазик, заедно со романскиот јазик, бил признат како „јазик на народот и на црквата во Буковина“.[56]

Во текот на 19 век, како што било споменато, политиките на Австриската Империја го поттикнале приливот на доселеници кои доаѓале од Трансилванија, Молдавија, Галиција и срцето на Австрија и Германија, при што во регионот се населиле Германци, Полјаци, Евреи, Унгарци, Романци и Украинци.[13][56] Службените пописи во Австриската Империја (подоцна Австроунгарија) не забележале етнолингвистички податоци до 1850–1851 година. Пописите од 1857 и 1869 година ги испуштиле етничките или јазичните прашања. „Семејниот јазик што е зборуван“ не бил повторно запишуван дури во 1880 година.

Австрискиот попис од 1850-1851 година, кој забележал податоци за јазиците што се зборувани, покажува 48,50% Романци и 38,07% Украинци.[57] Последователните австриски пописи помеѓу 1880 и 1910 година откриваат дека романското население се стабилизирало околу 33%, а украинското население околу 40%. Од 1774 до 1910 година, процентот на Украинците се зголемува, а во меѓувреме процентот на Романците се намалува.[9]

Според романскиот попис од 1930 година, Буковина имала население од 853.009 жители.[58] Романците сочинувале 44,5% од населението, додека 27,7% биле Украинци/Рутенци (плус 1,5% Хуцули), 10,8% Евреи, 8,9% Германци, 3,6% Полјаци и 3,0% други или неизјаснети.[59]

Според проценките и податоците од пописите, населението на Буковина било:

Година Романци Украинци Други (најзначајни Германци, Евреи, и Полјаци) Вкупно
1774 (про)[22][23] 40,920 – 64,000 59.6% – 85.33% 8,000 – 22,810 10.6% – 33.2% 3,000 – 4,970 4.0% – 7.2% 51,920 – 91,780
1848 (про)[22] 209,293 55.4% 108,907 28.8% 59,381 15.8% 377,581
1851 (поп)[60][61] 184,718 48.5% 144,982 38.1% 51,126 13.4% 380,826
1880 (поп)[62] 190,005 33.4% 239,960 42.2% 138,758 24.4% 568,723
1890 (поп)[63] 208,301 32.4% 268,367 41.8% 165,827 25.8% 642,495
1900 (поп)[64] 229,018 31.4% 297,798 40.8% 203,379 27.8% 730,195
1910 (поп) 273,254 34.1% 305,101 38.4% 216,574 27.2% 794,929
1930 (поп)[58][65] 379,691 44.5% 248,567 29.1% 224,751 26.4% 853,009

Забелешка: про-проценка; поп-попис

Моментално население уреди

 
Етничките поделби во денешна Буковина со украински романски и руски области прикажани со светло жолта, зелена и црвена боја соодветно. Молдавците, изброени одделно во пописот на Украина во 2001 година, се вклучени во оваа карта како Романци.

Сегашната демографска ситуација во Буковина речиси и не наликува на онаа на Австриската Империја. Северниот (украинскиот) и јужниот (романскиот) дел станале значително доминирани од нивното украинско и романско мнозинство, соодветно, при што застапеноста на другите етнички групи била значително намалена.

Според податоците од украинскиот попис од 2001 година,[66] Украинците претставуваат околу 75% (689.100) од населението на Черновечката Област, што е најблиската, иако не и точно, приближување на територијата на историската Северна Буковина. Пописот, исто така, забележал пад на романското и молдавското население на 12,5% (114.600) и 7.3% (67.200), соодветно. Русите се следната најголема етничка група со 4,1%, додека Полјаците, Белорусите и Евреите го сочинуваат остатокот од 1,2%. Јазиците на населението тесно го одразуваат етничкиот состав, со над 90% во секоја од главните етнички групи кои го прогласуваат својот народносен јазик за мајчин јазик (украински, романски и руски, соодветно).

Фактот дека Романците и Молдавците, самопрогласено мнозинство во некои региони, биле претставени како посебни категории во резултатите од пописот, бил критикуван во Романија, каде што има поплаки дека оваа вештачка практика од советското време резултира со недоволно пребројување на романското население, како што е поделено меѓу Романците и Молдавците. Романското малцинство во Украина, исто така, тврди дека претставува заедница од 500.000 луѓе.[67][68][69]

Романците претежно го населуваат јужниот дел на чернивечкиот регион, бидејќи биле мнозинство во поранешниот регион Херца и образувале мнозинство заедно со Молдавците во поранешниот Хлибочки Реон.[се бара извор] Самопрогласените Молдавци биле мнозинство во Новоселичкиот Реон. Во останатите осум области и градот Чернивци, Украинците биле мнозинство.[се бара извор] Сепак, по административната реформа во Украина во 2020 година, сите овие области биле укинати, а повеќето области биле споено во Чернивечки Реон, каде Романците повеќе не се мнозинство.[се бара извор]

 
Реновираниот музеј на дрвна уметност сместен во Кампулунг Молдовенеск (германски: Kimpolung).

Јужната или романската Буковина, наводно, има значително романско мнозинство (94,8%) според романски извори, а најголемата малцинска група е Ромите (1,9%) според романските извори и Украинците, кои сочинуваат 0,9% од населението (попис од 2011 година). Други помали етнички групи се Липованците, Полјаците (во Качика, Манастиреа Хуморулуј, Мушеница, Моара и Палтиноаса), Ципсерски Германци (во Карлибаба и Јакобени) и Буковински Германци (во Сучава, Радауци, и Кампулунг Молдовенеск), како иСловаци, Евреи (речиси исклучиво во Сучава, Радауци и Сирет).

Покрената е загриженост за начинот на кој се постапува пописот во Романија. На пример, според романскиот попис од 2011 година, Украинците од Романија броеле до 51.703 луѓе, што сочинувало 0,3% од вкупното население.[70] Сепак, украинските националисти од 1990-тите тврделе дека регионот има 110.000 Украинци.[71] Украинските потомци на Запорошските Козаци кои побегнале од руската власт во 18 век, живеејќи во регионот Добруџа во делтата на Дунав, исто така се пожалиле на слични практики. Во 1992 година, нивните потомци броеле четири илјади луѓе според службената романска статистика.[72] Меѓутоа, месната заедница тврди дека брои 20.000, пет пати повеќе од бројот наведен од романските власти.[73] Руманизацијата, со затворањето на училиштата и потиснување на јазикот, се случи во сите области во денешна Романија каде што живеат или живееле Украинците. Самиот поим „Украинци“ бил забранет од службена употреба, а некои Романци од спорна украинска етничка припадност биле попрво наречени „граѓани на Романија кои го заборавиле својот мајчин јазик“ и биле принудени да ги променат своите презимиња во презимиња кои звучат романски.[74] Во Буковина, практиката на романизација датира многу порано од 20 век. Откако Лајош Унгарски го назначил Драгош, војвода на Молдавија за свој заменик, дошло до воведување на Романци во Буковина и постапка на руманизација која била интензивирана во 1560-тите.[12][13]

Места како што се етимолошки украинските Бреаза и Молдовица (чие име на германски е Russ Moldawitza, а порано Руска Молдавида на украински), Шербауци и Сирет порано имале огромно украинско мнозинство. На некои места во јужна Буковина, како што се Балкивци (романски: Bălcăuți), Извоареле Сучевеј, Улма и Негостина, украинското мнозинство сè уште е пријавено во романскиот попис. Од друга страна во Северна Буковина, Романците порано биле најголемата етничка група во градот Чернивци, како и во градовите Хлибока и Сторожинец, а се уште се во Бојани и Красноилск.

Урбани населби уреди

Јужна Буковина уреди

Табела на сите градски населени места во Јужна Буковина
Романско име Германско име Украинско име Население
Cajvana (Кажвана) Keschwana (Кешвана) Кажване 6,812
Câmpulung Moldovenesc (Кампулунг Молдовенеск) Kimpolung (Кимполуг) Кимпулунґ; порано Довгопілля (Довхопилја) 16,105
Frasin (Фрасин) Frassin (Фрасин) Фрасин 5,702
Gura Humorului (Гура Хуморулуј) Gura Humora (Гура Хумора) Ґура-Гумора (Гура-Хумора) 12,729
Milișăuți (Милишауци) Milleschoutz (Милешоуц) Милишівці (Милишивци) 4,958
Rădăuți (Радауци) Radautz (Радауц) Радівці (Радивци) 22,145
Siret (Сирет) Sereth (Серет) Сирет 7,721
Solca (Солка) Solka (Солка) Солька (Солка) 2,188
Suceava (Сучава) Sotschen (Сочен)/Sutschawa (Сучава)/Suczawa (Сучава); порано на старогорногермански: Sedschopff (Зедшопф) Сучава; порано Сочава 124,161
Vatra Dornei (Ватра Дорнеј) Dorna-Watra (Дорна-Ватра) Ватра Дорни 13,659
Vicovu de Sus (Викову де Сус) Ober Wikow (Обер Виков) Верхнє Викове, (Верхне Викове) 16,874

Северна Буковина уреди

Табела на сите градски населени места во Северна Буковина
Украинско име Романско име Германско име Population
Берегомет (Берехомет) Berehomete pe Siret (Берехомете пе Сирет) Berhometh (Берхомет) 7,717
Бояни (Бојани) Boian (Бојан) Bojan (Бојан) 4,425
Чорнівка (Чорнивка) Cernăuca (Чернаука) Czernowka (Черновка) 2,340
Чернівці́ (Чернивци) Cernăuți (Чернауци) Czernowitz (Черновиц) 266,366
Глибока (Хлибока) Adâncata (Аданката) Hliboka (Хилбока) 9,474
Кіцмань (Кицман) Cozmeni (Козмени) Kotzman (Коцман) 6,287
Красноїльськ(Красноилск) Crasna-Ilschi (Красна-Лиски) Krasna (Красна) 10,163
Лужани Lujeni (Лужени) Luschany (Лушани)/Luzan (Луцан) 4,744
Михальча (Михалча) Mihalcea (Михалча) Mihalcze (Михалче) 2,245
Неполоківці (Неполокивци) Nepolocăuți (Неполокауци)/Grigore-Ghica Vodă (Григоре-Гика Вода) Nepolokoutz (Неполокоуц)/Nepolokiwzi (Неполокивци) 2,449
Путила Putila (Путила) Putilla Storonetz (Путила Шторонец)/Putyla (Путила) 3,435
Сторожинець (Сторожинец) Storojineț (Сторожинец) Storozynetz (Сторозинец) 14,197
Вашківці (Вашкивци) Vășcăuți (Вашкауци) Waschkautz (Вашкауц)/Waschkiwzi (Вашкивци) 5,415
Волока Voloca pe Derelui (Волока пе Дерелуј) Woloka (Волока) 3,035
Ви́жниця (Вижницја) Vijnița (Вижница) Wiznitz (Визниц) 4,068
Заставна (Заставна) Zastavna (Заставна) Zastawna (Заставна) 7,898

Галерија уреди

Поврзано уреди

Забелешки уреди

  1. германски: Bukowina или Buchenland; унгарски: Bukovina; полски: Bukowina; романски: Bucovina; украински: Буковина.
  2. "Congresul general al Bucovinei, întrupând suprema putere a țării și fiind învestiți cu puterea legiuitoare, în numele suveranității naționale, hotărâm: Unirea necondiționată și pe vecie a Bucovinei în vechile ei hotare până la Ceremuș, Colacin și Nistru cu Regatul României". The General Congress of Bukovina, embodying the supreme power of the country [Bukovina], and invested with legislative power, in the name of national sovereignty, we decide: Unconditional and eternal union of Bukovina, in its old boundaries up to Ceremuș [river], Colachin and Dniester [river] with the Kingdom of Romania.

Наводи уреди

  1. Klaus Peter Berger, The Creeping Codification of the New Lex Mercatoria, Kluwer Law International, 2010, p. 132
  2. Steven Tötösy de Zepetnek (јануари 2002). Comparative Central European Culture. Purdue University Press. стр. 53–. ISBN 978-1-55753-240-4.
  3. „Bukovina | region, Europe“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 4 април 2024.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Bukovina“. Енциклопедија Британика. Архивирано од изворникот на 22 јуни 2021. Посетено на 4 април 2024.
  5. Brackman, Roman The Secret File of Joseph Stalin: A Hidden Life (2001) p. 341
  6. Sophie A. Welsch (март 1986). „The Bukovina-Germans During the Habsburg Period: Settlement, Ethnic Interaction, Contributions“ (PDF). Посетено на 6 October 2021.
  7. Gaëlle Fisher (2019). „Looking Forwards through the Past: Bukovina's "Return to Europe" after 1989–1991“. Lean Library. 33: 196–217. doi:10.1177/0888325418780479.
  8. David Rechter (16 октомври 2008). „Geography is destiny: Region, nation and empire in Habsburg Jewish Bukovina“. Journal of Modern Jewish Studies. 7 (3): 325–337. doi:10.1080/14725880802405027. Посетено на 6 October 2021.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Iacobescu, Mihai (1993). Din istoria Bucovinei [Од историјата на Буковина] (романски). 1. Bucharest. ISBN 973-27-0448-9.
  10. „Bukovyna“. Encyclopediaofukraine.com. Посетено на 4 април 2024.
  11. „Painted monasteries of Southern Bucovina“. Brasovtravelguide.ro. Архивирано од изворникот на 6 September 2014. Посетено на 20 January 2017.
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 12,11 12,12 12,13 12,14 12,15 12,16 12,17 12,18 12,19 12,20 12,21 12,22 12,23 12,24 Иван Качановски; Kohut, Zenon E.; Nebesio, Bohdan Y.; Yurkevich, Myroslav (2013). Historical Dictionary of Ukraine. Scarecrow Press. стр. 64–66. ISBN 9780810878471.
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 13,14 13,15 13,16 13,17 13,18 13,19 13,20 13,21 13,22 13,23 13,24 13,25 13,26 13,27 „Bukovyna“. Internet Encyclopedia of Ukraine. Архивирано од изворникот на 13 мај 2021. Посетено на 5 април 2024.
  14. O City of Byzantium, Annals of Niketas Choniates (2.4.131), p. 74.
  15. Channon, John; Hudson, Robert (1995). Penguin Historical Atlas of Russia. Penguin. стр. 16.
  16. 16,0 16,1 „Kievan Rus“. Encyclopædia Britannica Online. 10 мај 2023.
  17. 17,0 17,1 „Mukha Rebellion“. Internet Encyclopedia of Ukraine. Архивирано од изворникот на 12 мај 2021. Посетено на 5 април 2024.
  18. Djuvara, Neagu (2014). A Brief Illustrated History of Romanians. Humanitas. ISBN 978-973-50-4334-6.
  19. Christine Woodhead, уред. (2011). The Ottoman World. Taylor & Francis. ISBN 9781136498947.
  20. Magocsi, Paul Robert (1996). A History of Ukraine. Toronto: University of Toronto Press. стр. 420. ISBN 0-8020-0830-5.
  21. „Bukovina (region, Europe) – Britannica Online Encyclopedia“. Britannica.com. Посетено на 5 април 2024.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 Hitchins, Keith (1996). The Romanians 1774–1866. Оксфорд: Clarendon Press. стр. 226.
  23. 23,0 23,1 23,2 „Die Bevölkerung der Bukowina (von Besetzung im Jahr 1774 bis zur Revolution 1848)“ [Населението на Буковина (од окупацијата во 1774 година до револуцијата во 1848 година)]. Romanian Journal of Population Studies (германски). 5 (1): 117–143. 2011.
  24. „Bukovina Society of the Americas Home Page“. Bukovinasociety.org. Посетено на 5 април 2024.
  25. „Bukovina Germans“. Freepages.genealogy.rootsweb.com. Посетено на 5 април 2024.
  26. „Bukovina Immigration to North America“. Bukovinasociety.org. Архивирано од изворникот на 9 јуни 2012. Посетено на 5 април 2024.
  27. „Cronologie Concordantă șI Antologie de Texte“ [Concordant Chronology and Anthology of Texts] (романски). Архивирано од изворникот на 9 мај 2005.
  28. Livezeanu, Irina (1995). Cultural Politics in Greater Romania. Cornell University Press. стр. 54–55.
  29. 29,0 29,1 „127. Föderációs tervek az Osztrák-Magyar Monarchia átalakítására“ [127. Федерацијата планира преобразба на австроунгарската монархија] (унгарски). Архивирано од изворникот на 22 октомври 2007.
  30. 30,0 30,1 „Bukovina Society“. Bukovinasociety.org. Посетено на 5 април 2024.
  31. 31,0 31,1 „Chernivtsi“. Internet Encyclopedia of Ukraine. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2021. Посетено на 5 април 2024.
  32. „Bukovyna“. Encyclopedia of Ukraine.
  33. Kirițescu, Constantin (1989). Istoria războiului pentru întregirea României: 1916–1919 [History of the war for the unification of Romania: 1916-1919] (романски). Ed. Științifică și Enciclopedică. ISBN 978-973-29-0048-2.
  34. Bulei, Ion (1996). Scurta istorie a românilor [The short history of the Romanians] (романски). Bucharest: Editura Meronia. стр. 104–107.
  35. 35,0 35,1 „Minoritatea ucraineană din România (1918–1940)“ [Ukrainian minority in Romania (1918–1940)] (PDF) (романски). Архивирано од изворникот (PDF) на 17 октомври 2015. Посетено на 5 април 2024.
  36. A. Zhukovsky, Chernivtsi University, Encyclopedia of Ukraine, 2001, Canadian Institute of Ukrainian Studies. Пристапено на 5 април 2024.
  37. Irina Livezeanu. Cultural Politics in Greater Romania: Regionalism, Nation Building, and Ethnic Struggle, 1918–1930. Cornell University Press. 2000. p. 53.
  38. Philippe Henri Blasen: Suceava Region, Upper Land, Greater Bukovina or just Bukovina? Carol II's Administrative Reform in North-Eastern Romania (1938–1940), in: Anuarul Institutului de Istorie "A. D. Xenopol", supplement, 2015;
    Philippe Henri Blasen: Terrorisme légionnaire et ordonnances antisémites. La Région Suceava d'octobre 1938 à septembre 1940, in: Archiva Moldaviae 2018.
    Philippe Henri Blasen: Regionalism after the Administrative Reform of 14th August 1938. How Romanian Authorities and Elites Celebrated the Year 1918 in Suceava Region, in: Anuarul Institutului de Istorie "A. D. Xenopol", 2018.
  39. 39,0 39,1 „Românii din Ucraina (2)“ [Романците во Украина (2)] (романски). 7 август 2005. Архивирано од изворникот на 2007-10-06. Посетено на 5 април 2024.
  40. „Calvarul bucovinenilor sub ocupatia sovietica“ [Искушенија на Буковинците под советска окупација]. Ziua.ro (романски). Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 5 април 2024.
  41. „UNHCR Moldova“. Unhcr.md. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2006. Посетено на 5 април 2024.
  42. „The Genocide of Romanians in Northern Bukovina“. Radio Romania International.
  43. Leonid Ryaboshapko. Pravove stanovishche natsionalnyh menshyn v Ukraini (1917–2000), P. 259 (на украински).
  44. „Bukovina“ (PDF). Shoah Resource Center. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-12-20. Посетено на 5 април 2024.
  45. „Observatorul“. Observatorul. Посетено на 5 април 2024.
  46. Țara fagilor: Almanah cultural-literar al românilor nord-bucovineni. Cernăuți-Târgu-Mureș, 1994, p. 160.
  47. Dragoș Tochiță. Români de pe Valea Siretului de Sus, jertfe ale ocupației nordului Bucovinei și terorii bolșevice. – Suceava, 1999. – P. 35. (на романски)
  48. Pokrzyńska, Magdalena (2010). Bukowińczycy w Polsce. Zielona Góra: Oficyna Wydawnicza Uniwersytetu Zielonogórskiego. стр. 64. ISBN 978-83-7481-383-9.
  49. „Președintele Iohannis a promulgat legea prin care data de 28 noiembrie este declarată Ziua“ [President Iohannis promulgated the law declaring 28 November as the Day.]. Agerpres.ro (романски). Архивирано од изворникот на 16 јануари 2018. Посетено на 5 април 2024.
  50. „Cine este autorul legendarei melodii "Cântă cucu-n Bucovina" (Video)“. EA.md (романски). 20 јуни 2017.
  51. „Bukovina | Ukraine, Romania, Map, & History | Britannica“. декември 2023.
  52. Nistor, Ion (1915). Românii și rutenii în Bucovina. Букурешт: Романска академија. стр. 70–72.
  53. Raimund Friedrich Kaindl. Das Ansiedlungswesen in der Bukowina seit der Besitzergreifung durch Österreich. Innsbruck (1902), pp. 1–71
  54. Nistor, Ion (1915). Românii și rutenii în Bucovina. Bucharest: Romanian Academy. стр. 107–112.
  55. Müller, H F (1848). Die Bukowina im Königreiche Galizien (германски). Виена: H.F. Müller's Kunsthandlung. стр. 9. Посетено на 5 април 2024.
  56. 56,0 56,1 Bukovina Handbook, prepared under the Direction of the Historical Section of the British Foreign Office No.6. Објавено во Лондон, февруари 1919.
  57. 1855 Austrian ethnic-map showing census data in lower right corner
  58. 58,0 58,1 Irina Livezeanu (2000). Cultural Politics in Greater Romania: Regionalism, Nation Building & Ethnic Struggle, 1918–1930. Cornell University Press. стр. 52–. ISBN 0-8014-8688-2.
  59. „1930 Romanian Census“ (JPG). Upload.wikimedia.org. Посетено на 5 април 2022.
  60. Ionas Aurelian Rus (2008), Variables Affecting Nation-building: The Impact of the Ethnic Basis, the Educational System, Industrialization and Sudden Shocks. ProQuest. ISBN 9781109059632. стр. 102
  61. Австриска етничка карта од 1855 година на која се прикажани пописни податоци од 1851 година во долниот десен агол: Ethnographic map of austrian monarchy czoernig 1855.jpg
  62. Првиот австроунгарски попис што го мери „јазикот што се зборува дома“ на населението
  63. Австроунгарски попис од 1890 година.
  64. Австроунгарски попис од 1900 година
  65. Jan Owsinski, Piotr Eberhardt. Ethnic Groups and Population Changes in Twentieth-Century Central-Eastern Europe. M.E. Sharpe. стр. 295–. ISBN 978-0-7656-1833-7.
  66. „All-Ukrainian population census|“. Ukrcensus.gov.ua. Посетено на 5 април 2024.
  67. Liberă, Europa (16 јули 2020). „Românii din Ucraina reclamă lipsa de interes a autorităților de la București“. Europa Liberă România. Посетено на 5 април 2024.
  68. „Comunitatea românească din Ucraina | CONSULATUL GENERAL AL ROMÂNIEI în Cernăuți“. Cernauti.mae.ro. Архивирано од изворникот на 3 јули 2021. Посетено на 5 април 2024.
  69. „Ziare.com: Romanii din Ucraina sunt divizati. Romania, vazuta in presa ca un vrajmas, la fel ca Rusia Interviu“ [Ziare.com: Romanians in Ukraine are divided. Romania, seen in the press as an enemy, just like Russia Interview] (руски). DW. 20 јуни 2014. Посетено на 5 април 2024.
  70. (на романски) "Comunicat de presă privind rezultatele provizorii ale Recensământului Populației și Locuințelor – 2011" Архивирано на 2 август 2019 г., at the 2011 census site; пристапено на 5 април 2024.
  71. "The Ukrainians: Engaging the 'Eastern Diaspora'". By Andrew Wilson. (1999). In Charles King, Neil Melvin (Eds.) Nations Abroad. Wesview Press, стр. 119. ISBN 0-8133-3738-0
  72. Calculated from statistics for the counties of Tulcea and Constanța from „Populația după etnie la recensămintele din perioada 1930–2002, pe judete“ (PDF) (романски). Guvernul României — Agenția Națională pentru Romi. стр. 5–6, 13–14. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-23. Посетено на 5 април 2024.
  73. „Union of Ukrainians in Romania website“. Архивирано од изворникот на 30 December 2008. Посетено на 1 March 2022.
  74. Oleksandr Derhachov (editor), "Ukrainian Statehood in the Twentieth Century: Historical and Political Analysis", Chapter: "Ukraine in Romanian concepts of the foreign policy", 1996, Kiev ISBN 966-543-040-8

Дополнителна книжевност уреди

  • Valentina Glajar (1 January 2004). The German Legacy in East Central Europe as Recorded in Recent German-language Literature. Camden House. стр. 13–. ISBN 978-1-57113-256-7.
  • O. Derhachov, уред. (1996). Українська державність у ХХ столітті. (Ukrainian statehood of the twentieth century) (украински). Politychna Dumka.
  • 13.4 Notele ultimate ale guvernului sovietic din 26-27 iunie și răspunsurile guvernului roman (original version, in German – use English and French versions with caution)
  • Dumitru Covălciuc. Românii nord-bucovineni în exilul totalitarismului sovietic
  • Victor Bârsan "Masacrul inocenților", București, 1993, pp. 18–19
  • Ștefan Purici. Represiunile sovietice... pp. 255–258;
  • Vasile Ilica. Fântâna Albă: O mărturie de sânge (istorie, amintiri, mărturii). – Oradea: Editura Imprimeriei de Vest, 1999.
  • Marian Olaru. Considerații preliminare despre demografie și geopolitică pe teritoriul Bucovinei. Analele Bucovinei. Tomul VIII. Partea I. București: Editura Academiei Române, 2001
  • Țara fagilor: Almanah cultural-literar al românilor nord-bucovineni. Cernăuți-Târgu-Mureș, 1994
  • Anița Nandris-Cudla. Amintiri din viață. 20 de ani în Siberia. Humanitas, Bucharest, 2006 (second edition), (in Romanian) ISBN 973-50-1159-X
  • Jews of Bukovina on the Eve of the War. Secaucus, NJ: Miriam Weiner Routes to Roots Foundation. 1999. ISBN 978-0-9656508-0-9 – преку Adapted by Dorcas Gelabert and Stephen Freeman.

Надворешни врски уреди

  романски Викиизвор го има изворниот текст поврзан со оваа статија: La Bucovina (Mihai Eminescu original poem in Romanian)