Јасунари Кавабата

Јасуанари Кавабата (11 јуни 1899, Осака - 26 април 1972, Зуши, остров Хоншу, Јапонија) — јапонски писател, добитник на Нобеловaта награда за литература во 1968 година „за раскажувачкото мајсторство со кое ја изразува суштината на јапонскиот дух“.

Јасунари Кавабата

Животопис

уреди

Кога наполнил две години, Кавабата останал сирак, одгледан од баба си и дедо си, кои наскоро умреле. Во 1924 година дипломирал на Токискиот универзитет каде што го изучил англиската и јапонската литература. Кавабата е основач на списанието „Бунгеи Џидаи“ („Литературна епоха“), кое претставувало трибина на јапонската авангардна модерна литература.[1] Кавабата бил член на Јапонската академија на уметностите (1954) и претседател на ПЕН-клубот (1948-1965).[1] Животот на Кавабата завршил трагично - тој извршил самоубиство во 1972 година.

Творештво

уреди

Кавабата дебитирал на книжевната сцена во весникот „Шиншичо“ („Нова мисла“) во 1921 година, по што бил поканет во списанието „Бунгеи Шунџу“ („Литературни анализи“) во 1923 година. Во 1925 година го објавил делото „Дневник на шеснаесетогдишникот“.

Кавабата е автор на романи-минијатури во кои реалното се меша со загодочното, а кои се израз на неговото страдање. Тој ја изучувал естетиката на класиците на будизмот. Расказите и романите на Кавабата постигнале успех како стегнатоста на формата, така и по длабочината на сугестијата - „Танчерката на полуостровот Изу“ (1925). Во романите, тој раскажува за смртта и фаталноста на трагичната љубов - „Земјата на снегот“ (1935), „Илјада жерави“ (1949), „Гласот на планината“ (1954). Други поважни негови дела се: „Велемајстор“, „Заспаните убавици“, „Убавината и тагата“ итн. Во 1968 година станал првиот јапонски писател кој ја добил Нобеловата награда.[2]

Поврзувајќи ги истенчениот импресионизам и способноста да создава исклучително живи ликови, Кавабата е определен од литературната критика како сензуалист. Неговото творештво наоѓало рамнотежа меѓу јапонската и западната традиција.[1] Тој се залагал за „книжевност на чувствата“ која треба да го замени безживотниот објективен јазик.[2]

Суштината на литературната и уметничката вредност на романот „Земјата на снегот“ на Кавабата е секако најблиску формулирана во образложението на Шведската кралска академија при доделувањето на Нобеловата награда: „...неговото раскажувачко мајсторство со голема емоционалност ја изразува јапонската душа“. Неговиот стил на пишување се одликува со убавина на јапонскиот лиризам: професионалната сензибилност, За неговите дела е речено дека го наследиле естетското чувствување на старата јапонска литература.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.
  2. 2,0 2,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 357.
  3. Раде Силјан, Странски авиори и дела, Натица Македоонска, Скопје, 2001, стр. 480.