Коста Пеев
Коста Пеев (Струмица, 26 јуни 1936)[1] — македонски славист и македонист, дијалектолог и специјалист за дијалектите на македонскиот јазик од Егејска Македонија.[2][3]
Животопис
уредиПрофесор Коста Пеев е дијалектолог и македонист. Роден е во Струмица. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1956-1960). Својата научна дејност ја започнува во 1963 г., кога е избран за асистент во Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во одделението за дијалектологија во Скопје. Во 80- те години зема учество во меѓународен проект за создавање на Сесловенски лингвистички атлас,а потоа и на: Карпатски дијалактолошки атлас и Европски лингвистички атлас. Како редовен професор (1989) по предметот Дијалектологија на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет во два мандата е шеф на Катедрата за македонски јазик. Соработник е на меѓународните проекти ОЛА, ОКДА, ЕЛА.
Автор е на шеесетина лингвистички статии и на дијактелочки речник. Својот обемен архив од скапоцени етнолошки и лингвистички материјали го подарил на Институтот за етнологија и антропологија.[2][4]
Професор Коста Пеев е носител на наградите „Гоце Делчев“, државната награда за образование „Свети Климент Охридски“, како и добитник на високото државно признание – Медал за заслуги за Македонија.[5][6]
Дела
уреди- „Речник на македонските дијалекти од југоисточниот дел на Егејска Македонија“
- „Кукушкиот говор“ (1988 и 1989)
- „Дојрански дијалект“ (1979)
- Раскази за бегалците од Кукуш, записи за дијалекти и речник.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1126. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
- ↑ 2,0 2,1 „НАЈСТАРИОТ МАКЕДОНИСТ КОСТА ПЕЕВ ЈА ПОДАРИ ЗБИРКАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА“. Сакам Да Кажам. 2019-04-13.
- ↑ „ПЕЕВ, Коста“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-11.
- ↑ „Професорот Коста Пеев му донираше скапоцени етнолошки и лингвистички материјали на Институтот за етнологија и антропологија“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2019-06-21.
- ↑ „Струмичкиот говор: етно-лингвистички материјали - ново издание на професорот Коста Пеев“. Радио МОФ (англиски). 2020-10-06.
- ↑ „На Институтот за етнологија формирана збирка „Проф. д-р Коста Пеев"“. makpress.mk.