Преселба на населението

трајна промена на местото на живеење на луѓето

Преселба или миграција (од латински: migratio[1]) — движење или преселување на населението, од едно во друго место.

Миграциите можат да бидат привремени, но можат да бидат и трајни. Привремените преселби ги означуваат дневните движења на населението од своите домови кон местата каде што работат. Привремени се сметаат и оние преселби каде личноста го напушта своето место на живеење и се населува во ново заради деловни причини, меѓутоа по извесно време се враќа во своето старо место на живеење. Трајните преселби се лицето кога го напушта своето место на живеење перманентно и не се враќа назад. Според некои критериуми, привремените траат помалку од една година, а трајните повеќе од една година. преселби исто така можат да бидат внатрешни и надворешни. Внатрешни преселби се оние преселби кои се случуваат во рамките на една држава. Тука спаѓаат и дневните преселби на населението до своите работни места. Овие преселби се обавуваат многу полесно од надворешните, бидејќи за нив не е потребна патничка документација како што се пасош и лична карта. Покрај пасош, лицето поминува и низ царина на државата во која се населува, и голем број други документации потребни според законот на самата држава. Најчести причини за преселба можат да бидат: демографски, политички, економски, социјални и слично.

Историска ретроспективаУреди

Преселбите се дел од животот на човекот уште од неговото настанување. Луѓето за првпат почнале да го менуваат своето место на живеење уште од камено време. Во услови на живот, кога не знаеле да ја обработуваат земјата тие постојано се селеле во нови места на живеење. Останувале на едно место додека целосно не ја експлотирале земјиштето, незнаејќи дека можат повторно да ја обработат земјата со засадување на нови растенија на истата површина. Значи, основита причина за тогашните преселби била постојаната потрага по нови места со подобри места за живот. Едни од највлијателните преселби кои оставиле белег во историјата се преселбата на Старите Словени, кои од зад Карпатите го населиле целиот Балкански Полуостров.

 

Со понатамошна еволуција настанале монархиите. Желбата на секој монарх била да ја прошири својата територија колку што може повеќе. Така настанале најпознатите историски војни. Низ тие освојувачки походи голем дел од населението било мобилизирано во војската на монархиите. Примери за вакви преселби во историјата има навистина многу. Од војните коишто настанале во Стара Грција помеѓу тогашните градови-држави, секако најзначајни биле Спарта и Атина. Сигурно најголеми походи биле во времето на најголемиот светски освојувач Александар III Македонски, кој го освоил во тоа време речиси целиот свет. Неговото кралство се протегало на до тогаш сите познати континенти. Тоа биле едни од најмасовните движења на луѓето низ историјата. Секако не смеат да се заборават ни Крстоносните војни, исто така едни од најмасовните преселби на човекот низ историјата на човештвото. Нешто подоцна за време на буржоаските револуции се појавиле масовни преселби во рамките на државите. Значи, во текот на оваа таканаречена преродба, која започнала со Француска револуција на Наполеон Бонапарт се случиле најголемите преселби на луѓе во рамките на една држава, што е пандан на денешниве привремени и трајни внатрешни преселби. Меѓутоа Бонапарт не за задоволил со дотогашните граници на Франција. Тој покажал тенденција да ја прошири својата држава. Еден од најпознатите походи бил тој на Бонапарт кон Руското Царство. Но тогаш бил поразен и бил приморан да се врати назад во Франција. Во XX век се случиле и двете најцрни точки во еволуцијата на човештвото, Првата и Втората светска војна. За време на овие војни, се појавиле најмасовните преселби на светската популација, кои продолжиле и по војната. Важно е да се знае дека со преселбите со текот на времето се воспоставува рамнотежа меѓу побарувачката и понудата на работна сила. Луѓе се селат и денес. преселбите биле, и ќе бидат дел од нашето секојдневие постојано. Меѓутоа, да напоменеме уште еднаш, како што беше претходно наведено, преселбите не влијат на бројната структура на населението, тие вршат само негова дистрибуција.

Преселби село-градУреди

Постојат четири видови на внатрешни преселби од аспект на поделбата на населените места:село-село, село-град, град-село и град-град. Во денешни услови најчеста е преселбата село-град. Повремени или дневни преселби се оние преселби кои луѓето ги прават секојдневно за да обават некоја работа или набават некој намирници и повторно се враќаат во своите домови. Постојат и трајни преселби. Во вакви случаи, селското население ги напушта своите домови во селата и се населува во ново живеалиште во градовите, со цел да остане тука постојано. Ваквите преселби настануваат како последица на незадоволство од животот во селата, можност за подобар живот и заработка во градовите, поради сè поголемите техничко-технолошки иновации и модернизација на општеството. Значи, стопанскиот развој е главна причина за намалување на бројот на селското и зголемување на бројот на градското население. Со поделба на населението на селско и градско се доаѓа до голем број на анализи и заклучоци, како на пример:степенот на урбанизација во одделни земји како комплексен процес, степенот на индустријализацијата и културниот развој во одделни земји. Исто така, оваа поделба ни овозможува и одделни демографски истражувања, следење на состојбата во градовите и селата и различните услови за живот кои постојат во нив, како тие услови се одразуваат врз старосната структура на населението, фертилитетот, составот по пол, условите на живеење итн.

Класифицирање на селското и градското населениеУреди

Статистиката се судира со многу прашања и дилеми во врска со класификацијата на населението на селско и градско. Решенијата на овие проблеми се ражлични во одделни земји. Тешкотиите произлегуваат од фактот дека е тешко да се разграничи каде завршува селото, а каде започнува градот. Следствено на ова, тешко е да се одреди кои белези му припаѓаат на селото, а кои на градот. Тешкотија претставува и тоа што пописот на населението дава белези само за населението, а не и за населбите, така што при обработка на материјалот од пописот се наметнуваат шаблонски решенија. Втор критериум за класификација на населението на селско и градско е неговата бројна состојба, односно бројот на населението. Како критериум може да се земе и големината на населбите. Јасно е дека станува збор за квантитативни критериуми. Населението е изразено со бројки, а поделбата се прави со одредени стандарди, кои за секоја држава можат да бидат различни. Како пример може да се земе дека секоја населба која содржи популација до 3000 луѓе се смета како селска населба, а оние што бројат повеќе од 3000 се сметаат како градски населби. Меѓутоа ниту оваа класификацијане може да даде задоволителни резултати, бидејќи многу населби кои располагаат со голем број на жители имаат карактеристика на селски населби, затоа што поголем дел од населението се занимава со земјоделство. Критериум може да претставува и густината на населението по одделни населби, односно бројот на жители по km2, каде градските и селските населби се разграничуваат според одреден стандард. Меѓународниот статистички институт препорачал, како основа за класификација да се усвои административниот критериум, кој треба да се корегира, така што сите општини да се класифицираат во три категории:(1)селски општини со над 70% земјоделско население, (2)мешовити општини со 40-60% земјоделско население и (3)градски општини со помалку од 40 % земјоделско население.

Миграцијата како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Туѓината пуста да остане“ - македонска народна песна.[2]
  • „Параходот ми пристигна“ - македонска народна песна.[2]
  • „Збогум мајко“ - фолк песна на Никола Бадев.[3]
  • „Бог да бие кој прв почна“ - македонска народна песна.[3]
  • „Судбо моја“ - македонска народна песна.[3]
  • „Крик“ - краток расказ на македонскиот писател Димитар Башевски.[4]
  • „Иселеник“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[5]
  • „Печалбари“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[6]
  • „Во туѓина“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.[7]
  • „Вода донесла — вода однесла“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[8]
  • „Проштавање“ - песна на македонскиот поет Кочо Рацин.[9]
  • „Ве гледав како заминувате на печалба во Австралија“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[10]
  • „Поле со жито“ - песна на Наум Целакоски од 1997 година.[11]
  • „Последното момче од Мраморец“ - песна на Наум Целакоски.[12]
  • „Јабанџискиот гроб во Мешеишта“ - песна на Наум Целакоски.[13]
  • „Врба“ - поема на Наум Целакоски.[14]
  • „Го жалам кутриот доселеник (англиски: I Pity The Poor Immigrant) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1967 година.[15]
  • „Имигрантска песна“ (англиски: Immigrant Song) - песна на британската рок-група „Лед Цепелин“ (Led Zeppelin) од 1970 година.[16]
  • „Се чувствувам како вог“ (англиски: I Feel Like A Wog) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[17]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „миграција“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, 2006.
  3. 3,0 3,1 3,2 Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 78.
  5. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 56.
  6. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 44.
  7. Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 69.
  8. Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 47-52.
  9. Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 9-10.
  10. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 41-42.
  11. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 43.
  12. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 44-45.
  13. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 46.
  14. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 47-56.
  15. DISCOGS, Bob Dylan ‎– John Wesley Harding (пристапено на 21.2.2020)
  16. DISCOGS, Led Zeppelin ‎– Led Zeppelin III (пристапено на 7.1.2021)
  17. DISCOGS, The Stranglers ‎– No More Heroes (пристапено на 4.5.2021)