Демократија

(Пренасочено од Демократ)

Демократија или соборност[1] (од старогрчки: δημος, „народ“ и κρατειν, „владеење“ = „владеење на народот“) — општествено уредување каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на слободен изборен систем.

Знаме на протести во Хонгконг, со кое се бара демократија
Серијал за Политика:
Подсерии од Политика

Според дефиницијата на Абрахам Линколн, „демократијата е управување на народот, од народот и за народот“.

Во практика терминот демократија означува облик на владеење каде сите државни одлуки се спроведуваат директно или индиректно од страна на мнозинството на граѓаните преку праведен изборен процес. Една влада може да биде класифицирана како демократска, кога овие услови се исполнети.

Варијации на демократијата

уреди

Аристотел

уреди

Во своет дело „Политика“, Аристотел се обидува да открие која форма на државно уредување е најдобра. Тој ги дели политичките режими според две начела - колкумина учествуваат во власта и како таа постапува, со добрина или со лоши цели и дејства, со насилство или со разбирање со населението.

Според Аристотел има шест вида власт. Добрите се: монархија - кога владее еден (наследствено) и добро; аристократија - кога со добро владее група на најдобри во државата (аристо=најдобар); и демократија - кога власта што владее со добро се добива според гласовите на мнозинството.

Лошите форми на власта се: тиранија - кога владее еден (кој со сила ја земал власта) и насилнички; олигархија - кога владее група најбогати кои водат грижа само за себе; и охлократија - кога владее џганот, односно мнозинството од лоши луѓе (или нивни избрани) кои прават само зло[2].

Иако сметана за праведно уредување, демократијата кај Аристотел котира на најниско рамниште меѓу трите претставници на добрата варијанта на државно уредување[3].

Директна демократија

уреди

Директната демократија се дефинира како систем во кој граѓаните одлучуваат за секоја поголема политичка одлука. Се нарекува директна бидејќи во буквална смисла нема ниту посредници, ниту претставници. Директната демократија по обичај е поврзана со помали заедници како грчките полиси.

Денес, ограничен тип на директна демократија се забележува во некои од швајцарските кантони и некои помали организации во Нова Англија (обично заедници со под 10 000 гласачи).

Директните демократии многу тешко функционираат кога има големо гласачко тело. Затоа, модерните демократски општества се обидуваат да ја вклучат директната демократија преку три сврзувачки елементи: референдуми (иницирани најчесто од владите), иницијативи (иницирани од луѓето) и повторни избори.

Претставничка демократија

уреди

Претставничката демократија вклучува избор на владини претставници од страна на луѓето кои потоа ги застапуваат нивните интереси, но не секогаш во согласност со нивните желби. Како тип на демократија чие функционирање се заснова на постоењето на посредници, таа стои во контраст со директната демократија. Сепак, дел од светските претставнички демократии, врската со директната демократија ја одржуваат преку референдумот.

Либерална демократија

уреди

Либералната демократија е форма на претставничката демократија која ја охрабрува заштитата на малцинствата, правото на законот, поделбата на силите и заштитата на слободата (оттука и името либерална - слободна) на говорот, религијата и сопственоста. Неслободната демократија е онаа демократија која не почитува или не признава ниту еден од принципите кои ја градат слободната, либерална демократија. Искуството со некои пост-советски држави го привлече вниманието на светската јавност врз овој феномен, иако самата појава не е нова: Наполеон III бесправно користел плебисцитарност за да ги оправда своите царски одлуки.

Социјализам

уреди

Социјализмот има развиено неколку различни и оригинални гледишта врз демократијата. Социјалната демократија, Демократскиот социјализам, Советската демократија и диктатурата на пролетаријатот се само дел од придонесот на социјализмот во политичката теорија на демократијата.

Анархизам

уреди

Некои анархисти се противат на постоењето на демократијата, но некои го поддржуваат. Пјер-Жозеф Прудон се именува себеси како најголем непријател на демократијата и социјализмот[4]. Мјуреј Букчин пак, ги критикува анархистите кои се противат на демократијата, велејќи дека владеењето на мнозинството е доследно на анархизмот[5].

Историја

уреди

Стара Грција и Рим

уреди
 
Оваа карта ги прикажува владите кои се декларираат (или не) како демократски (јуни 2006).
  Влади кои се декларираат како демократски и кои дозволуваат постоење на опозициони партии
  Влади кои се декларираат како демократски но кои не дозволуваат постоење на опозициони партии
  Влади кои не се декларираат како демократски

Владеењето од страна на луѓето играло многу важна улога во општествата од пред–христијанската ера. Демократиите развиени во грчките полиси (градови – држави) и во Рим, за време на раната фаза на Републиката воопшто не личеле на денешните демократии. Тие биле директни демократии во кои сите граѓани имале право да зборуваат и гласаат на посебни седници. Претставничка влада, избрана од народот била непозната за Старите Грци и непотребна, поради големината на полисите (речиси никогаш повеќе од 30 000 граѓани)[3]. Античките демократии, во своите составни делови, не предвидувале еднаквост на сите поединци; мнозинството, составено од робови и жени немале никакви права. Атина, најголемата меѓу сите градови–држави го ограничувала правото на гласање само на луѓе родени во рамките на полисот[6].

Римската демократија, во голема мера претставува копија на грчката, иако понекогаш, таа им гарантирала право на глас и на граѓани без римско потекло. Филозофијата на римските стоици, која ја дефинирала човечката раса како мал дел од некој божествен принцип и еврејската и христијанската религија, кои ги акцентираат правата на непривилегираните и еднаквоста на сите пред Бога, овозможила развиток на модерната теорија за демократијата.

Римската република завршила со деспотизмот на Римското Царство. Слободните градови во Италија, Германија и Фландрија успеале да задржат одреден дел од демократските принципи за време на Средниот Век. Робовите престанале да бидат мнозинство. Како што привршува епохата на феудализмот, се појавува богата средна класа, која ги поседувала и парите и времето потребно за да се учествува во владеачките кругови. Една последица од ваквата состојба е преродбата на духот на слободата врз основа на античките грчки и римски принципи. Концептот за еднакви политички и социјални права продолжува да се дефинира за време на ренесансата, кога се раѓа и хуманистичката идеологија, и подоцна за време на реформацијата, за време на борбата за религиска слобода.

Западна Европа и САД

уреди

Почнувајќи од првиот бунт против монархијата во Англија (1642 година), кој кулминира во мигот на егзекутирањето на кралот Чарлс I, политичките и револуционерните движења против автократските европски влади, ќе резултираат со основање на демократски влади[7]. Овие движења главно се инспирирани и водени од политички филозофи, особено француските филозофи Монтескје и Жан Жак Русо и американските државници Томас Џеферсон и Џејмс Медисон. Пред крајот на XIX век, секоја важна западноевропска монархија веќе имала усвоено Устав кој ја ограничувал моќта на Круната и им нудел значителен дел политичка моќ и на луѓето. Во секоја од овие земји, конституирано е законодавно тело по модел на британскиот парламент. Британската политика тогаш го има најголемото единствено влијание врз организацијата на светските демократии, иако и Француската револуција, исто така, се пробива со засилен ефект на влијание на целокупната светска сцена. Подоцна, успехот на демократските институции во САД, служи како модел за многу луѓе и држави.

Како главни одлики на современата демократија се истакнуваат: поединечната слобода, која им овозможува на граѓаните сами да ги преземат и слободата и одговорноста при создавањето на нивната иднина; еднаквост пред законот и универзално право на избор и образование. Овие одлики за првпат се спомнуваат во рамките на неколку важни историски документи, како на пример Американската Декларација за Независност, која ги промовира правото на живот, слобода и среќа; Француската Декларација за Правата на Човекот и Граѓанинот, која ги појаснува правата на цивилна слобода и еднаквост пред законот; и Атлантската Повелба која ги формулира четирите основни слободи.

До средината на дваесеттиот век, секоја независна земја во светот, со неколку исклучоци, веќе има формирано влада, која, ако не во пракса, тогаш на хартија, се залага за основните принципи на демократијата. Иако идеалите на демократијата се универзални, нивното разбирање и исполнување е различно за различни земји во светот.

 
Индекс на демократија според Economist Intelligence Unit од 2019 година. Со зелена боја се претставени подемократските земји. Со индекс од 6.16 Македонија е демократија со недостатоци.[8]
Целосна демократија:
  9.00-10.00
  8.00-8.99
Демократија со недостатоци:
  7.00-7.99
  6.00-6.99
Хибридни режими:
  5.00-5.99
  4.00-4.99
Авторитарни режими:
  3.00-3.99
  2.00-2.99
  0.00-1.99
Недоволно информации, нема оценка:
  

Темели и клучни поими

уреди

Темели на демократијата

уреди
  • сувереност на народот
  • власт заснована врз согласноста на владеаните
  • владеење на мнозинството
  • права на малцинствата
  • гаранции за основните човекови права
  • слободни и праведни избори
  • еднаквост пред законот
  • соодветна законска постапка
  • уставни ограничувања на власта
  • општествен, економски и политички плурализам
  • вредности на толеранција, прагматизам, соработка и компромис

Клучни поими

уреди

Демократијата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Демократија“ (англиски: Democracy) - песна на американската панк-рок група Адолесентс (Adolescents) од 1981 година.[9]
  • „Демократија“ (англиски: Democracy) - композиција на англискиот гудачки квартет Баланеску (Balanescu Quartet) од 1994 година.[10]
  • „Заспивање на демократијата“ (англиски: Bedtime For Democracy) - албум на американската панк-група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1986 година.[11]
  • „Д-д-демократија. Да!“ (англиски: D-D-Demoncracy. Yeah!) — песна на британската рок-група Disciplin A Kitschme од 2001 година.[12]
  • „Демократија“ (англиски: Democracy) - песна од истоимениот албум на британската рок-група Килинг џоук (Killing Joke) од 1996 година.[13]

Наводи

уреди
  1. „Демократија - Соборност“. Политички туѓизми. БИРР. Архивирано од изворникот на 2017-01-01. Посетено на 6 мај 2016.
  2. Филозофија за IV година, д-р Стефан Сидовски и д-р Кирил Темков, Просветно Дело Скопје, 2005
  3. 3,0 3,1 Шеста книга од Собраните дела на Аристотел
  4. Роберт Греам Основната идеја на Прудоновата Револуција
  5. Мареј Букчин Социјален Анархизам или Животен Анархизам: непремостив јаз
  6. Грчката демократија на BBC
  7. Ричард М. Пијус "Демократија" Microsoft® Encarta® 2006 [DVD]. Redmond, WA: Microsoft Corporation, 2005.
  8. „Democracy index 2012: Democracy at a standstill“ (PDF). Economist Intelligence Unit. 14 март 2013. Посетено на 6 јуни 2014.
  9. YouTube, Adolescents - Democracy (пристапено на 26.12.2016)
  10. DISCOGS, Balanescu Quartet* ‎– Luminitza (пристапено на 17.6.2020)
  11. Discogs, Dead Kennedys ‎– Bedtime For Democracy (пристапено на 20.5.2020)
  12. Disciplin A Kitschme – Refresh Your Senses. NOW! (пристапено на 12.9.2022)
  13. Discogs, Killing Joke ‎– Democracy (пристапено на 20.5.2020)

Надворешни врски

уреди