Бањски град или бањско одморалиште е место кое е популарна туристичка дестинација поради здравствените придобивки на своите минерални бањи. Терминот бања се користи за градови или одморалишта кои нудат хидротерапија, која може да опфаќа третмани со ладна или минерална вода и геотермални бањи.[1]

Спа во Белгија, 1895 година

Познати бањски градови

уреди

Познати бањски градови на Балканот

уреди

Бугарија

уреди

Во Бугарија има преку 500 минерални извори, а таму се наоѓа и најтоплиот извор на Балканот - Сапарева Бања (103 °C). Други познати бањски градови се Сандански, Хисарија, Банкија, Девин, Ќустендил, Варшец и Велинград.

Грција

уреди

Најпопуларни бањски градови во Грција се Аидипсос, Сенгелово, Лутраки, Кимолос, Лутра Килинис, Валовишта (Серско), Лакос Милош, Бања (Воденско).

Србија

уреди

Србија е позната по многубројните бањски градови. Некои од најпознатите извори се Врњачка Бања, Буковичка Бања, Врујци, Сокобања и Нишка Бања. Најтопол извор во Србија е Врањска Бања (96°C) [2]

Словенија

уреди

Бањски градови во Словенија се: Рогашка Слатина, Раденци, Чатеж, Моравске Топлице, Римске Топлице, Лашко и други.

Хрватска

уреди

Најпознати бањски градови во Хрватска се Дарувар, Шибеник и Сисак.

Бањски градови во Македонија

уреди

Бањски градови (одморалишта) во Македонија се Дебар, Куманово, Банско, Негорци, Кежовица, Катланово и други.

Наводи

уреди
  1. „Healing Waters; Investigative Files (Skeptical Briefs June 2005)“. Архивирано од изворникот на 24 October 2007. Посетено на 3 February 2008.
  2. „Reservoir Capital Corp.: 20MW Potential Estimated for the Vranjska Banja Geothermal Project“. Посетено на 3 February 2012.