Делта на Дунав
Делта на Дунав (романски: Delta Dunării, украински: Дельта Дунаю) – втора најголема речна делта во Европа, веднаш после делтата на Волга. На околу 70 км од своето устие Дунав се дели на два крака – Килија и Тулча. Тулча од своја страна се дели на ракавците Св. Ѓорѓи, кој во Дунав се влева со двоструко устие, и Сулина која е најпогодна за пловидба. Тоа се главните притоки на делтата на Дунав, втората најголема река во Европа. Дунав поврзан со пристаништето Констанца е важен пловен пат за Романија и сите останати земји низ кои тој тече како и за пловниот пат Рајна-Мајна- Дунав.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Место | Романија, Украина |
Критериум | природен: vii, x |
Навод | 588 |
Запис | 1991 (15th заседание) |
Самата делта има површина од 4 170 км2, од кои 3 465 км2 ѝ припаѓаат на Романија, а останатите на Украина. Солените езера често се приклучуваат на ова подрачје, и со нив вкупната површина изнесува 4 400 км2. Околу 2 000 км2 од делтата се под нивото на морето, така што заедно со малата густина на населеност овој факт му придодава на изгледот на делтата и на нејзината зачуваност.
Оваа делта е право царство на реки, рекички, бари, мочуришта, езера, лагуни, заливи и сл.
Флората и фауната се богати, а најзабележлива е барската трска. Ова подрачје е заштитено и е дом на многубројни видови птици. Во делтата се наоѓаат преку 40 разни видови риби, па 50% од риболовот се остварува во подрачјето на делтата. Во пејзажот забележителни се и бројните ветерници. Одгледувањето на трска е многу битно од економска гледна точка. Во седумдесеттите години на 20 век производството било околу 330 000 тони годишно. Во делтата живеат само околу дваесетина илјади жители, па нема поголеми урбани населби.
Историја
уредиДелтата на Дунав почнала да се образува после 4000 година п.н.е. со исполнување на заливот на Црното Море со речни седименти, во кој процес Дунав се поделил на ракавци Св. Ѓорѓи (3500 година п.н.е. – 1600 година п.н.е.), Сулина (околу 1600 година п.н.е), Св. Ѓорѓи II (од 1 година до денес) и Килија (1600 година до денес).
Најстариот пишан спомен за делтата на Дунав го напишале Дачаните кои ја контролирале пред истата да ја освојат Римјаните. По инвазијата на Готите, ова подрачје неколкупати го менувало сопственикот, сè додека во 15 век не ја освоиле Османлиите.
Во 1812 година, после Руско-турската војна, границата меѓу Руското и Османлиското Царство одела по ракавците Килија и Стар Стамбол, а во 1829 година по ракавецот Св. Ѓорѓи. Со Парискиот мировен договор од 1856 година, со кој заврши Кримската војна, делтата на Дунав му е доделена на Османлиското Царство и основан е меѓународен одбор кој имал задача да ја осигури и унапреди пловидбата по делтата на Дунав. Во 1878 година, после поразот на Османлиското Царство од здружените снаги на Русија и Романија, границата повторно е вратена на ракавците Килија и Стар Стамбол.
Романскиот дел од делтата на Дунав веќе во 1938 година е прогласен за резерват на природата, а украинскиот бил прогласен во 1973 година. Откога во 1991 година делтата на Дунав станала светско наследство, УНЕСКО помогнал за основање на резерват на биосфера на површина од 6 264 км2, и истиот е поделен меѓу Романија и Украина. Тоа е најголемото заштитено зелено подрачје во Европа кое го делат две држави. Од почетокот на 21 век овде забрзано се развива туризмот, па само во јули 2004 година забележани се повеќе од 54 000 посетители, двојно повеќе од вкупниот број на жители.
Биоразновидност
уредиДелтата на Дунав е единствен екосистем и најголемо моклишко подрачје на тлото на Европа на кое живеат околу 4 000 животински и 1 000 растителни видови. Нејзините шуми главно се даб, топола и врба, кои растат на бреговите на речните ракавци.
Во густата водена мрежа на делтата на Дунав живеат околу 450 видови риби, од кои најзастапени се: крап, карас, црвеноперка, и др., како и грабливките: штука, сом и др. Тука се фатени некои од најголемите примероци на овие риби во Европа.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Tiere Vogel und Fische“. Архивирано од изворникот на 2010-03-29.
Надворешни врски
уреди„Делта на Дунав“ на Ризницата ? |
- Danube Delta Архивирано на 20 септември 2017 г. - Danube Delta map, travel, photos, videos and reviews in Danube Delta Romania
- UNESCO Danube Delta World Heritage Site
- Danube Delta Biosphere Reserve Архивирано на 9 декември 2006 г.
- Join the Danube Delta Community to share your travel experience, photos, videos and learn more.
- (англиски) Danube Delta: Photo Gallery Архивирано на 23 јануари 2007 г.
- Danube Delta "Street view" Архивирано на 5 јуни 2011 г. - navigate along the channels in Google Street View panoramic fashion
- Photo Gallery - Danube Delta - Gorgova Архивирано на 5 октомври 2010 г.
- A river blog on The Danube Delta Архивирано на 8 февруари 2018 г.