Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на филолошките науки во Република Македонија. Наречен е по истакнатниот книжевник и јазичар Блаже Конески (1921-1993) — еден од првите негови професори.
Вид | државен |
---|---|
Основан | 1974 |
Декан | д-р Владимир Мартиновски |
Место | Скопје, Македонија |
flf.ukim.mk |
Основање
уредиФилолошкиот факултет бил основан со закон што го донела Владата на НР Македонија за организирање универзитет во Скопје во 1945 година и со посебно решение во 1946 година. Првиот декан бил Михаил Петрушевски, а првите предавања започнале на 16 декември 1946 како дел од тогашниот прв македонски факултет - филозофскиот факултет, кој е темелник на тогаш идниот македонски универзитет, денешниот „Св. Кирил и Методиј”. Денес факултетот постои веќе 63 години, а како самостојна институција од 1974. Во 1995 година Филолошкиот факултет бил преименуван во Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Први професори
уредиПрвите петмина професори на Филолошкиот факултет на универзитетот во Скопје биле:
Катедри
уредиДодипломските студии на факултетот траат четири години, а од 2005 година наставата се изведува според критериумите на европскиот кредит трансфер систем и Болоњската декларација. Наставно-научната работа на факултетот се изведува преку единаесет катедри на првиот циклус студии[1]:
- Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици
- Македонски јазик
- Словенечки јазик и книжевност
- Хрватски јазик и книжевност
- Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности
- Катедра за албански јазик и книжевност.
- Катедра за турски јазик и книжевност
- Катедра за славистика
- Руски јазик и книжевност
- Полски јазик и книжевност
- Чешки јазик и книжевност
- Двојазични славистички студии
- Катедра за романски јазици и книжевности
- Француски јазик и книжевност
- Шпански јазик и книжевност
- Романски јазик и книжевност
- Катедра за германски јазик и книжевност
- Катедра за англиски јазик и книжевност
- Катедра за општа и компаративна книжевност
- Катедра за преведување и толкување
- Катедра за италијански јазик и книжевност
Постојат исто така уште два оддела:
- Оддел за настава по странски јазик на нематичните факултети
- Центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик
Покрај јазиците на катедрите, на факултетот се изучуваат и следниве јазици[2]:
Вториот циклус студии е организиран во четири научни области[3]:
- Македонски јазик
- Македонска книжевност
- Наука за јазик (албански, турски, англиски, германски, романистика, славистика)
- Наука за книжевност (општа и компаративна, албанска, англиска, турска, германска, романистика, славистика)
- Конференциско толкување
На третиот циклус студии се нудат три студиски програми[4]:
- Наука за јазик
- Наука за книжевност
- Македонистика
Библиотека
уредиФилолошкиот факултет располага со девет библиотеки при соодветните катедри. Библиотеките располагаат со богат фонд на книги и списанија што го користат голем број студенти, наставници и научни работници од факултетот и надвор од него. Фондот на книги и списанија се обновува постојано со средства на факултетот, но и со донации на странски амбасади, културни центри и други институции на земји чии јазици се изучуваат на филолошкиот факултет.
Издавачка дејност
уредиФакултетот има и издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, речници и други лексикографски трудови. Активно се издаваат списанијата „Славистички студии“ и „Современа филологија“.[5]
Извори
уреди- ↑ „Прв циклус – додипломски студии – Филолошки факултет „Блаже Конески"“. Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 2019-04-08.
- ↑ Активни студиски програми Архивирано на 6 април 2019 г., Филолошки факултет „Блаже Конески“
- ↑ „Втор циклус – постдипломски студии – Филолошки факултет „Блаже Конески"“. Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 2019-04-08.
- ↑ „Трет циклус – докторски студии – Филолошки факултет „Блаже Конески"“. Архивирано од изворникот на 2019-04-09. Посетено на 2019-04-08.
- ↑ „Издавачка дејност – Филолошки факултет „Блаже Конески"“. Архивирано од изворникот на 2019-04-06. Посетено на 2019-04-08.
Надворешни врски
уреди- Филолошки факултет „Блаже Конески“ Архивирано на 15 јануари 2009 г.