Марлен Дитрих
Марлен Дитрих (Marlene Dietrich; Берлин, 27 декември 1901 - Париз, 6 мај[1] 1992) — германско - американска актерка [2][3][4], пејачка, и забавувачка. Родена е како Марија Магдалена Дитрих, а од 1912 го сменила името во Марлен, име што го добила со спојување на првите две имиња. Се смета за прва германска глумица која успеала во Холивуд. Била муза на режисерот Јозеф фон Штернберг.
Марлен Дитрих | |
---|---|
Марлен Дитрих во 1951 | |
Роден(а) | Марија Магдалена Дитрих 27 декември 1901 Берлин, Германско Царство |
Починал(а) | 6 мај 1992 Париз, Франција | (возр. 90)
Почивалиште | Берлин, Германија |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1919–1984 |
Сопружник | Рудолф Зибер (в. 1923; неговата смрт 1976) |
Деца | Марија Рива |
Роднини |
|
Страница marlene.com |
За време на нејзината долготрајна кариера, Дитрих постојано се преобмислува себеси[5]: започнала како пејачка во кабаре, хористка и филмска актерка во Берлин во текот 1920тите години за во наредната деценја да биде вистинска холивудска ѕвезда; потоа станала забавувачка на фронтовската линија за време на Втората светска војна и меѓународен сценски изведувач, за на крајот, конечно, да се претвори во култна икона на XX век.
Во 1920-тите во Берлин, Дитрих глумела во немите филмови. Нејзината изведба како Лола-Лола во Синиот Ангел (1930) ѝ донела интернационална слава и договор со студиото Парамонт Пикчрс. Дитрих била ѕвезда во холивудските филмови како на пример Мароко (1930), Шангај Експрес (1932) и Желба (1936). Таа успешно ја наметнала нејзината гламурозна личност и "егзотичен" изглед, и станала една од највисоко платените глумици на тоа време. Во текот на Втората светска војна, таа била забавувачка во САД од највисок ранг.
Дитрих била забележана за своите хуманитарни напори во текот на војната, згрижување германски и француски бегалци, обезбедување на финансиска поддршка, па дури и во застапување за нивното американско државјанство. За нејзината работа на подигнување на моралот на војниците на фронтот за време на војната, таа добила повеќе признанија од САД, Франција, Белгија и Израел. Иако по војната повремено снимала филмови, Дитрих поголемиот дел од времето во 1950-тите до 1970-тите години го поминала на турнеја низ светот како изведувачка во живо.
Американскиот филмски институт ја прогласил Дитрих за деветта најголема женска филмска ѕвезда на сите времиња[6].
Во 2002 година, таа посмртно станала почесен граѓанин на Берлин.
Животопис
уредиДетство
уредиМарлен Дитрих е родена на 27 декември 1901 во близина на Роте Инсел во Шенберг, денешна област на Берлин.[7] Нејзината мајка, Вилхелмина Елизабета Џозефина (родена Фелсинг), била од богато берлинско семејството кое поседувало продавница за накит и фирма за изработка на часовници. Нејзиниот татко, Луис Ерик Ото Дитрих, бил полициски поручник. Дитрих имала една сестра, Елизабет, која била една година постара. Таткото на Дитрих починал во 1907 година.[8] Неговиот најдобар пријател, Едуард фон Лош, аристократски прв поручник на гринадирите, се оженил со мајка ѝ во 1916 година, но тој набргу починал од повредите добиени за време на Првата светска војна.[9] Фон Лош никогаш официјално не ги присвоил девојчињата, па презимето Дитрих никогаш не било фон Лош, како што понекогаш се тврдело.[10]
Во семејството ја викале „Лена" и „Лене". На околу 11 годишна возраст, таа ги искомбинирала своите први две имиња за да го добие името „Марлен". Дитрих учела во женското училиште Аугуста-Викторија од 1907 до 1917[8] и дипломирала во школата Викторија-Луиза (денес Берлинска гимназија Гете-Вилмерсдорф) во 1918 година.[8] Учела да свири виолина и како дете се интересирала за театар и поезија. Со повредата на рачниот зглоб ѝ се срушиле соништата да стане концертна виолинистка. Сепак, во 1922 година ја добила првата работа како виолинистка во оркестар за неми филмови во Берлинското кино каде по 4 недели добила отказ[8].
Филмска кариера
уредиПочетоци
уредиНејзините најрани професионални настапи на сцена настапи биле со женското забавно кабаре на Гвидо Телшнер и ревиите на Рудолф Нелсон во Берлин.[8] Во 1922 година, Дитрих се појавила на аудиција на драмската академија на Макс Рајнхарт но безуспешно. Сепак, таа наскоро започнала да работи во неговите театри, пеејќи и играјќи мали улоги во драмите. Отпрвин не привлекла посебно внимание. Нејзиното филмско деби било појавувањето во филмот Малиот Наполеон (1923).
Таа го сретнала нејзиниот иден сопруг, Рудолф Зибер, на снимањето на филмот Љубовна трагедија[11] во 1923 година. Дитрих и Зибер стапиле во брак со граѓанска церемонија во Берлин на 17 мај 1923 година.[8] Нејзиното единствено дете, ќерката Марија Елизабет Зибер, се родила на 13 декември 1924 година.
Дитрих продолжила да работи на сцена и на филм, како во Берлин така и во Виена, во текот на 1920-тите години. На сцената, играла најразлични улоги како во Пандорината кутија на Френк Ведекинд[8], Припитомувањето на итрицата и Сон на летната вечер на Вилијам Шекспир како и во Назад кон Метузалемот на Џорџ Бернард Шо. Во мјузиклиле и ревиите како оние во Бродвеј и Цвај Краватен, таа привлекла најмногу внимание. До крајот на 1920-тите години, Дитрих одиграла и улоги на екранот, вклучувајќи ги улогите во филмовите Кафе Електрик (1927), Бакнувам рака, мадам (1928)[12] и Бродот на изгубените души (1929)[13].
Во 1929 година, Дитрих се пробила глумејќи кабаретска пејачка во Синиот Ангел (1930), филм на Јозеф фон Штернберг.
Успехот во САД
уредиВо 1930 година, благодарение на меѓународниот успех на Синиот Ангел и со поттик и промоција од страна на Јозеф фон Штернберг, кој веќе бил успешен во Холивуд, Дитрих се преселила во САД потпишувајќи договор со Парамонт Пикчрс. Студиото се обидувало да ја наметне Дитрих како германски одговор на шведската сензација на Метро-Голдвин-Мајер, Грета Гарбо. Штернберг ја поздравил со подароци, вклучително и зелен Ролс-Ројс Фантом II. Автомобилот подоцна се појавил и во нивниот прв американски филм Мароко.[14]
Дитрих настапила во шест филмови режирани од фон Штернберг во Парамонт помеѓу 1930 и 1935. Штернберг работел ефикасно со Дитрих за да се создаде слика на гламурозна и мистериозна заводничка.Тој ја охрабрувал да ја намали телесната тежина и интензивно ја подучувал да биде глумица. Таа доброволно ги следела препораките за кои голем број други изведувачи давале отпор.[15]
Во Мароко (1930)[16], Дитрих повторно била ангажирана како кабаретска пејачка. Филмот најдобро е запаметен по сцената во која таа ја изведува песната облечена во машка бела вратоврска и бакнува друга жена, што било провокативно за тоа време. За филмот Дитрих ја добила нејзината единствена номинација за Оскар.
По Мароко следел филмот Обесчестена (1931)[17], голем успех со улогата на Дитрих како шпионка налик на Мата Хари. Шангај Експрес (1932)[18], кој бил наречен од страна на критичарите „Гранд Хотел на тркала", бил еден од филмовите на Штернберг и на Дитрих со најголема заработувачка. Дитрих и Штернберг повторно соработувале во романтичната драма Русокосата Венера (1932)[19]. Дитрих работела без Штернберг за првпат во три години во романтичната драма Песна над песните (1933)[20], играјќи наивна германска селанка, во режија на Рубен Мамулијан. Последните два филма на Дитрих и Штернберг, Црвената царица (1934)[21] и Ѓаволот е жена (1935)[22] биле нивни филмови со најниска заработувачка.
Штернберг е познат по неговата исклучителна вештина на осветлување и фотографирање на Дитрих до оптимален ефект. Негов потпис била употребата на светлото и сенката, вклучително и влијанието на светлината преку превез или спуштени ролетни (како на пример во Шангај Експрес). Ова во комбинација со скрупулозното внимание за поставеноста на сцена и костимите филмовите што тие ги снимиле заедно ги прави едни од највизуелните стилски филмови во кинематографската историја.[23][24] Критичарите сè уште енергично дебатираат колку од придонесот му припаѓал на Штернберг а колку на Дитрих но повеќето се согласни дека ниеден повторно не достигнал такви височини откако Парамонт го отпуштил Штернберг и тие двајца престанале да работат заедно.[24] Таква соработка на глумица и режисер кои создале седум филмови уште е неспоредлива во кинематографската историја, со исклучок на Кетрин Хепберн и Џорџ Цукор, кои заедно снимиле десет филмови.[25][26]
Првиот филм на Дитрих по завршувањето на нејзиното партнерство со Штернберг бил филмот Желба (1936) на Френк Борзејги, комерцијален успех кој ѝ дал на Дитрих можност да се обиде да игра во романтична комедија. Нејзиниот следен проект, Сакав Војник (1936), завршил неславно кога филмот бил прекинат по неколку недели продукција заради проблеми со сценариото, конфузија во распоредот и одлуката на студиото да го отпушти режисерот, Ернст Љубич.[27]
Екстравагантни понуди ја тргнале Дитрих од Парамонт за да го направи нејзиниот прв филм во боја, Градината на Алах (1936) за независниот продуцент Дејвид O.Селзник, за кој таа добила 200,000 долари, и за британската продукцијата на Александар Корда, Витез без оклоп (1937), со плата од 450,000 долари, со што таа станала една од најдобрите платени филмски ѕвезди. Иако и двата филма забележале добра заработка на благајните, нејзината популарност во јавноста била во опаѓање.
Додека била во Лондон, претставници на Нацистичката партија ѝ пришле на Дитрих и ѝ понудиле профитабилни договори, за да се врати во Германија како главна филмска ѕвезда на Третиот Рајх. Таа ја одбила нивната понуда и аплицирала за американско државјанство во 1937 година.[28] Таа се вратила во Парамонт да го сними филмот Ангел (1937), уште една романтична комедија во режија на Ернст Љубич. Филмот бил лошо примен, што довело до тоа Парамонт да го откупи договорот со Дитрих.
Подоцна, иако Дитрих никогаш целосно не го повратила својот поранешен успех на екранот, таа продолжила со филмови, меѓу кои и некои со истакнати режисери како Алфред Хичкок, Фриц Ланг, Орсон Велс и Били Вајлдер.
Активност во Втората светска војна
уредиКон крајот на 1930-тите, Дитрих заедно со Били Вајлдер и неколку други Германците, создале фонд за помош на Евреите и бегалците од Германија. Во 1937 година, целиот хонорар од филмот Витез без оклоп (450,000 долари) бил ставен за потребите на бегалците. Во 1939 година, таа станала американска државјанка и се откажала од своето германско државјанство.[29] Во декември 1941 година, со учеството на САД во Втората светска војна, Дитрих станала една од првите личности која сакала да помогне. Од јануари 1942 година до септември 1943 имала турнеи за поттик на моралот кај војниците и се појавила пред 250,000 војници на брегот на Тихиот Океан а потоа и на други места.
Дитрих добила Медал на слободата во ноември 1947 година, за "забава на трупите во странство за време на војната"[30] и изјавила дека е најгорда на тоа остварување[31]. Таа исто така била наградена и со Легија на честа од страна на француската влада за нејзините воени заложби[32].
Сцена и кабаре
уредиОд раните 1950-ти до средината на 1970-тите, Дитрих работела речиси исклучиво како високо платена кабаретска забавувачка, настапувајќи во големи театри во поголемите градови во светот. Во 1953 година, на Дитрих ѝ било понудено да заработува по 30,000 долари[27] неделно за да изведува во живо во Сахара Хотел во Лас Вегас. Шоуто било кратко, се состоело само од неколку песни поврзани со неа. Овој ангажман бил толку успешен што таа наскоро потпишала настапи и во Кафе де Пари во Лондон а воедно ѝ биле обновени и договорите со Лас Вегас.
Дитрих го вработила Берт Бакарак како нејзиниот музички аранжер на почетокот на 1950-тите години. Нејзиниот репертоар вклучувал песни од нејзините филмови, како и популарни песни. Аранжманите на Бакарак помогнале да се сокрие ограничениот вокален спектар на Дитрих како алт.[33] Тие заедно снимиле четири албуми и неколку синглови меѓу 1957 година и 1964 година[34]. Во ТВ интервју во 1971 година, таа изјавила дека Бакарак ѝ давал "инспирација" да изведува во текот на тие години.
Во 1960-тите Дитрих направила турнеи во Западна и Источна Германија а потоа и во Израел, каде за време на нејзините концерти пеела неколку песни на германски јазик вклучително и германската верзија на антивоената химна на Пит Сигер „Каде заминаа сите цветови“ (англиски: "Where Have All Flowers Gone"), со што го скршила неофицијалното табу за употребата на германскиот јазик во Израел. Таа станала првата жена и Германка која ќе го добие израелскиот Медал за храброст во 1965 година, "како признание за нејзиното храбро почитување на принципот и доказ на пријателството кон еврејскиот народ". Двапати настапила на Бродвеј (во 1967 и 1968) и освоила посебна награда „Тони“ во 1968 година.
Во нејзините шеесеттите и седумдесеттите години, здравјето ја напуштило. Таа преживеала рак на грлото на матката во 1965 и страдала од слаба циркулација во нозете. Станала зависна од лекови против болки и алкохол а во 1973 го повредила колкот а потоа и десната нога, во 1974 година.
Последните години
уредиКариерата на Дистрих во голема мера завршила на 29 септември 1975 година, кога таа паднала на сцената и го скршила колкот за време на настапот во Сиднеј, Австралија.[35] Следната година починал нејзиниот сопруг, Рудолф Зибер, од рак на 24 јуни 1976.[36]
Зависна од лекови против болки и од алкохол, Дитрих живеела повлечено во нејзиниот стан на авенија Монтењ број 12 во Париз. Последните 11 години од животот ги поминала сама, овозможувајќи само на неколкумина од пријателите, семејството и вработените да ја посетуваат во станот. Во тоа време, таа пишувала многу писма и зборувала на телефон. Нејзината автобиографија, Земете ми го само животот, била објавена во 1979 година.[37]
Во 1982, Дитрих се согласила да учествува во документарен филм за нејзиниот живот, Марлен (1984), но одбила да ја снимаат. На режисерот на филмот, Максимилијан Шел, му било дозволено само да ѝ го снима гласот. Тој ги користел интервјуата со неа како основа за филмот, поставени на колаж од филмски клипови од нејзината кариера. Филмот освоил неколку европски филмски награди и добил номинација за Оскар за најдобар документарец во 1984 година. Њусвик го нарекол "уникатен филм, можеби најфасцинантниот филм во кој се зборува за некоја голема филмска ѕвезда"[38]
На 6 мај 1992 година, Дитрих умрела од бубрежна инсуфициенција во нејзиниот стан во Париз на 90-годишна возраст. Нејзината погребна церемонија била спроведена во римокатоличката црква Ла Мадлен во Париз, Римокатоличка црква на 14 мај 1992 година[39]. На погребната служба на Дитрих присуствувале илјадници вклучувајќи и неколку амбасадори од Германија, Русија, САД, Велика Британија и други земји.
По падот на Берлинскиот ѕид, Дитрих била погребана во нејзиното родно место, Берлин, во близина на нејзиното семејство[40][41]
Филмографија
уредиГодина | Наслов на филмот | Оригинален наслов | Режија |
---|---|---|---|
1919 | Im Schatten des Glücks | Јакоб Флек и Луиза Флек | |
1923 | Малиот Наполеон | Der kleine Napoleon | Георг Јакоби |
1923 | Човекот на крајот од патот | Der Mensch am Wege | |
1923 | Љубовна трагедија | Tragödie der Liebe | Џо Меј |
1924 | Der Mönch von Santarem | Лотар Мендес | |
1924 | Скок во животот | Der Sprung ins Leben | Јохан Гитер |
1925 | Улица без радост | Г.В.Пабс | |
1925 | Танчерот на госпоѓата | Der Tänzer meiner Frau | Александер Корда |
1926 | Манон Леско | Артур Робисон | |
1926 | Госпоѓата не сака деца | Madame wünscht keine Kinder | Александер Корда |
1927 | Модерната Дибари | Eine Dubarry von heute | Александер Корда |
1927 | Лажниот барон | Der Juxbaron | Вили Волф |
1927 | Главата горе, Шарли | Kopf hoch, Charly! | Вили Волф |
1927 | Нејзиниот најголем блеф | Sein größter Bluff | Хенрик Галин |
1927 | Кафе Електрик | Café Elektric | Густав Учицки |
1928 | Принцезата Олала | Prinzessin Olala | Роберт Ланд |
1929 | Опасната веридба | Gefahren der Brautzeit | Фред Сауер |
1929 | Бакнувам рака, Мадам | Ich küsse Ihre Hand, Madame | Роберт Ланд |
1929 | Die Frau, nach der man sich sehnt. | ||
1929 | Бродот на изгубените души | Das, Schiff der verlorenen Menschen | Морис Турнер |
1929 | Синиот анѓел | Der Blaue Engel | Јозеф фон Штернберг |
1930 | Мароко | Morocco | Јозеф фон Штернберг |
1931 | Обесчестена | Dishonored | Јозеф фон Штернберг |
1932 | Шангај Експрес | Shanghaï Express | Јозеф фон Штернберг |
1932 | Русокосата Венера | Blonde Vénus | Јозеф фон Штернберг |
1933 | Песна над песните | Song of Songs | Рубен Мамулијан |
1934 | Црвената царица | The Scarlet Empress | Јозеф фон Штернберг |
1935 | Ѓаволот е жена | The Devil is a Woman | Јозеф фон Штернберг |
1936 | Желба | Desire | Ернст Љубич |
1936 | Градината на Алах | The Garden of Allah | Ричард Болеславски |
1937 | Витез без оклоп | Knight Without Armour | Жак Федер |
1937 | Анѓел | Angel | Ернст Љубич |
1939 | Destry Rides Again | Џорџ Маршал | |
1940 | Седумте гревови | Seven Sinners | Теј Гарнет |
1941 | Пламенот од Њу Орлеанс | The Flame of New Orleans | Рене Клер |
1941 | Manpower | Раул Волш | |
1942 | The Lady Is Willing | Мичел Лизен | |
1942 | The Spoilers | ||
1942 | Питсбург | Pittsburgh | Луис Силер |
1944 | Следи ги момците | Follow the Boys | А.Едвард Сатерленд |
1947 | Златните обетки | Golden Earrings | Мичел Лизен |
1948 | Странска афера | A Foreign Affair | Били Вајлдер |
1950 | Трема | Stage Fright | Алфред Хичкок |
1951 | Нема автопат на небото | No Highway in the Sky | Хенри Костер |
1952 | Rancho Notorious | Фриц Ланг | |
1956 | Пат околу светот за 80 дена | Around the World in Eighty Days | Мајкл Андерсон |
1957 | Приказната за Монте Карло | The Monte Carlo Story | Семјуел А. Тејлор |
1957 | Сведок | Witness for the Prosecution | Били Вајлдер |
1958 | Допир на злото | Touch of Evil | Орсон Велс |
1961 | Нирнберг | Nuremberg | Стенли Крамер |
Признанија
уредиОдликувања
уреди- 1947 : Медаља на слободата (едно од највисоките одликувања на САД) ;
- 1949 : витез на Легијата на честа (Франција)
- 1965 : крст на редот на Леополд (Белгија) ;
- 1965 : Медаља за храброст (Израел)[42] ·[43] ;
- 1983 : витез од редот на Уметноста и Книжевноста[44]
- Орден за заслуги (Франција)[44]
Награди
уреди- Награди Лорел 1958 : најдобра глумица во драма за „Сведок“
- Давид ди Донатело 1962 : специјална награда за улогата во Нирнберг
- Награда Тони 1968 : специјална награда за изведби на Бродвеј[45]
- Deutscher Filmpreis 1980 : почесна награда за придонес на германскиот филм
Номинации
уреди- Оскар : Најдобра глумица за „Мароко“[46]
- Златен Глобус 1958 : Најдобра глумица за „Сведок“
Ѕвезди на популарноста
уреди- 8 февруари 1960 - ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд
- 12 февруари 2010 - ѕвезда на Булеварот на ѕвездите во Берлин.
Почести
уреди- Астероидот (1010) Марлен, откриен во 1923 и тогаш именуван 1923 PF, подоцна бил преименуван во нејзина чест[47].
- Дојче Пост (германската пошта) објавила поштенска марка со ликот на Марлен Дитрих, со вредност 110 фенинзи за серијата Жените во германската историја.
- Во 2007, серија пенкала Монблан биле направени во нејзина чест[48].
-
Плоштадот Марлен Дитрих во Париз во 16 арондисман.
-
Ѕвезда за Марлен Дитрих на Булеварот на ѕвездите во Берлин
-
Комеморативна плоча на плоштадот Марлен Дитрих во Берлин, Германија
Наводи
уреди- ↑ Flint, Peter B. (7 May 1992). „Marlene Dietrich, 90, Symbol of Glamour, Dies“. The New York Times.
- ↑ „Marlene Dietrich to be US Citizen“. Painesville Telegraph. 6 March 1937.
- ↑ „Citizen Soon“. The Telegraph Herald. 10 March 1939.
- ↑ „Seize Luggage of Marlene Dietrich“. Lawrence Journal World. 14 June 1939.
- ↑ „Marlene Dietrich – The Ultimate Gay Icon » The Cinema Museum, London“. The Cinema Museum, London. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ „AFI's 50 Greatest American Screen Legends“. American Film Institute. Посетено на 30 August 2014.
- ↑ Born as Maria Magdalena, not Marie Magdalene, according to Dietrich's biography by her daughter, Maria Riva (Riva 1993); however Dietrich's biography by Charlotte Chandler cites "Marie Magdalene" as her birth name (Chandler 2011, p. 12).
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Steven., Bach (2011). Marlene Dietrich : life and legend (1 University of Minnesota Press. изд.). Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 0816675848. OCLC 741751642.
- ↑ Charlotte., Chandler (2011). Marlene : Marlene Dietrich, a personal biography (1 Simon & Schuster hardcover. изд.). New York: Simon & Schuster. ISBN 1439188351. OCLC 617550843.
- ↑ "Marlene Dietrich (German-American actress and singer)" Архивирано на 15 август 2016 г.. Our Queer History.
- ↑ „Tragodie der Liebe (1923) - Overview - TCM.com“. Turner Classic Movies (англиски). Посетено на 2018-02-13.
- ↑ Liedtke, Harry; Dietrich, Marlene; Guingand, Pierre de (1929-09-12), I Kiss Your Hand Madame, Посетено на 2018-02-13
- ↑ Kortner, Fritz; Dietrich, Marlene; Irvine, Robin (1930-01-10), The Ship of Lost Men, Посетено на 2018-02-13
- ↑ "The Ex-Marlene Dietrich, Multiple Best in Show Winning 1930 Rolls-Royce Phantom". Bonhams.
- ↑ See e.g. Thomson (1975), p. 587: "He was not an easy man to be directed by. Many actors—notably [Emil] Jannings and William Powell—reacted violently to him. Dietrich adored him, and trusted him...."
- ↑ Cooper, Gary; Dietrich, Marlene; Menjou, Adolphe (1930-12-06), Morocco, Посетено на 2018-02-14
- ↑ Dietrich, Marlene; McLaglen, Victor; Seyffertitz, Gustav von (1931-04-04), Dishonor, Посетено на 2018-02-14
- ↑ Dietrich, Marlene; Brook, Clive; Wong, Anna May (1932-02-12), Shanghai Express, Посетено на 2018-02-14
- ↑ Dietrich, Marlene; Grant, Cary; Marshall, Herbert (1932-10-28), Blonde Venus, Посетено на 2018-02-14
- ↑ Dietrich, Marlene; Aherne, Brian; Atwill, Lionel (1933-07-19), The Song of Songs, Посетено на 2018-02-14
- ↑ Dietrich, Marlene; Lodge, John; Jaffe, Sam (1934-09-07), The Scarlet Empress, Посетено на 2018-02-14
- ↑ Dietrich, Marlene; Atwill, Lionel; Horton, Edward Everett (1935), The Devil Is a Woman, Посетено на 2018-02-14
- ↑ See, for example, Thomson (1975). The entry for Dietrich: "With him [von Sternberg] Dietrich made seven masterpieces [i.e. Blue Angel in Germany and the six in Hollywood], films that are still breathtakingly modern, which have no superior for their sense of artificiality suffused with emotion and which visually combine decadence and austerity, tenderness and cruelty, gaiety and despair."
- ↑ 24,0 24,1 1941-, Thomson, David (1975). A biographical dictionary of the cinema. London: Secker & Warburg. ISBN 0436520109. OCLC 1959828.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ 1941-, Spoto, Donald (2000). Blue angel : the life of Marlene Dietrich (1 Cooper Square Press. изд.). New York: Cooper Sqare Press. ISBN 9781461624219. OCLC 820829974.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ Nightingale, Benedict (1 February 1979). "After Making Nine Films Together, Hepburn Can Practically Direct Cukor; Hepburn Helps Cukor Direct The Corn Is Green'" – via NYTimes.com.
- ↑ 27,0 27,1 Steven., Bach (1992). Marlene Dietrich : life and legend (1. изд.). New York: Morrow. ISBN 0688071198. OCLC 26362126.
- ↑ Helm, Toby (24 June 2000). "Film star felt ashamed of Belsen link". The Daily Telegraph.
- ↑ Flint, Peter B. (7 May 1992). "Marlene Dietrich, 90, Symbol of Glamour, Dies". The New York Times.
- ↑ "Miss Dietrich to Receive Medal"[мртва врска]. The New York Times. 18 November 1947.
- ↑ "A Look Back … Marlene Dietrich: Singing For A Cause" Архивирано на 21 август 2014 г.. Central Intelligence Agency. 23 October 2008.
- ↑ "Marlene Dietrich : Biography". Who's Who – The People Lexicon (in German). www.whoswho.de. Retrieved 5 January 2013.
Chevalier de la Légion d'Honneur and Officier de la Légion d'Honneur
- ↑ Carpenter, Cassie (9 August 2011). "Cassie's Corner: Marlene Dietrich's Top 10 Badass One-Liners". L.A Slush.
- ↑ 1949-2010., O'Connor, Patrick ((1992 [printing])). The amazing blonde woman : Dietrich's own style. London: Bloomsbury. ISBN 0747512647. OCLC 59883824. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) - ↑ „Act follows suggestion of song's title“. Toledo Blade. Ohio. 7 November 1973. стр. 37.
- ↑ Voss, Joan. „Marlene Dietrich“. Senior Connection. Посетено на 24 July 2015.
- ↑ „Nehmt nur mein Leben ... : Reflexionen / Marlene Dietrich“. Library of Congress Online Catalogue. Посетено на 11 October 2016.
- ↑ „Marlene“. Atlas International. Архивирано од изворникот на 5 January 2009. Посетено на 26 January 2009.
- ↑ "I have given up belief in a God." Allen Smith, Warren (2002). Celebrities in Hell: A Guide to Hollywood's Atheists, Agnostics, Skeptics, Free Thinkers, and More. Barricade Books Inc. стр. 130. ISBN 1-56980-214-9.
- ↑ „Obituary for Marlene Magdelene Dietrich“. The Message Newsjournal. Архивирано од изворникот на 2014-01-01. Посетено на 9 June 2013.
- ↑ „Obituary of Maria Magdalene "Marlene" Dietrich“. The Message Newsjournal. Архивирано од изворникот на 2014-01-01. Посетено на 9 June 2013.
- ↑ (англиски) Herbert G. Luft, « Marlene Dietrich First German to Receive Israel Medallion of Valour »Предлошка:Référence insuffisante.
- ↑ (англиски) Herbert G. Luft, « Israel's Medallion of Valour Awarded Marlene Dietrich »[мртва врска], The Jewish Chronicle, 3 декември 1965, ( de l'archive).
- ↑ 44,0 44,1 (англиски) « The Legendary, Lovely Marlene - Dietrich's War » Архивирано на 28 мај 2013 г., sur le site Marlene Dietrich.org.uk (access-date 7 февруари 2016).
- ↑ „1968 Tony Award Winners (BroadwayWorld.com)“. www.broadwayworld.com (англиски). Посетено на 2017-12-27.
- ↑ Предлошка:Article
- ↑ , 2003 ISBN 978-3-540-29925-7 Предлошка:Lire en ligne
- ↑ « Marlene Dietrich Special Edition »
Надворешни врски
уреди„Марлен Дитрих“ на Ризницата ? |
- Официјална страница. Архивирано на 28 декември 1996 г.
- Англиска страница посветена на Марлен Дитрих - Легендарната, прекрасна Марлен.
- Марлен Дитрих на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
.