Хуморски манастир

Хуморскиот манастирманастир во комуната Манастиреа Хуморулуј, околу 5 км северно од гратчето Гура Хуморулуј, Романија. Тој е манастир за монахињи посветен на Успението на Богородица. Изграден бил во 1530 година од војводата Петру Рареш и неговиот советник Теодор Бубујог. Манастирот бил изграден над темелите на претходниот манастир кој датирал од околу 1415 година. Хуморскиот манастир бил затворен во 1786 година и не бил повторно отворен дури во 1990 година.

Војводата Петру Рареш.

Црквата е заведена од УНЕСКО на нејзиниот список на светски културни наследства, како една од насликаните цркви на Молдавија.

Фрескоживопис

уреди

Хуморскиот манастир бил еден од првите насликани манастири во Молдавија со жрески и, заедно со Воронечкиот манастир, веројатно е најдобро зачуван. Доминантната боја на фреските е црвено-кафеава. Главниот сликар одговорен за хуморските фрески, насликани во 1535 година, бил некојси Тома од Сучава.

Предметите на фреските во манастирот вклучуваат Опсадата на Константинопол и Страшниот суд, вообичаени за надворешноста на насликаните манастири во Буковина, но и Химна на Богородица вдахната од поемата на вселенскиот патријарх Сергиј I во врска со чудесната интервенција на Богородица при спасувањето на градот од персиското освојување во 626 година. Сепак, Персијците се прикажани како Турци, што е вообичаен начин во овие манастири, а нивните слики се користат делумно и за политичка пропаганда, покрај нивното духовно значење.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

47°35′35″N 25°51′25″E / 47.5931° СГШ; 25.8569° ИГД / 47.5931; 25.8569