Историско-географска област
Историско-географска област — регион кој има јасни или приближно јасни географски граници, и чие население дели слична историска судбина. Така, овој поим е збир од поимите историска област и географска област.
Населението на една историско-географска област не секогаш има ист етнички или верски состав, но има заедничка историја. Ваквата област се поимува како една целина и се запазува како таква при промена на државните граници и има регионален идентитет. Историско-географската област може да се совпаѓа, но може и да не се совпаѓа со етнографската област.
Во географска смисла, историско-географската област се одликува со јасни природни граници — високи планини, големи реки или мориња.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |