Галицко-Волинско кнежевство
Галицко-Волинско кнежевство (украински: Галицько-Волинське князівство; латински: Regnum Galiciae et Lodomeriae) била средновековна држава во Источна Европа која постоела од 1199 до 1349. Нејзината територија се наоѓала во денешна Украина, со делови во Белорусија, Полска, Молдавија, и Литванија. Заедно со Новгородската Република и Владимирско-суздаљското Кнежевство, била едно од трите важни сили кои се појавиле по распадот на Киевски Рус. Најмногу зборуван јазик бил старорускиот, кој е претходник на денешните источнословенски јазици, а официјална религија било православното христијанство.
Галицко–Волинско кнежевство (1199–1253) Кралство Рус (1253–1349/1392) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град | ||||||
Уредување | Монархија |
Роман Велики ги обединил Галицкото и Волинското кнежевство на крајот од 13ти век. По уништувањето предизвикано од монголската инвазија на Киевска Рус (1239 до 1241), кнезот Данило и другите руски кнезови полагале верност на Бату Кан од Златната Орда во 1246. Во 1349 кралството било освоено од католичка Полска.[1] По анексијата, полскиот крал Казимир III Велики ја усвоил титулата Крал на Полска и Рус, а територијата била трансформирана во Руско војводство (латински: Palatinatus Russiae) во 1434.
Наводи
уреди- ↑ Michael B. Zdan – The Dependence of Halych-Volyn' Rus' on the Golden Horde, The Slavonic and East European Review, Vol. 35, No. 85 (Jun., 1957), p. 522