Активизам означува преземање акција со определена цел, односно спроведување на одредена активност или комбинација на акции со цел да се предизвикаат посакувани и очекувани социјални и политички последици и резултати. Како одлика на граѓанското општество, активизмот значи неприфаќање на пасивната улога на која се сведени граѓаните во услови на претставничка демократија или на некој недемократски режим и нивно ангажирање за подигање на свеста околу некое прашање и/или влијаење врз процесот на одлучување.

Активизмот може да биде насочен кон власта, кон економските центри на моќ или кон јавноста. Целта на активизмот најчесто е извојување или одбрана на одредени човекови права (лични, политички, социјални, женски). Најчесто тоа се однесува за сопствената земја, но постојат кампањи за солидарност со кои им се дава морална поддршка или друг вид помош на граѓаните на други земји под некаков недемократски режим.

Активизмот како практика на организирано дејствување лежи во срцето на женското движење, еколошкото движење, движењето за мир и други граѓански иницијативи.

Репертоарот на активизмот може да има најразлични форми, кои се движат од целосно ненасилни до акции кои вклучуваат и насилство:

  • кампањи
  • петиции
  • акции за подигање на јавната свест
  • организирање на заедницата
  • обезбедување правна помош
  • граѓанска непослушност
  • бојкотирање производи од некој компанија или земја
  • преференцијално купување производи
  • лобирање
  • протести
  • демонстрации
  • директни акции

Поврзано уреди