Јанис Рицос
Јанис Рицос (грчки: Γιάννης Ρίτσος; 1 мај 1909 - 11 ноември 1995) — грчки поет и лауреат на Струшките вечери на поезијата во 1985 година.
Јанис Рицос | |
---|---|
Роден/а | 1 мај 1909 Монемвазија, Грција |
Починат/а | 11 ноември 1990 Атина, Грција |
Занимање | поет |
Животопис
уредиЈанис Рицос е роден во Моненмвазија, на југот на Пелопонез, а рано останал без родители. Според некои кажувања, уште во седмата година од животот започнал да пишува стихови. Исто така, покажувал голема склоност кон сликарството и кон театарот. За време на Граѓанската војна во Грција, во 1948 година, Рицос бил заробен и затворен на островот Лемнос, а следната година бил преместен на островот Макронисос. Таму, бил во заробеништво со композиторот Микис Теодоракис, кој компонирал музика на стиховите на Рицос. Во периодот 1948-1952, Рицос бил повеќепати затворан во разни логори.
Подоцна, за време на владеењето на воената хунта, Рицос повторно бил апсен и затворан, а во 1970 година бил ставен во домашен притвор на островот Сам. Рицос бил пријател со Пикасо, а кога Пабло Неруда го поканил да гостува на меѓународниот поетски фестивал во Лондон, диктаторскиот режим му забранил да патува во странство.[1]
Творештво
уредиРицос се смета за еден од четворицата најголеми грчки поети на XX век, заедно со Костис Паламас и нобеловците Јоргос Сеферис и Одисејас Елитис. Францускиот поет Луј Арагон еднаш има речено дека Рицос е „најголемиот поет на нашата епоха“, додека нобеловецот Франсоа Моријак рекол дека „делото на Рицос му чини чест на целото човештво“.[1] Рицос бил деветпати предложуван за Нобелова награда за литература, но никогаш не ја добил. Сепак, кога ја добил Лениновата награда за мир (позната и како Сталинова награда за мир пред 1956 година), Рицос изјавил: „оваа награда ми е поважна отколку Нобеловата“.
Во 1985 година, Рицос го добил „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата при што присуствувал на фестивалот и лично ја примил наградата. По тој повод била издадена книга со избор од неговата поезија на грчки јазик, со напореден превод на македонски јазик. Предговор на книгата, под наслов „Пред делото на Јанис Рицос“, напишал Гане Тодоровски, кој заедно со Паскал Гилевски бил приредувач на песните.[1]
Меѓу поважните дела од опусот на Рицос се издвојуваат:[1]
Исто така, позната е неговата драма „Атина под оружје“.
Најмногу, Рицос пишувал песни во политички контекст, „служејќи му на комунизмот со својата уметност“ како што го опишуваат неговото творештво современите филолози. Оттука, долго време, неговата поезија била забранета во Грција, поради нејзината левоориентирана содржина. Сепак, дури и во песните со политичка и социјална тематика, Рицос ги одбегнува реториката и екскламативноста и неговата поезија изобилува со суптилни преливи и лирски пасажи. Исто така, во голем дел од неговото творештво доминираат песните со чиста лирско-интимна содржина во кои преовладуваат темите поврзани со домот и светлината. Една од неговите песни што ги одбегнува социјалните теми е позната Месечева соната:
- Знам дека сите патуваме да љубиме сами,
- сами кон верата и смртта.
- Знам. Пробав. Не помага.
- Дозволи ми да дојдам со тебе.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Јанис Рицос, „Пет поеми“, Скопје, 2014.
- Две песни од Рицос на македонски
- Препев на песни од Рицос на англиски. Архивирано на 13 март 2007 г. (англиски)
- Целата Месечева соната на грчки и со англиски препев Архивирано на 29 мај 2008 г.