Аријана Гранде-Бјутера (англиски: Ariana Grande, 26 јуни 1993) — американска пејачка, глумица и текстописец. Се смета за поп-икона и влијателна фигура во забавната музика. Препознатлива е по нејзиниот вокален дијапазон од четири октави. Гранде во текот на нејзината кариера добила многу признанија, меѓу кои: две Греми награди, една награда Брит, две музички награди од Билборд, три Американски музички награди, девет MTV видео музички награди, а соборила 36 Гинисови рекорди. Ролинг стоун ја прогласил за една од најдобрите пејачи на сите времиња.

Аријана Гранде
Аријана Гранде во 2024
Животописни податоци
Родено имеАријана Гранде-Бутера
Роден(а)26 јуни 1993(1993-06-26)(31 г.)
Бока Ратон, Флорида, САД
ЖанровиПоп,
R&B
ЗанимањаГлумица, пејачка, текстописец
ИнструментиВокали, пијано
Период на активност2008–сегашност
ИздавачиRepublic
Мреж. местоarianagrande.com

Со продадени над 90 милиони плочи, Аријана Гранде се вбројува меѓу музичарите со најмногу продадени албуми; сите нејзини студиски албуми биле сертифицирани со најмалку платинест тираж од Здружението на музички сниматели на Америка (RIAA). Вкупно има собрано 98 милијарди стримови, а со тоа Гранде е меѓу најстримуваните музичари на сите времиња и најстримувана музичарка (со податоци до 2021 година). Таа била најстримувана жена-изведувач во 2010-тите и во женска конкуренција има најмногу песни со преку милијарда стримови (вкупно 14 песни) на Spotify. Гранде има многу следбеници на друштвените мрежи; со над 380 милиони следбеници, таа е шеста најследена личност на Инстаграм и една од најпретплатените и најследените музичари на YouTube и Spotify. Од списанието Билборд била прогласена за жена на годината (2018) и за најуспешна музичарка која ја започнала кариерата во 2010-тите; се нашла на многу списоци, како: годишниот список за влијателни личности Time 100 (2016 и 2019), годишната листа на Форбс од 100 најмоќни луѓе (2019-2020) и била највисоко рангирана музичарка на списокот од „Музичари со најголеми приходи“ од Форбс (2020).

Аријана Гранде, покрај музичката и филмската кариера, соработувала со многу добротворни организации и се залагала за правата на животните, душевното здравје и родова, расна и ЛГБТ еднаквост. Во 2021 година го лансирала козметичкиот бренд R.E.M. Beauty.

Детство

уреди

Гранде е родена и израсната во Бока Ратон, Флорида.[1] [2] Ќерка е на Џоан и Едвард Гранде. Френки Гранде е нејзин постар полубрат, кој исто така е глумец.[3] Таа има италијанско потекло.[4] Нејзините родители се разделиле кога таа имала осум или девет години.[5]

Како мало дете, Гранде настапувала со Детскиот театар од Форт Лодердејл,[6] а прва улога ѝ била глумењето на сирачето Ени во мјузиклот Ени. Во детскиот театар глумела и во претставите: Волшебникот од Оз и Убавицата и ѕверот.[7][8] На осумгодишна возраст, таа пеела во караоке-салон на брод за крстарење и пеела со различни оркестри како: Филхармонијата на Јужна Флорида, Флорида Саншајн Попс и Симфониски оркестри.[9] Во тоа време, таа учела во училиштето „Пајн Крест“, а подоцна и во подготвителното училиште „Норт Броуард“.[10]

Кариера

уреди

2008–2013: Почетоци и Никелодеон

уреди

Кога пристигнала во Лос Анџелес за да се сретне со нејзините менаџери, таа изразила желба да сними R&B албум: „Им реков во смисла: „Сакам да направам R&B албум“, а тие изреагираа како „Хм, многу високо целиш. Кој ќе купи R&B албум од 14-годишно дете?!“ Гранде го остварила своето глумечко деби во 2008 година во улогата на Шарлот во мјузиклот на Бродвеј "13".[11] Во 2010 година го создала лик Миријам при читање на новиот мјузикл "Cuba Libre", во авторство на Дезмонд Чајлд.

 
Гранде на кинофестивалот Трибека во 2010 година

Во 2009 година Гранде била избрана да глуми во телевизиската серија на Nickelodeon, Побединичка. Во ситкомот, со дејство сместено во средно училиште за сценски уметности, таа ја глумела Кет Валентајн - слатко, наивно и секогаш насмеано девојче. За оваа улога таа морала секоја втора недела да ја бојадисува косата во црвено, по што сериозно ѝ се оштетила. Емисијата премиерно почнала да се прикажува во март 2010 година, а првата епизода ја следеле 5,7 милиони гледачи.[12] [13] Улогата ѝ помогнала Гранде да стекне статус на тинејџерски идол, но таа повеќе била заинтересирана за музичка кариера и рекла дека глумата е „забавна, но музиката отсекогаш беше на прво место за мене“. За време на снимањето на Победничка, Гранде направила неколку снимки на кои пеела преработки на песни од Адел, Витни Хјустон и Мараја Кери и ги поставила на YouTube.[14] Извршниот директор од Republic Records водел едно од видеата и импресиониран од нејзиниот глас ѝ понудил договор за снимање.[15] Во ноември 2011 година Гранде го позајмила гласот на главниот лик во англиската синхронизација на анимираниот филм на шпански јазик, Снегулка, белата горила.[16][17] Од 2011 до 2013 година, ја глумела принцезата Дијапро во Винкс клуб.[18]

Во декември 2011 година, Гранде го издала нејзиниот прв сингл, „Put Your Hearts Up“, снимен за нејзин тинејџерски поп-албум кој не бил издаден.[19] На вториот саундтрак од Победничка, Victorious 2.0, објавен на 5 јуни 2012 година, таа ако дел од екипата на емисијата ја испеала песната „5 Fingaz to the Face“.[20] Третиот и последен саундтрак, Victorious 3.0, бил објавен на 6 ноември 2012 година, во кој Гранде и Викторија Џастис ја испеале песната „LA Boyz“, а придружното музичко видео било објавено набргу потоа. [21] Во декември 2012 година, Гранде соработувала со британскиот пејач Мика и во дует ја испеале на сингл-верзијата на „Popular Song“.[22]

Гранде ја глумела Снежана во театарскиот мјузикл во пантомима-стил, Божик со Снежана (англ. A Snow White Christmas) во театарот во Пасадена.[23] Таа ја глумела Аманда Бенсон во филмот Измама (англ. Swindle), филмска адаптација од 2013 година од истоимената книга за деца.[24][25] Во меѓувреме, Nickelodeon ја создала Сем и Кет, спин-оф на iCarly и Победничка со Џенет Мекарди и Аријана Гранде во главните улоги.[26] Гранде и Мекарди ги повториле нивните улоги како Кет Валентин и Сем Пакет во кој тие се цимерки кои основаат компанија за чување деца.[27]

2013–2015: Први албуми: Yours Truly и My Everything

уреди
 
Аријана Гранде во 2013

На 30 август 2013 година, Гранде го издала нејзиниот прв студиски албум Yours Truly. Албумот дебитирал на прво место на американската топ-листа за албуми Билборд 200.[28][29][30] Yours Truly, исто така, дебитирал во топ-10 во неколку други земји, вклучувајќи ги: Австралија,[31] Обединетото Кралство,[32] Ирска[33] и Холандија.[34] Водечкиот сингл "The Way", во соработка со раперот од Питсбург, Мек Милер, дебитирал на десетто место на Билборд Хот 100.[35] Подоцна од албумот биле објавени сингловите: "Baby I" (јули 2013)[36] и "Right There" (август 2013)[37] во соработка со раперот Биг Шон.

Гранде го снимила дуетот „Almost Is Never Enough “ со Нејтан Сајкс од The Wanted, кој бил издаден како промотивен сингл во август 2013 година. Таа му се придружила на Џастин Бибер за три концерти од неговата турнеја Believe Tour, а потоа ја започнала нејзината мини-турнеја, The Listening Sessions.[38] На Американските музички награди во 2013 година, Гранде ја освоила наградата „Нов изведувач на годината“. [39] [40] Во декември 2013 година го издала Christmas Kisses, божиќно EP со четири песни.[41] Гранде ја добила наградата „Музички пробив на годината“ од Музичкото деловно здружение.[42] Во јануари 2014 година, Гранде почнала да го снима нејзиниот втор студиски албум, за кој соработувала со пејачот и текстописец Рајан Тедер и продуцентите Бени Бланко и Макс Мартин.[43] Истиот месец, ја добила наградата „Омилен извонреден изведувач“ на Наградите по избор на народот.[42]

Гранде го издала нејзиниот втор студиски албум My Everything на 25 август 2014 година и тој дебитирал на врвот на Билборд 200.[44] Водечкиот сингл од албумот, „Problem“, дебитирал на трето место (потоа се искачил на второ место) на Billboard Hot 100.[45] Вториот сингл од албумот, „Break Free“, во соработка со германскиот музичар Зед,[46] се искачил на четврто место во Соединетите Држави.[47] Таа ја извела оваа песна на отворањето на МТV Video музичките награди во 2014 година на кои за песната „Problem“ ја освоила наградата „Најдобро поп-видео“.[48] Гранде и Ники Минаж биле гости-пејачки на песната „Bang Bang“, водечки сингл од албумот Sweet Talker од Џеси Џеј,[49] кој се искачил на прво место во Обединетото Кралство.[47] Со сингловите „Problem“, „Break Free“ и „Bang Bang“, Гранде ѝ се придружила на Адел како единствен женски изведувач кој истовремено има три синглови во топ-10 на Billboard Hot 100.[50]

Дискографија

уреди
  • Yours Truly (2013)
  • My Everything (2014)
  • Dangerous Woman (2016)
  • Sweetener (2018)
  • Thank U, Next (2019)
  • Positions (2020)
  • Eternal Sunshine (2024)

Филмографија

уреди

Видеографија

уреди
Спот Година Режисер
Put Your Hearts Up 2012 Џереми Алтер
The Way 2013 Џонс Кроу
Popular Song 2013 Крис Марс Пилиеро
Almost Is Never Enough 2013 Нев Тодоровић
Baby I 2013 Рајан Палота
Right There 2013 Нев Тодоровић
Problem 2014 The Young Astronauts
Break Free 2014 Крис Марс Пилиеро
Bang Bang 2014 Хана Лукс Дејвис
Don't Be Gone Too Long 2014 Крис Браун
Love Me Harder 2014 Хана Лукс Дејвис
Santa Tell Me 2014 Алфредо Флорес/Џонс Кроу
One Last Time 2015 Макс Лендис
E Più Ti Penso 2015 Гаетано Морбиоли
Focus 2015 Хана Лукс Дејвис
Dangerous Woman 2016 The Young Astronauts
Let Me Love You 2016 Грант Сингер/Матијас
Into You 2016 Хана Лукс Дејвис
Side to Side 2016 Хана Лукс Дејвис
Faith 2016 Алан Биби
Everyday 2017 Крис Марс Пилиеро
Beauty and the Beast 2017 Дејв Мајерс
No Tears Left to Cry 2018 Дејв Мајерс
The light is coming 2018 Дејв Мајерс
God Is a Woman 2018 Дејв Мајерс
breathin 2018 Хана Лукс Дејвис
thank u, next 2018 Хана Лукс Дејвис
7 rings 2019 Хана Лукс Дејвис
break up with your girlfriend, i'm bored 2019 Хана Лукс Дејвис
Rule The World 2019 Себастијан Сдаигуи
in my head 2019 Бардиа Зеинали
boyfriend 2019 Хана Лукс Дејвис
Don't Call Me Angel 2019 Хана Лукс-Дејвис
Rain On Me 2020 Роберт Родригес
positions 2020 Дејв Мејерс
34+35 2020 Дејв Мејерс
34+35 (remix) 2021 Стефан Кохли
Save Your Tears (Remix) 2021 Џек Браун
It Was A…(Masked Christmas) 2021 Дан Опсал
yes,and? 2024 Кристијан Бреслауер
we can't be friends 2024 Кристијан Бреслауер
the boy is mine 2024 Кристијан Бреслауер
TBA 2024 Кристијан Бреслауер
TBA 2024 Кристијан Бреслауер

Наводи

уреди
  1. Collar, Matt. „Ariana Grande Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 19, 2023. Посетено на May 22, 2010.
  2. Sheets, Connor Adams (October 6, 2013). „Who Is Ariana? All About Ariana Grande, Leader of the Arianators“. International Business Times. Архивирано од изворникот на January 10, 2014. Посетено на February 7, 2015.
  3. Gonzales, Erica (December 14, 2016). „Ariana Grande Had the Perfect Response When Her Brother Came Out“. Harpers Bazaar. Архивирано од изворникот на December 15, 2016. Посетено на December 14, 2016.
  4. Профил на Твитер
  5. Празен навод (help)
  6. Geggis, Anne (August 31, 2012). „America's Tweetheart: Boca-born singer/actress big on Twitter“. South Florida Sun-Sentinel. Florida. Архивирано од изворникот на August 6, 2018. Посетено на September 13, 2014.
  7. Savage, Mark (May 23, 2017). „Ariana Grande: The diva with a heart“. BBC. Архивирано од изворникот на May 24, 2017. Посетено на October 25, 2017.
  8. Празен навод (help)
  9. „About Ariana Grande“. MTV. Архивирано од изворникот на February 16, 2017. Посетено на August 28, 2014.
  10. Празен навод (help)
  11. Brantley, Ben (October 6, 2008). „Stranger in Strange Land: The Acne Years“. The New York Times. Архивирано од изворникот на February 9, 2018. Посетено на September 11, 2014.
  12. Wyatt, Edward (March 25, 2010). „First the Tween Heart, Now the Soul“. The New York Times. Архивирано од изворникот на June 17, 2012. Посетено на August 30, 2014.
  13. Seidman, Robert (March 29, 2010). „Nickelodeon Scores 2nd Biggest "Kids' Choice Awards"; "Victorious" Bows to 5.7 Million“. TV by the Numbers. Архивирано од изворникот на July 11, 2015. Посетено на September 3, 2014.
  14. „Universal Republic Records Announces the Signing of Ariana Grande“. Reuters. August 11, 2011. Архивирано од изворникот на October 26, 2014. Посетено на August 29, 2014.
  15. Празен навод (help)
  16. Dinh, James (June 28, 2011). „Greyson Chance Gets Revenge In 'Unfriend You' Video“. MTV. Архивирано од изворникот на March 19, 2019. Посетено на July 10, 2015.
  17. Празен навод (help)
  18. Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
  19. „Artist Biography by Stephen Thomas Erlewine“. AllMusic. Архивирано од изворникот на May 2, 2019. Посетено на August 28, 2014.
  20. Phares, Heather (June 5, 2012). „Victorious 2.0: More Music from the Hit TV Show“. AllMusic. Архивирано од изворникот на April 3, 2019. Посетено на August 31, 2014.
  21. „Victoria Justice & Ariana Grande: "L.A. Boyz". Nick.com. Архивирано од изворникот на October 16, 2014. Посетено на August 31, 2014.
  22. Depland, Michael (April 29, 2013). „New Video: Mika Featuring Ariana Grande, 'Popular Song'. MTV. Архивирано од изворникот на May 3, 2013. Посетено на May 5, 2013.
  23. Denette, Kelsey. „Ariana Grande, Charlene Tilton and Neil Patrick Harris Headline A SNOW WHITE CHRISTMAS at Pasadena Playhouse, 12/13-23“. BroadwayWorld. Архивирано од изворникот на October 13, 2013. Посетено на April 1, 2024.
  24. Празен навод (help)
  25. Празен навод (help)
  26. Празен навод (help)
  27. „Nickelodeon greenlights an 'iCarly' spinoff and other new shows“. Los Angeles Times. August 3, 2012. Архивирано од изворникот на August 7, 2012. Посетено на August 12, 2012.
  28. Празен навод (help)
  29. Празен навод (help)
  30. „Ariana Grande, Tamar Braxton Score Top Debuts“. Rap-Up. September 11, 2014. Архивирано од изворникот на June 24, 2019. Посетено на August 29, 2014.
  31. „WEEK COMMENCING 9 SEPTEMBER, 2013“. ARIA. Архивирано од изворникот на September 21, 2013.
  32. Lane, Daniel. „The 1975 score debut Number 1 album“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на October 18, 2014. Посетено на September 8, 2013.
  33. „GFK Chart-Track – Irish Album Chart 5 September 2013“. chart-track.co.uk. Архивирано од изворникот на December 14, 2018. Посетено на March 31, 2016.
  34. „Yours Truly“. Dutch Charts. Архивирано од изворникот на November 29, 2019. Посетено на November 15, 2014.
  35. „Ariana Grande, Tamar Braxton Score Top Debuts“. Rap-Up. September 11, 2014. Архивирано од изворникот на June 24, 2019. Посетено на August 29, 2014.
  36. „iTunes – Music – Baby I – Single by Ariana Grande“. Apple Music. July 22, 2013. Архивирано од изворникот на August 22, 2013. Посетено на September 1, 2013.
  37. Празен навод (help)
  38. Vena, Jocelyn (July 29, 2013). „Ariana Grande 'Working Out A Lot' Before Justin Bieber Tour“. MTV. Архивирано од изворникот на September 12, 2019. Посетено на August 30, 2014.
  39. Празен навод (help)
  40. Празен навод (help)
  41. „Ariana Grande to release new music in the lead-up to Christmas“. Digital Spy. November 6, 2013. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на August 30, 2014.
  42. 42,0 42,1 Празен навод (help)
  43. Menyes, Carolyn (January 13, 2014). „Ariana Grande Twitter announces she's working on second album in studio“. Music Times. Архивирано од изворникот на April 5, 2019. Посетено на January 14, 2014.
  44. „Ariana Grande scores second chart-topping album on Billboard 200“. Reuters. September 3, 2014. Архивирано од изворникот на July 26, 2023. Посетено на July 26, 2023.
  45. „Ariana Grande | Biography, Music & News“. Billboard. Архивирано од изворникот October 13, 2022. Посетено на July 26, 2023.
  46. Lipshutz, Jason (June 23, 2014). „Ariana Grande's 'Break Free': Zedd Discusses The 'Problem' Follow-Up“. Billboard. Архивирано од изворникот June 17, 2018. Посетено на July 28, 2014.
  47. 47,0 47,1 Празен навод (help)
  48. Ehrlich, Brenna (August 24, 2014). „Ponytail Princess Ariana Grande Wins Best Pop Video VMA“. MTV. Архивирано од изворникот на September 16, 2019. Посетено на September 2, 2014.
  49. Lipshutz, Jason (July 1, 2014). „Jessie J, Ariana Grande, Nicki Minaj Combine For 'Bang Bang' Single“. Billboard. Архивирано од изворникот June 17, 2018. Посетено на August 20, 2014.
  50. Trust, Gary (August 20, 2014). „Ariana Grande, Iggy Azalea Triple Up In Hot 100's Top 10, MAGIC! Still No. 1“. Billboard. Архивирано од изворникот June 13, 2018. Посетено на August 20, 2014.

Надворешни врски

уреди