Архиепископија
Архиепископија (грчки: αρχιεπισκοπή; латински: archiepiscopia) — име за црковна област на чело со архиепископ, пред сè во Православната црква и некои други цркви кои припаѓаат на источното христијанство. Во потесна смисла, поимот може да се однесува на архиепископската матична епископија, односно епархија (исто така: архиепархија), додека во поширока смисла може да се однесува и на целата црковна област, односно на помесната црква на чело со архиепископот.[1] [2]
Во Римокатоличката црква и Англиканската црква, како и во некои други цркви кои исто така припаѓаат на западното христијанство, постои надбискупија.[3] [4]
Поврзано
уреди