Римски цар
Римскиот цар (цар) бил владетел на Римското Царство за време на царскиот период (што започнал околу 27 г. п.н.е.). Во почетокот Рим имал само еден владетел, но во подоцнежниот период многумина себеси се нарекувале цареви. Римјаните немале единствен термин за управувањето со државата: латинските титули како цар (imperator) , август, цезар и принцепс биле меѓусебно поврзани. Во практика, царот бил врховен владетел на Рим и врховен командант на римските легии.
Во теоријата, во Рим кој бил Република (res publica), царот имал статус на primus inter pares - прв меѓу еднаквите. Оваа правна фикција станувала сè повеќе бесмислена како што царот ја зацврстувал својата моќ. Сепак, таа била одржувана, барем со церемонијален карактер, до самиот крај на Римското Царство. Западното Римско Царство ја доживеа својата пропаст во 476 г., додека Источното Римско Царство во 1453 година.
Список на римските цареви
уредиОва е дел од списокот на раните римски цареви во периодот во кој владееле[1]:
Јулиевско-клавдиска династија
уредиОд | До | Портрет | Владетел | Целосно име | Забелешка |
---|---|---|---|---|---|
16 јануари 27 г. п.н.е. | 19 август 14 г. | Октавијан Август | Gaius Octavius, Gaius Iulius Caesar, Imperator Caesar Augustus |
прв римски цар, посвоен од Цезар | |
19 август 14 г. | 16 март 37 г. | Тибериј | Tiberius Claudius Nero, Tiberius Caesar Augustus |
посвоен син на Октавијан Август | |
18 март 37 г. | 24 јануари 41 г. | Калигула | Gaius Iulius Caesar, Gaius Caesar Augustus Germanicus |
убиен од стражата | |
24 јануари 41 г. | 13 октомври 54 г. | Клавдиј | Tiberius Claudius Nero Germanicus, Tiberius Claudius Caesar Augustus Germanicus |
убиен од сопругата | |
октомври 54 г. | 11 јуни 68 г. | Нерон | Lucius Domitius Ahenobarbus, Nero Claudius Caesar Augustus Germanicus |
прв прогонувач на христијаните; се самоубил |
Доцноклавдиска династија
уредиОд | До | Портрет | Владетел | Целосно име | Забелешка |
---|---|---|---|---|---|
8 јуни 68 г. | 15 јануари 69 г. | Галба | Servius Sulpicius Galba | Убиен од Отон | |
15 јануари 69 г. | 16 април 69 г. | Отон | Marcus Salvius Otho | се самоубил по изгубената битка против Вителиј | |
2 јануари 69 г. | 20 декември 69 г. | Вителиј | Aulus Vitellius | совладетел; убиен во Форумот и фрлен во Тибар |
Наводи
уреди- ↑ The Imperial Index: The Rulers of the Roman Empire An Online Encyclopedia of Roman Rulers and their Families