Антропологија[1][2] (од грчкиот збор άνθρωπος што значи човек) е наука што се занимава со изучување на човештвото (видете Homo (род)). Антропологија е холистичка наука заради две причини: таа се занимава со човечкото битие само по себе во различните периоди од неговиот развој, како и со различните димензии на она што не прави луѓе сите нас. Во центарот на антрополошките изучувања се наоѓа концептот култура низ кој нашиот вид го развил универзалниот капацитет да го согледува светот низ симболи, да учи и предава такви симболи во рамките на едно општество, како и да го менува светот (и своето место во него) врз основа на тие симболи. Основна одлика што традиционално ја изделува антропологијата од другите хуманистички дисциплини е нејзиниот акцент на меѓукултурните споредби.

Антрополог со домороден американски народ

Поддисциплини

уреди

Антрополошките програми се почесто го делат полето во две групи, едната со акцент на хуманистичките науки и критичката теорија, другата со акцент на природните науки и емпириските набљудувања (претставувајќи лабава форма на логички позитивизам

Поврзано

уреди

Познати антрополози во светот

уреди

Луис Хенри Морган; Бронислав Малиновски; Јозеф Обрембски; Алфред Реџиналд Ретклиф Браун; Франц Боас; Едмунд Лич; Клод Леви-Строс; Маргарет Мид; Рут Бенедикт; Клифорд Гирц; Томас Хиланд Ериксен; Жорж Баландие; Тед Луелен; Марк Абелес...

Наводи

уреди