Јосиф II (Свето Римско Царство)

Јосиф II (германски: Joseph Benedikt Anton Michael Adam, роден на 13 март 1741 во Виена — починал на 20 февруари 1790 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и надвојвода на Австрија (1765-1790), крал на Хрватска, крал на Бохемија и крал на Унгарија (1780–1790).

Јосиф II
Крал на Германија
На престол27 март 1764 – 20 февруари 1790
Крунисување3 април 1764, Франкфурт
ПретходникФранц I
НаследникЛеополд II
Цар на Светото Римско Царство
На престол18 август 1765 – 20 февруари 1790
ПретходникФранц I
НаследникЛеополд II
Надвојвода на Австрија
На престол18 август 1765 – 20 февруари 1790
ПретходникФранц I
НаследникЛеополд II
совладетелМарија Терезија
Крал на Унгарија и Крал на Хрватска и
Бохемија
На престол29 ноември1780 – 20 февруари 1790
ПретходникМарија Терезија
НаследникЛеополд II
Роден(а)13 март 1741
Шенбрун, Виена
Починал(а)20 февруари 1790(1790-02-20) (возр. 48)
Виена
СопружникИзабела Пармска
Марија Јосиф Баварска
ДецаМарија Тереза
Полно име
Јосиф Бенедикт Август Јоханес Антин Михаел Адам
ДинастијаХабсбуршка династија
ТаткоФранц I
МајкаМарија Терезија
ВероисповедРимокатоличка црква

Рани години

уреди

Јосиф II е роден во Виена како прв син на Марија Терезија, со која заедно управувал со Хабсбуршката Монархија и Франц I.

Совладетел

уреди

По смртта на неговиот татко Франц I, кој бил избран за цар на Светото Римско Царство, Јосиф II заедно со својата мајка управувал со австриските територии на Хабсбуршката Монархија. Времето на нивното заедничко управување било опфатено со големи реформи, кои започнале со Седумгодишната војна. Во овој период во Западна Европа започнале да излегуваат просветителските идеи на француската филозофија од XVIII век. Просветителството добило на популарност во литературата но навлегло и меѓу владините кругови во Австрија. И покрај конзервативните ставови на Марија Терезија, Јосиф II застанал на чело на ова движење кое довело до олеснување на положбата на селаните, зацврстување на државната власт на штета на феудалните елементи и довело до распушање на редот на Језуитите. И покрај искрената љубов кон својата мајка, Јосиф во практика најдобрите години од својот живот ги поминал во тивка борба со неа, но имало примери и кога конфликтите значително се заострувале.

Самостоен владетел

уреди

Дури по смртта на својата мајка во 1780 година, Јосиф станал целосно слободен за даги оствари своите реформски планови. Неговата цел претставувала идејата за воведување на просветен апсолутизам. Јосиф бил исклучително активен човек. Неговите безбројни патувања не претставувале триумфални прошетки низ неговите територии туку преку нив сакал да воспостави контрола. Јосиф продолжил да ја следи старата австриска традиција на зацврстување на внатрешната и надворешната моќ на државата преку бирократска централизација, обединување на монархијата и послушност на црквата. Јозеф II овозможил гласно дискутирање на тековните прашања во печатот како и отворена критика кон активностите на монархот (Закон за печатот од 11 јуни 1781 година).

Религиозна политика

уреди

На 13 октомври 1781 година Јосиф II издал едикт наречен „''Едикт за верска толеранција меѓу христијанските религии''“. Преку овој едикт, Јосиф ги затворил оние манастири и монашки ордени кои не го поддржувале народното просветителство. Црквата станала во голема мера зависна од државата и врските со Римската курија значително биле ограничени. Народното образование било ставено под контрола на државата. Католичката црква останала доминантна во Хабсбуршките територии, но следбениците на православието, лутеранството и калвинизмот добиле еднакви граѓански права. Од 1782 година било дозволено правото на избор на вероисповед.

Селска реформа

уреди

Преку своите реформи, Јосиф започнал напорна борба против феудализмот. Укинувањето на привилегиите на магнатите и аристократијата и воспоставување на еднаквост за сите граѓани пред законот претставувале главна задача на Јосиф II. Неговите службеници во дворот ги признавал единствено како сталеж кој требал да му служи. Хабсбуршката Монархија најпрвин го укинала кметството во Бохемија (1 ноември 1781 година), а потоа и во другите провинции.[1]. Неговата политика предизвикала општо незадоволство меѓу аристократијата. Феудалните слоеви правеле секакви обиди да ги забават реформите[2]. Посетата на папата Пиј VI требала да предизвика омекнување на неговите ставови кон реформите, но истото не се случило.

Последни години

уреди

Преку Руско-турска војна Јосиф II сметал дека ќе го подигне својот авторит. За таа цел тој помогнал на Русија во војната со сите сили, застанувајќи на чело на војската. По првичните воените неуспеси Јосиф смртноносно се разболел во време на походот и бил принуден да се врати во Виена каде починал на 20 февруари 1790 година, кога умира.

Семејство

уреди

Првиот брак на Јосиф II бил склучен во 1760 година со внуката на Луј XV, Изабела Пармска (1741-1763), исклучително интелигентна и остроумна, но со мрачен карактер. Од овој брак се родило едно дете:

  • Марија Тереза (1762–1770)

По смртта на Изабела Пармска, Јосиф во 1765 година се оженил за Марија Јосиф Баварска (1739-1767). Таа починала по две години од сипаница. Со ова, Јосиф не оставил свои наследници, додека негов наследник станал неговиот брат Леополд II.

Литература

уреди
  • Beales, Derek. Joseph II vol 1: In the shadow of Maria Theresa, 1741–1780, (1987)
  • Beales, Derek. Joseph II vol 2: Against the World, 1780–1790 (2009)
  • Beales, Derek. "The false Joseph II", Historical Journal, 18 (1975), 467–95 in JSTOR
  • Beales, Derek. Enlightenment and Reform in Eighteenth-Century Europe. (2005), 326 pp.
  • Beales, Derek. Enlightenment and Reform in Eighteenth-Century Europe (2005), 256pp excerpt and text search
  • Bernard, Paul P. The Limits of Enlightenment: Joseph II and the Law (1979)
  • Blanning, T. C. W. Joseph II (1994), 228 pp; a short scholarly biography
  • Blanning, T. C. W. Joseph II and Enlightened Despotism (1984)
  • Bright, James Franck. Joseph II (1897), 222 pp full text online
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Dickson, P. G. M. "Joseph II's Reshaping of the Austrian Church," The Historical Journal, Vol. 36, No. 1. (Mar., 1993), pp. 89–114. in JSTOR
  • Henderson, Nicholas. "Joseph II", History Today, 1991 41 (March): pp. 21–27. ISSN 0018-2753
  • Macek, Bernhard A. Die Kroenung Josephs II. in Frankfurt am Main. Logistisches Meisterwerk, zeremonielle Glanzleistung und Kulturgueter fuer die Ewigkeit (2010) ISBN 978-3-631-60849-4.
  • McHugh, James T. "Last of the Enlightened Despots: a Comparison of President Mikhail Gorbachev and Emperor Joseph II." Social Science Journal, 1995 32(1): pp. 69–85. ISSN 0362-3319
  • Padover, Saul K. The Revolutionary Emperor, Joseph the Second, 1741–1790 (1934), 414 pp; a standard scholarly biography online edition
  • Szabo, Franz A. J. "Changing Perspectives on the 'Revolutionary Emperor': Joseph II Biographies since 1790," The Journal of Modern History March 2011 Vol. 83, No. 1, pp. 111–138 in JSTOR
  • Vovk, Justin C. (2010). In Destiny's Hands: Five Tragic Rulers, Children of Maria Theresa. iUniverse: Bloomington, Ind. ISBN 978-1-4502-0081-3
  • Wilson, Peter H. Absolutism in Central Europe (2000) online edition
  • Szabo, Franz A. J. "Changing Perspectives on the 'Revolutionary Emperor': Joseph II Biographies since 1790," Journal of Modern History (2011) 83#1 pp. 111–138

Наводи

уреди
  1. Saul K. Padover, The Revolutionary Emperor, Joseph the Second 1741–1790. (1934) p. 300
  2. McKay, Hill, Buckler, Ebrey, Beck, A History of World Societies p.551

Надворешни врски

уреди