Ден Мартин Натаниел Далин (16 април 1968) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата напаѓач. Во својата рана младост, тој важел за еден од најдобрите светски напаѓачи.[1][2]

Мартин Далин во јануари 2014

Започнувајќи ја својата кариера со тимот ФФ Малме во 1987 година, тој бил најдобар стрелец на Алсвенскан во 1988 година. Во својата кариера играл во клубови од Бундеслигата, Серија А и Премиер лигата пред да се пензионира во 1999 година.

Далин бил интернационалец помеѓу 1991 и 1997 година, одиграл 60 натпревари за репрезентацијата на Шведска и бил дел од репрезентацијата на Шведска која завршила на третото место на Светското првенство во фудбал во 1994 година во САД.[3] Ја претставувал Шведска на Летните олимписки игри во 1988 година во Сеул, како и на УЕФА ЕВРО 1992 година. Во 1993 година, тој бил награден со Гулдболен наградата за најдобар шведски фудбалер на годината.

Најрани години

уреди

Далин е роден во Удевала, Шведска. Татко му потекнувал од Венецуела, бил музичар, а мајка му била швеѓанка. Мартин Далин бил именуван по Мартин Лутер Кинг Џуниор.[4] Иако тој е роден во градот Удевала, своето подоцнежно детство го минал во градот Лунд.[4]

Клупска кариера

уреди

Во 1993 година, тој бил избран за најдобар шведски играч на годината, освојувајќи ја наградата Гулдболен.[5]

Играл за тимовите на Малме ФФ, Борусија Менхенгладбах, АС Рома, Хамбургер и Блекбурн Роверс. Најуспешниот период во кариерата го поминал со Борусија Менхенгладбах со која го освоил германскиот куп во 1995 година заедно со извонредниот германски репрезентативец и играч од средниот ред Стефан Ефенберг.

Далин подоцна преминал во тимот на Рома, но по кратко заминал во премиерлигашот Блекбурн Роверс и тоа во средината на 1997 година, кога одиграл 21 натпревар за тимот и постигнал четири гола.

Во сезоната 1998-1999, тој одиграл само пет натпревари кога се случила повредата на еден тренинг натпревар со што бил надвор до крајот на сезоната. Тоа било причината за негово повлекување од играта.Сето ова му се случило во 1999 година во новиот клуб од Бундеслигата Хамбургер од Хамбург.Тој во тимот од Германија бил испратен како позајмица.

Блекбурн Роверс подоцна ја обвинил својата осигурителна компанија која сепак одбила да плати оштета за повредата, тврдејќи дека нормалното повредување е нормален процес во фудбалската игра. Иако првичната пресуда била донесена во корист на клубот, сепак во 2005 година повисокиот Апелационен суд ја укинал и ја вратил на повторно разгледување во понискиот суд. На 12 април 2006 година, Врховниот суд пресудил во корист на осигурителната компанија, одлучувајќи дека играчот веројатно имал претходно постоечка повреда и моменталната повреда била како дополнителен ефект од претходната.[6] Оваа одлука Блекбурн го чинела 4 милиони фунти помалку во џебот.

Меѓународна кариера

уреди

Во 1988 година, Далин станал вториот шведски афро-играч кој ја претставувал репрезентацијата на Шведска.[5] Тој бил во состав на шведската репрезентација која го освоила третото место на Светското првенство на ФИФА 1994 година во САД, постигнувајќи четири гола на турнирот. Учествувал и во тимот кој стигнал до полуфиналето на УЕФА ЕВРО 1992 година.

Пензионирање

уреди

Далин денес живее во Монако.[7] Тој го позајмува своето име за рекламирање на модна линија за облека.[8] Зборува три јазици – шведски, англиски и германски.

Далин станал спортски агент работејќи за спортската агенција на поранешниот соиграч Роџер Љунг.[9] Потоа формирал своја агенција наречена МД Менаџмент.[10] Тој ги претставува и застапува Ола Тоивонен,[11] Гиљермо Молинс,[12] Маркус Розенберг, Јонас Олсон,[13] Бехранг Сафари [14] и Понтус Јансон.[15]

Статистика на кариерата

уреди

Клуб статистика

уреди
Извор:[16]
Сооднос на одиграни натпревари и постигнати голови во лигата и во купот
Клуб Сезона Лига, одиграни натпревари и постигнати голови Куп Лига куп Континентални натпревари Европски Други Вкупно
Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Малме ФФ 1988 Алсвенскан прва шведска лига 21 17 21 17
1989 Алсвенскан прва шведска лига 17 4 17 4
1990 Алсвенскан прва шведска лига 19 7 19 7
1991 Алсвенскан прва шведска лига 22 11 22 11
Вкупно 79 39 0 0 79 39
Борусија Менхенгладбах 1991–92[17] Бундеслига 12 2 2 0 0 0 14 2
1992–93[17] Бундеслига 20 10 3 1 0 0 23 11
1993–94[17] Бундеслига 27 12 4 2 0 0 31 14
1994–95[17] Бундеслига 24 11 5 2 0 0 29 13
1995–96[17] Бундеслига 23 15 1 0 5 3 1[б 1] 0 30 18
Вкупно 106 50 15 5 0 0 5 3 1 0 127 58
Рома 1996–97[17] Серија А 3 0 1 0 0 0 4 0
Борусија Менхен гладбах

(позајмен)

1996–97[17] Бундеслига 19 10 0 0 0 0 19 10
Блекбурн Роверс 1997–98[17] Премиер лига 27 4 1 0 2 2 0 0 30 6
Хамбургер СФ

(позајмен)

1998–99[17] Бундеслига 8 0 0 0 0 0 8 0
Вкупно во кариерата 242 103 17 5 2 2 5 3 1 0 267 113

 

Меѓународна статистика

уреди

Настапи и голови во репрезентација по година

Репрезентација Сезона Натпревари Голови
Шведска
1991 година 7 6
1992 година 10 4
1993 година 8 6
1994 година 12 6
1995 година 6 0
1996 година 8 5
1997 година 9 2
Вкупно 60 29

Меѓународни голови постигнати од Мартин Далин

Резултатите 1 го претставуваат бројот на голови на Шведска, а резултатите 2 постигнатите голови на играчот.
# Дата Место, стадион Противници Резултат Резултат Тип на натпревар
1. 1 мај 1991 Росунда стадион, Солна, Шведска   Австрија 4–0 6–0 Пријателски натпревар
2. 5–0
3. 15 јуни 1991 Идротспаркен стадион, Норшепинг, Шведска   Данска 1–0 4–0 Сканија турнир
4. 2–0
5. 4 септември 1991 Росунда стадион, Солна, Шведска   Југославија 1–0 4–3 Пријателски натпревар
6. 3–2
7. 7 мај1992 Росунда стадион, Солна, Шведска   Полска 4–0 5–0 Пријателски натпревар
8. 26 август 1992 Улевал стадион,

Осло, Норвешка

  Норвешка 1–1 2–2 Пријателски натпревар
9. 7 октомври 1992 Росунда стадион, Солна, Шведска   Бугарија 1–0 2–0 Квалификации за светско првенство во фудбал 1994
10. 11 ноември 1992 Рамат Ган стадион, Рамат Ган, Израел   Израел 2–1 3–1 Квалификации за светско првенство во фудбал 1994
11. 28 април 1993 Паркот на принцовите стадион Париз, Франција   Франција 1–0 1–2 Квалификации за светско првенство во фудбал 1994
12. 11 август 1993 Рајвален стадион Борос, Шведска   Швајцарија 1–0 1–2 Пријателски натпревар
13. 22 август 1993 Росунда стадион, Солна, Шведска   Франција 1–1 1–1 Квалификации за светско првенство во фудбал 1994
14. 8 септември 1993 Васил Левски национален стадион во Софија, Бугарија   Бугарија 1–1 1–1 Квалификации за светско првенство во фудбал 1994
15. 13 октомври 1993 Росунда стадион, Солна, Шведска   Финска 1–1 3–2 Квалификации за светско првенство во фудбал 1994
16. 3–1
17. 19 јуни1994 Роуз Боул стадион, Пасадена, Калифорнија, САД   Камерун 2–2 2–2 Светско првенство ФИФА 1994
18. 24 јуни 1994 Понтијак Силвердом, Мичиген,

САД

  Русија 2–1 3–1 Светско првенство ФИФА 1994
19. 3–1
20. 3 јули 1994 Котон Боул стадион Далас,

Тексас,

САД

  Саудиска Арабија 1–0 3–1 Светско првенство ФИФА 1994
21. 12 октомври 1994 Ванкдорф стадион,

Берн, Швајцарија

  Швајцарија 2–1 2–4 Квалификации за УЕФА ЕВРО 1996
22. 16 ноември 1994 Росунда стадион, Солна, Шведска   Унгарија 2–0 2–0 Квалификации за УЕФА ЕВРО 1996
23. 24 април1996 Виндзор Парк стадион Белфаст, Северна Ирска   Северна Ирска 1–0 2–1 Пријателски натпревар
24. 9 мај 1996 Олимпиа, Хелсинборг, Шведска   Словачка 1–0 2–1 Пријателски натпревар
25. 16 мај 1996 Олимписки стадион,

Сеул,

Јужна Кореја

  Јужна Кореја 1–0 2–0 Пријателски натпревар
26. 1 јули 1996 Росунда стадион, Солна, Шведска   Белорусија 2–0 5–1 Квалификации за светско првенство 1998
27. 1 септември 1996 Даугава стадион,

Рига,

Латвија

  Латвија 1–0 2–1 Квалификации за светско првенство 1998
28. 8 јули1997 Кадриор стадион,

Талин, Естонија

  Естонија 1–0 3–2 Квалификации за светско првенство 1998
29. 6 јули 1997 Малме стадион, Малме, Шведска   Литванија 1–0 1–0 Пријателски натпревар

Наводи

уреди
  1. „Swedish gem who propelled Parma“. FIFA.com. 9 April 2014. Архивирано од изворникот на 3 June 2020. Посетено на 5 May 2020.
  2. Clarey, Christopher (25 June 1994). „WORLD CUP '94; Send Sweden's Dahlin To Head of the Class“. New York Times. Посетено на 5 May 2020.
  3. „Martin Dahlin EXCLUSIVE: Zlatan Ibrahimovic One Of Sweden's Greatest Ever Players“. Goal.com. 17 April 2009. Посетено на 6 March 2016.
  4. 4,0 4,1 Christopher Clarey (10 July 1994). „Dahlin Is Swedish Player First, Pioneer a Distant Second“. NY Times. Посетено на 8 July 2009.
  5. 5,0 5,1 Dwight Chapin (8 July 1994). „Skill, not race, separates Dahlin“. St. Petersburg Times. Посетено на 8 July 2009.[мртва врска] [мртва врска]
  6. „Rovers fail in Dahlin damages bid“. BBC Sport. 12 April 2006. Посетено на 22 April 2011.
  7. „tv2“. tv2.dk. Посетено на 16 August 2020.
  8. „dahlin“. dahlin.nu. Архивирано од изворникот на 1 August 2013. Посетено на 16 August 2020.
  9. „Dahlins nya jobb – agent“ (шведски). aftonbladet.se. 18 April 2001. Посетено на 22 April 2011.
  10. „Martin Dahlin EXCLUSIVE: Zlatan Ibrahimovic One Of Sweden's Greatest Ever Players“. goal.com. 17 April 2009. Посетено на 22 April 2011.
  11. „West Brom on alert for PSV striker Ola Toivonen“. www.expressandstar.com.
  12. Smith, Rune (27 December 2009). „Tyska Köln vill ha Guillermo Molins“ (шведски). expressen.se. Архивирано од изворникот на 23 July 2011. Посетено на 22 April 2011.
  13. Torgerson, Richard (5 June 2009). „Olsson flattered by Villa link“. Sky Sports. Посетено на 22 April 2011.
  14. Malmström, Håkan (15 June 2008). „Behrang Safari går till schweiziska Basel“ (шведски). Sydsvenskan. Архивирано од изворникот на 16 June 2010. Посетено на 22 April 2011.
  15. „Leeds' option to sign Pontus Jansson kicks in on 22nd appearance for defender“. Sky Sports. 25 January 2017. Посетено на 25 January 2017.
  16. „Martin DAHLIN“. level-k.com. Посетено на 22 April 2011.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 17,6 17,7 17,8 „Martin Dahlin » Club matches“. worldfootball.net. Посетено на 5 May 2020.

 Надворешни врски

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.