Ѓоце Стојчевски - Амбарче
Ѓоце Илиев Стојчевски - Амбарче (Тетово, 26 ноември 1919 – Беличица, Гостиварско, 19 септември 1944) — македонски партизан, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија.
Ѓоце Стојчевски - Амбарче | ||
Роден | 26 ноември 1919 Тетово | |
---|---|---|
Починал | 19 септември 1944 Беличица, Гостиварско | (возр. 24)|
Националност | Македонец |
Животопис
уредиАмбарче е роден во Тетово на 26 ноември 1919 година во повеќечлено занаетчиско семејство од татко Илија и мајка Менча. По завршувањето на основното училиште, иако надарен ученик, поради лошата материјална состојба во семејството, Ѓоце го напуштил училиштето и останал да му помага на татка си во волновлачарницата, посетувајќи го притоа занаетчиското училиште. Чувствувајќи ја националната обесправеност и суровиот експлоататорски режим на големосрпската буржоазија врз себе и врз својот народ, Ѓоце се вклучил во напредното работничко и револуционерно движење. Бил библиотекар во локалната библиотека, секретар на Месниот комитет на КПЈ и учесник во НОД во 1941 година.
Во НОАВМ бил политички комесар на Шарпланинскиот партизански одред во 1943 година. Во борбата со балистички сили кај с. Шипковица во 1943 бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борбата кај селото Беличица и бил прогласен за Народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.[1]
Во негов спомен тетовскиот хемиско-текстилен училиштен центар го носи неговото име.
Спомен-куќата на Стојчевски е прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 353
- ↑ Културно добро бр. 238: „Спомен-куќа на народниот херој Ѓоце Стојчевски - Амбарче“ — Национален информативен систем за културното наследство на УЗКН
Надворешни врски
уреди- Ѓоце Стојчевски – Амбарче[мртва врска] — опширна биографија