Географска карта

ликовна претстава на едно географско подрачје

Географска карта — намалена слика на Земјината површина, некој дел од Земјината површина или небото. Земјината површина, поради закривеност, не може да се прикаже во рамна положба без изобличување, а не може да се прикажат ниту сите поединечни целини или објекти на Земјата. Според тоа картите се видоизменети и поедонставени слики на Земјината површина со од напред одредена намена. Се употребуваат за различни научни, технички, економски, воени и културни потреби, а се делат и според размерот, содржината и намената.

Карта на Средоземјето од XIV век

Историја

уреди

Изработката на картите потекнува уште од камено време и го поместува датумот на откритието на пишаниот јазик наназан за неколку илјади години. Една од најстарите карти нацрната е на ѕидот Чатал Хејук во Средна Анадолија (денешна Турција), а настанала пред 6200 г.

Додека за картите се мисли како за производи на разумен, научен поглед на светот, картите имаат и свој митски квалитет. Предмодерните карти и традиции на нивна изработка надвор од западната трдиција често ја спојувале географијата со космологијата, покажувајќи набљудувачки однос кон свемирот. Средновековните Т-О карти, на пример, го покажуваат Ерусалим во средината на светот, а во некои случаи и односот на Земјиното тело кон Исусовото тело. Спротивно на тоа, поморските карти од истиот период со приказот на Средноземјето одлично се точни.

Патните карти денес можеби се и најмногу користени карти па формираат подвид на навигациони карти, кои исто така вклучуваат и поморски карти, карти на железнички мрежи, но и планинарски и бициклистички карти. Со општествените карти, вклучувајќи ги и GreenMaps, сè повеќе се зголемува нивната важност.

Орентација на картите

уреди
 
Херефордска карта на светот, 1300 г. п.н.е.

Конвенционално поголемиот дел од геометриските точни карти содржат текст на врвот на картата кога таа е свртена со север кон горе, т.е. север се наоѓа на врвот на листата.

Карти на кои север не се наоѓа на врвот:

Некои правоаголни карти направени во Австралија го покажуваат Јужниот Пол на својот врв. На некои вакви карти може да изгледа како свртена наопаку. Тие првенствено се наменети за новости и како туристички карти.

Старите карти на Ед ја покажуваат јапонската царска палата на врвот, но исто така и во средината на картата. Ознаките на картата се свртени на тој начин, да не можат исправно да се прочитаат сè додека царската палата не се постави над главата.

Европските средновековни Т и О карти како Херефордските катри на светот имаат средиште во Ерусалим, а истокот е на врвот на картата. Ако личноста се наоѓа на некоја сместена точна внатре во подрачјето на картата, тогаш картата може да се ориентира на таков начин што секоја точка на картата ќе лежи во ист правец како што одговара во стварноста. Примената на навигацијата на тој начин се нарекува ориентација.

Видови карти

уреди
 
Географска карта на светот (физичка)

Според размерот на картата така се делат и картите на крупни, средни и ситни размери. Картите од крупен размер (1:100 000) се добиваат со непосредно репрудукцирање на оригиналните теренски снимки. Картите со среден размер (од 1:100 000 до 1:500 000) се изработуваат од кратите со крупен размер. Картите со ситни размери (од 1:500 000 па натаму) се изработуваат од карти со среден размер.

Според содржината и намената картите се поделени на:

  • географски карти - на кои се прикажани поголеми или помало делови на некој дел од Земјата;
  • геолошки карти, прикажуваат геолошки податоци на Земјината површина и испод неа;
  • поморски карти - конструирани специјално за поморски сообраќај и содржат елементи за навигација, релјеф на морското дно (длабочина), положбите на подводни гребени, морскиот прег и објектите на морскиот брег кои се важни за навигација;
  • топографските карти прикажуваат одредени размери од делот на Земјината површина и положбата и висината;
  • орографски карти - на нив се претставени планините на некој крај или целата држава;
  • хидрографски (хидролошки) карти го прикажуваат водениот објект во некој крај или целата држава;
  • етнографски карти - распространетост на националностите на некој крај;

Според намената, картите можат да бидат: историски, статистички, туристички, сообраќајни, метеоролошки итн.

Картата како мотив во книжевноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 416-417.