Димитар Мечев
Димитар Мечев, познат под прекарот Диме Мечето, — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.
Димитар Мечев | ||
Роден | 1870 Велес, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 29 април 1903 Солун, денес Грција |
Животопис
уредиДимитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите.
Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.[1][2]
Извори
уреди- ↑ Кратки биографии на атентаторите
- ↑ „Мариан Гяурски, „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори"“. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2011-01-22.
Литература
уреди- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
- К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985