Прут — река во источна Европа со должина од 953 километри. Дел од реката тече по границата на Романија со Украина и Молдавија. Прут извира од источните падини на планината Говерла, во состав на Карпатите во Украина. Реката тече југоисточно и се влева во Дунав близу селото Ѓурѓулешт во Молдавија. Хидрографскиот басен на реката е 27,500 км2 од кои 10,990 км2 се во Романија а 7,790 км2 во Молдавија. Најголем град по течението на Прут е Черновци. 695 километри од вкупната должина на реката ја оформуваат романско-молдавската граница.

Прут
Земји Украина, Романија, Молдавија
Окрузи/Региони Украина: Ивано-Франковска, Черновечка
Романија: Ботошан, Јаш, Васлуи, Галац
Молдавија Бриченски, Единечки, Ришкански,
Глоденски, Фалештски, Унгенски, Ниспоренски,
Хинчески, Леовски, Кантемирски, Кахулски
Притоки
 - десни Черемош, Жижија
Градови Коломија, Черновци, Унхен, Леова, Кахул
Извор Карпати
 - место Говерла, Ивано-Франковска област, Украина
Утока Дунав
 - местоположба Ѓурѓулешт, Романија/Молдавија
Должина 953 км
Слив 27.500 км2
Истек
 - просечен 405 м3
 - максимален 6.030 м3
 - минимален 110 м3
Течение ДунавЦрно Море
Мапа на реката Прут
Мапа на реката Прут
Мапа на реката Прут

Една од позначајните битки во Руско-турската војна (1710-1711) се одиграла на реката Прут, кога руската војска предводена од Петар Велики и Борис Шереметјев се здружила со молдавскиот владетел Димитрие Кантемир да се бори против османлиската војска предводена од големиот везир Мехмед паша. Војниците на Петар биле на западниот, а војниците на Шереметјев на источниот брег на реката. Османлиите прво ги поразиле четите на Шереметјев, кој се повлекол на другиот брег и со Петар поставиле одбрана, која набргу била совладана од турскиот аскер. Две дена потоа бил потпишан договорот од Прут со кој бил означен крајот на војната. Русија требало да ги врати териториите околу Азовско Море, а Димитрие Кантемир по поразот побегнал во Москва.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  • Administrația Națională Apelor Române - Cadastrul Apelor - București
  • Institutul de Meteorologie și Hidrologie - Rîurile României - București 1971

Надворешни врски

уреди