Сирет (река)
Сирет (украински: Сірет или Серет, романски: Siret, унгарски: Szeret, руски: Сирет) — река во источна Европа, лева притока на Дунав. Извира од Карпатите во регионот северна Буковина во Украина, па тече на југ низ Романија за на крај да се влее во Дунав.[1] Долга е 647 км,[2]:9 од кои 559 км се во Романија.[1][2]:9[3] Сливот зафаќа површина од 44.811 км2,[2]:6 од кои 42.890 км2 отпаѓаат на Романија.[1][2]:6[3] Просечниот проток изнесува 250 м3/с.[2]:15 Во антиката го носела името Јерасос (старогрчки: Ιερασός).
Сирет | |
---|---|
Сирет кај Мирчешт | |
Изворно име | Siret (романски) |
Местоположба | |
Земја | Украина, Романија |
Подрачја | Черновечка Обл., окрузи Ботошан, Сучава, Њамц, Јаш, Бакау, Вранча, Галац |
Градови | Пашкан, Роман, Бакау, Галац |
Физички особености | |
Извор | Источни Карпати |
• место | Черновечка Област, Украина |
• координати | 48°0′21″N 25°17′10″E / 48.00583° СГШ; 25.28611° ИГД |
• надм. вис. | 1.238 м |
Устие | Дунав |
• место | Галац |
• координати | 45°24′11″N 28°1′27″E / 45.40306° СГШ; 28.02417° ИГД |
Должина | 647 км |
Големина на сливот | 44.811 км2 |
Проток | |
• просечен | 250 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Дунав→ Црно Море |
Притоки | |
• леви | Б’рлад |
• десни | Сучава, Молдова, Бистрица, Тротуш, Путна, Бузау |
Населени места
уредиНа реката Сирет лежат следниве населени места, од изворот до утоката: Берегомет, Сторожинец, Сирет, Грамешт, Звориштеја, Литен, Долхаска, Пашкан, Столничен-Пражеску, Роман, Бакау, Аджуд, Марашешт, Галац.
Притоки
уредиСирет ги има следниве притоки (од изворот до утоката):[1]
- Леви
Бахна (Михајлени), Молница, Бахна (Лозна), Г’рла Сирецел, Г’рла Хуцанилор, Ворона, Плешул, Турбата, Пјетросул, Сирецел, Столничен, Харманешт, П’р’ул Циганчилор, Михајли, Бока, Албуја, Редиу, Вулпашешт, П’р’ул Пјетрос, Циганка, Икушешт, Глоден, Р’паш, Моара, Богданешт, Ваља Мории, Улм, Ракова, Тамаш, Р’к’тау, Сочи, Фулџериш, Рогоза, Полочин, Лупа, Б’рлад, Калмацуј, Џеру, Б’рладел, Руска, Малина, Катуша.
- Десни
Мал Сирет, Габан, Негостина, П’р’ул Маре, Верехија, Баранка, Љаху, Ст’нкуца, Ханцешт, Григорешт, Салаџени, Сучава, Шомузул Мик, Шомузул Маре, П’р’ул луј Пулпа, Трестиоара, Коцаска, Ружа, Содомени, Ваља Парулуј, Подул Туркулуј (Драга), Молдова, Ваља Њагра, Турбата, Пречиста, Бистрица, Бахна, Ваља Маре, Клежа (или Точила), Ракачуни, Драгушен, Скурта, Болохан, Ф’нт’неле, Коцешт, Тротуш, Ваља Боулуј, Карекна, К’мпул, Забрауц, Сушица, Г’рла Морилор, Путна Сeака, Путна, Лејка, Р’мникул Сарат, Бузау.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Atlasul cadastrului apelor din România. Partea 1 Архивирано на 22 септември 2022 г.. Bucharest: Ministerul Mediului. 1992. стр. 365–438
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Planul de management al spațiului hidrografic Siret, Administrația Națională Apele Române
- ↑ 3,0 3,1 Dăscălița, Dan (2011). „Integrated water monitoring system applied by Siret river basin administration from Romania“ (PDF). Present Environment and Sustainable Development. 5 (2): 45–60. Посетено на 8 август 2016.
Надворешни врски
уреди- Сирет (река) на Ризницата ?