Паоло Малдини
Паоло Чезаре Малдини (роден на 26 јуни 1968 во Милано) — поранешен италијански фудбалер со богата историја позади себе. Има освоено седум титули во Серија А, пет пати Лигата на шампионите, пет пати Суперкупот на УЕФА и еднаш Светското клупско првенство.
Паоло Малдини | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Паоло Чезаре Малдини | ||
Роден на | 26 јуни 1968 | ||
Роден во | Милано, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | 1.87 | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Сегашен клуб | Милан (технички директор) | ||
Повлекување | 2009 (40 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1978–1985 | Милан | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1985–2009 | Милан | 647 | (29) |
Репрезентација | |||
1986–1988 | Италија 21 | 12 | (5) |
1988–2002 | Италија | 126 | (7) |
Многу често е споменуван како еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Малдини играше фудбал цели 25 години, до својата 40-годишна возраст и целата негова кариера ја помина само во еден клуб, Милан. Тој е добро познат по неговата брзина, по способноста да изврши прецизни стартови и по неговото огромно водачко влијание на и надвор од терените. Синот на Чезаре Малдини е најодбираниот играч во историјата на Милан, италијанската серија А и втор играч со најмногу настапи во италијанската репрезентација со 126 на број веднаш позади Фабио Канаваро.
Кариера
уредиМалдини додека бил дете, и покрај врската на неговиот татко со Милан, како играч и како менаџер, бил голем навивач на Јувентус, пред сè поради неговиот херој Роберто Бетега. Како и да е, во 1978 10-годишниот Малдини станал член на Милан, и откако покажал дека е надежен како лев бек, обезбедил место во младинскиот тим.
На 20 јануари 1985, на натпреварот против Удинезе, тогашниот тренер на Милан Нилс Лидхолм решил да му даде место на клупата на 16-годишниот Малдини. Кога Серџо Батистини се повреди и излезе на полувремето Малдини влезе на негово место како десен бек и го направи своето деби за тимот во кој остана целата негова кариера.[1][2] Иако тоа беше единствениот негов натпревар таа сезона, тој се разви многу брзо и стана прв избор на позицијата лев бек во сезоната 1985-86.
Во сезоната 1987/88 тој го освојува првото Скудето со Милан на последниот ден од сезоната поведувајќи ја својата екипа во победа против Наполи, а со тоа и освојувајќи три бода.
На 24 мај 1989 го освои и првиот негов Европски куп, откако Милан ја смачка Стеауа Букурешт со 4-0 и ја зема третата титула за тимот. Истата година тој беше Малдини беше прогласен за Европски фудбалер на годината под 21 година.
Следната сезона тимот на Малдини успеа да ја донесе втората последователна титула од Европскиот куп по победата над Бенфика од 1-0 во финалето на 23 мај 1990.
Сезоната 1991/92 беше специјална за црвено-црните.Тимот кој се состоеше од Марко Ван Бастен, Франко Барези, Роберто Донадони, Алесандро Костакурта, Франк Рајкард и Деметрио Албертини го освоија 12-тото Скудето во историјата на клубот и тоа без ниту еден претрпен пораз. Тие успеаја да го освојат Скудетото и следната година, овој пат завршувајќи пред второпласираниот Интер со 4 бода во најнезаборавната сезона со најмногу постигнати погодоци во историјата на Серија А.
Во сезоната 1993/94 Малдини го прослави неговото трето последователно Скудето со Милан и покрај тоа што неговата екипа успеа да постигне само 36 гола во 34 натпревари. На 18 мај 1994 Милан ја продолжи својата доминација во Европа со освојувањето на првата круна во Лигата на шампионите со победата во финалето против Барселона од 4-0. Оваа година Малдини ја доби и наградата од „World Soccer“ за најдобар фудбалер на светот за таа година, и стана првиот дефанзивец што ја добил оваа награда.
Во сезоната 1995/96 Малдини го прослави четвртото Скудето во пет сезони со својот тим, со неколку доминантни изведби меѓу кои разурнувањето на Кремонесе со 7-1.
Од сезоната 1997/98 тој ја наследува капитенската лента од Франко Барези, кој се пензионираше таа година, а во сезоната 1998/99 тој го освои и шестото домашно првенство во неговата кариера откако Росонерите ја осигураа титулата дури последниот ден кога им ја преземаа на Лацио.
На 28 мај 2003, на Олд Трафорд во Манчестер, Росонерите го подигнаа шестиот трофеј во Лигата на шампионите по победата на пенали над Јувентус по ремито од 0-0. Ова беше првиот трофеј подигнат од Паоло Малдини како капитен. На 31 мај Малдини ја освои првата титула во Копа Италија во неговата кариера по победата над Рома со вкупен резултат од 6-3, следејќи по ремито од 2-2 во вториот меч. Следната сезона Малдини со Милан ќе ја освои седмата и последна серија А титула оставајќи ја Рома на втората позиција со разлика од 11 бода.
На 25 мај 2005 година во Истанбул настапува најголемото разочарување за Малдини во неговата кариера. Иако тој го постигна најбрзиот гол во финалињата од Лигата на шампионите по само 51 секунда на натпреварот против Ливерпул, со тоа станувајќи и најстариот фудбалер што постигнал гол во финале, сведочеше губење на водството од 3-0 откако Стивен Џерард, со голема помош од несконцентрираниот голман на Милан Дида, се потруди Ливерпул да го изедначи резултатот на 3-3, а потоа и да го доби мечот по изведувањето на пенали со 3-2 (6-5). Подоцна дефанзивецот на Милан ќе изјави дека тоа било „најлошиот момент во неговата кариера“.
На 25 септември 2005 Малдини го крши рекордот на Дино Ѕоф за најмногу настапи во серија А, откако го изигра 571 меч против Тревизо, а на 13 мај 2007 станува првиот играч што направил 600 настапи во најелитното италијанско првенство во ремито од 1-1 против Катанија.
Конечно по две години на 23 мај 2007 во Атина во финалето од Лигата на шампионите дојде времето за одмазда и Милан го порази Ливерпул со 2-1 со двата гола на Пипо Инѕаги. Тоа беше неговата петта титула во Лигата на шампионите, а седма за неговиот клуб.
На 16 декември 2007, веднаш по освојувањето на Светското клупско првенство по победата над Бока Јуниорс со 4-2, Малдини изјави дека донел одлука да се пензионира на крајот од сезоната. Но оваа одлука ќе се одложи. На 16 февруари 2008, заменувајќи го Марек Јанкуловски во мечот против Парма, Малдини го прави 1000-тиот сениорски настап, од кои 861 за Милан, 12 со Италијанската репрезентација под 21, еден во Олимписките игри и 126 со репрезентацијата.
На 18 април 2009 Малдини официјално објавува дека ќе се пензионира на крајот од сезоната. На 17 мај истата година на стадионот Фрули, тој го направи својот 900-ти меч за екипата на Милан во мечот против Удинезе.
На 24 мај тој го прави последниот настап за росонерите на Сан Сиро во поразот на Милан од Рома со 3-2. Простувачката церемонијата на навивачите им беа доделувани албуми со самолепливи сликички од Малдини и комеморијални шалови. Освен тоа играчите ги носеа новите дресови за сезоната 2009/10. За време на последниот круг речиси 80,000 навивачи на стадионот со бурен аплаус го поздравија капитенот на Милан. Но ултрасите на Милан организирано пееја песни и изложуваа пароли кои беа полемични кон Малдини и искажуваа дека има само еден вистиски капитен на Милан - Франко Барези.
На 31 мај 2009 Паоло Малдини ќе го изигра неговиот последен меч како професионален фудбалер на стадионот Артемио Франки во победата против Фјорентина со 2-0. Ова беше 902 официјален меч на Малдини за Милан.
По пензионирањето на Малдини клубот го пензионираше дресот број 3 и никој не може да го носи освен еден од неговите двајца синови Кристијан или Даниел.
Титули
уредиОвој поднаслов има потреба од дополнување. |
Наводи
уреди- ↑ „Paolo Maldini“. Talk Football. Посетено на 25 февруари 2008.
- ↑ „Maldini the fulcrum of Milan generation game“. Guardian. Посетено на 28 мај 2007.