Нестор Фернандо Муслера Микол (роден на 16 јуни 1986 година во Буенос Аирес) — уругвајски фудбалер, голман на Галатасарај.

Фернандо Муслера
Лични податоци
Полно име Нестор Фернандо Муслера Микол
Роден на 16 јуни 1986(1986-06-16)(39 г.)
Роден во Буенос Аирес[1], Аргентина
Држава Уругвај Уругвај
Висина &100000000000001900000001,90 м[2]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Галатасарај Галатасарај
Број 1
Агент Уругвај Даниел Фонсека
Младинска кариера
Монтевидео Вондерерс Монт. Вондерерс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2007 Монтевидео Вондерерс Монт. Вондерерс 44 (0)
2006-2007Насионал Насионал 5 (0)
2007-2011 Лацио Лацио 97 (0)
2011- Галатасарај Галатасарај 438 (1)
Репрезентација
2002-2003 Уругвај Уругвај 7 (0)
2005 Уругвај Уругвај 9 (0)
2009-2022 Уругвај Уругвај 133 (0)

Како поранешен репрезентативец на својата земја, со уругвајската репрезентација бил шампион на Јужна Америка во 2011.

Клупска кариера

уреди

Во Уругвај

уреди

Роден е во Буенос Аирес Аргентина, Муслера се преселил во Монтевидео, каде што ја започнал својата професионална фудбалска кариера во екипата на Монтевидео Вондерерс, откако поминал низ сите клупски младински категории. По импресивните настапи за Вондерерс, уругвајскиот гигант Насионал се одлучил да го доведе Муслера на позајмица во 2007 година. Потоа тој се вратил во Вондерерс каде продолжил со серијата на успешни настапи, по што го привлекол вниманието на некои клубови од Европа, како римски Лацио.

Лацио

уреди
 
Муслера играјќи за Лацио.

Во август 2007 година, Лацио го купил Муслера за сума од околу 3 милиони евра.[3] Клубот претходно го купил аргентинскиот голман Хуан Пабло Карисо, со намера тој да го замени Анџело Перуци, кој се повлекол од активното играње фудбал, но поради проблемите поврзани со пасошот на Карисо, морале да купат уште еден голман. Откако изборот паднал на Муслера, тој го направил своето деби за Лацио во победата со 3-1 против Каљари на 16 септември 2007 година и направил уште четири последователни настапи од првата минута, од кој последниот му бил катастрофален во поразот на Лацио на домашен терен со 1-5 од Милан на 7 октомври, натпревар во кој тој бил виновен за четири од петте голови, кој Лацио ги примил. Како резултат на тоа, тој му го препуштил местото во почетната постава на 44-годишниот ветеран Марко Балота и останал втор избор во остатокот од сезоната, не играјќи ниту еден натпревар во Лигата на шампионите. Сепак, тој ги одиграл сите преостанати натпревари на Лацио во Купот на Италија, бележејќи добри настапи, особено во натпреварот против Наполи каде направил фантастична парада спречувајќи гол (со кој натпреварот би отишол во продолженија) во последните секунди и со тоа го одвел Лацио во следната фаза. Во Серија А, Муслера се вратил на голот на Лацио на 6 април 2008, во натпреварот против Парма на домашен терен (2-2), во кој и покрај двата примени гола бил одличен правејќи две импресивни одбрани. Тој бранел уште во три натпревари до крајот на сезоната, а во натпреварот против Палермо на 4 мај 2008 го одбранил првиот пенал во дресот на „бјанкочелестите“ по ударот на Амаури, во поразот со 1-2.

Следната сезона Муслера ја започнал како голман зад аргентинецот Карисо, од кого го загубил и дресот со број 1 за да се префрли подоцна на број 86. Сепак, во средината на сезоната во јануари 2009 година по слабата форма на Карисо и неговите конфликти со управата на клубот, Муслера се вратил во почетната постава. Својот прв настап за сезоната во Серија А, Муслера го забележал во поразот со 3-1 од Сампдорија, во кој му одбранил удар од белата точка на Антонио Касано. Подоцна тој демонстрирал импресивни перформанси и во победите над Наполи и Џенова, како и во неговиот прв настап во Дерби дела Капитале против Рома, каде Муслера со неколку интервенции му помогнал на Лацио да слави победа над градскиот соперник со 4-2. Тој исто така бил интегрален дел од тимот на Лацио во успехот на клубот во Купот на Италија 2008-2009, правејќи одлучувачки одбрани во победите над Милан и Јувентус со што го одвел Лацио во финалето на купот, за првпат по пет години. Во финалето на 13 мај 2009, во кое Лацио ја победил Сампдорија со 6-5 на пенали (било 1-1 по продолженијата), Муслера одбранил два пенала на Антонио Касано и Уго Кампањаро и бил еден од најзаслужните за освојувањето на трофејот.[4]

Од сезоната 2009-2010 тој го зацементирал местото на прв избор на голот на „бјанкочелестите“, и покрај доаѓањето во клубот на Албано Биѕари. На 8 август 2009, Муслера бил на голот на Лацио во победата со 2-1 над шампионот на Серија А 2008-2009, Интер, во Суперкупот на Италија 2009 одигран во Пекинг. На 20 август 2009 го одиграл својот прв натпревар во некое од европските натпреварување, започнувајќи и бранејќи целиот натпревар во победата на Лацио во Рим со 3-0 над шведскиот Елфсборг во плејоф рундата од квалификациите за УЕФА Лига Европа.

По одличните настапи и за својата репрезентација на Светското првенство 2010, Муслера бил изгласан за седми најдобар голман во светот според Интернационалната федерација за фудбал, историја и статистика (IFFHS).[5]

Галатасарај

уреди
 
Муслера во дресот на Галатасарај.

На 19 јули 2011, турскиот клуб Галатасарај објавил дека потпишале петгодишен договор со Муслера од Лацио додека тој бил на должност со Уругвај на Копа Америка 2011.[6] Во трансферот бил вклучен и Лорик Цана кој заминал во спротивна насока од Галатасарај во Лацио.[7]

Дебитирал во Турската Суперлига на 11 септември 2011, во поразот со 2-0 од Истанбул ББ.[8] На 5 ноември 2011, Муслера бил избран за играч на натпреварот, откако го одбранил својот прв пенал за Галатасарај во натпреварот против Мерсин Идманјурду, во ремито без голови 0-0. На 8 април 2012 година, во последното коло од сезоната во Суперлигата, Муслера го постигнал својот прв гол во кариерата, од пенал против Манисаспор. Во истиот тој натпревар, Муслера ја забелеажал својата 19-та сува мрежа за сезоната, со што поставил рекорд на сите времиња во турското првенство.[9]

Следната сезона, Муслера продолжил да биде прв голман на Галатасарај. На 19 септември 2012, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во натпреварот против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Галатасарај загубил во тој натпревар со 1-0, и покрај тоа што Муслера му одбранил пенал на Нани. Сепак, во вториот натпревар од групата против истиот противник, Муслера ја забележал својата прва сува мрежа во елитното европско натпреварување (Галатасарај го победил Манчестер Јунајтед со 1-0 на Турк Телеком Арена). Тој одиграл 33 од 34 натпревари на Галатасарај во Суперлигата, помагајќи им да ја освојат шампионската титула во Турција.

Репрезентативна кариера

уреди

Тој собрал 9 настапи во репрезентацијата под 17 години, и 9 натпревари во репрезентацијата под 20 години (Колумбија 2005).

За првпат бил повикан во сениорската репрезентација на Селесте, од страна на селекторот Оскар Табарес за натпреварите против Перу и Колумбија од квалификациите за Светското првенство 2010.

На 10 октомври 2009 дебитирал како стартер за сениорската репрезентација на Уругвај во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2010, против Еквадор. Уругвај победил во тој натпревар со 1-2 по целосен пресврт со гол во судиското продолжение. На 14 ноември 2009, во својот трет репрезентативен настап, за првпат Муслера ја сочувал својата мрежа сува во националниот дрес во гостинската победа со 0-1 против Костарика; благодарение на ремито 1-1 во Монтевидео во реваншот против истиот противник, Уругвај се квалификувал за Мундијалот во Јужноафриканската република како победник на плејофот КОНКАКАФ - КОНМЕБОЛ.

Во завршницата на Светското првенство во 2010 година како прв голман на Уругвај, Муслера ја завршил групната фаза без да прими ниту еден гол (единствениот голман на кој му успеало ова заедно со Едуардо од Португалија). На 2 јули 2010, одбранил два пенала во пенал-завршницата во четвртфиналето против Гана, прво на Џон Менса а потоа и на Доминик Адија, носејќи ги Селесте во полуфинале на Светско првеснтво за првпат по 1970. Уругвај потоа бил поразен со 2-3 од Холандија во полуфиналето, а со истиот резултат, го загубиле и натпреварот за третото место против Германија.

 
Муслера во дресот на Уругвај во 2012.

За време на Копа Америка 2011 тој примил само два гола во групната фаза и еден во четвртфиналето. На 16 јули 2011, во пенал завршницата против Аргентина во четвртфиналето Муслера го одбранил ударот на Карлос Тевес и го одвел Уругвај во полуфиналето со победа од 5-4 по изведување на пенали, откако претходно по 120 минути игра натпреварот завршил 1-1.[10] На 19 јули 2011, Уругвај го победил Перу со 2-0 и се пласирал во финалето на Копа Америка 2011.

На 24 јули 2011, Муслера со Уругвај триумфирал на Копа Америка сочувувајќи ја својата мрежа сува во победата со 3-0 во финалето над Парагвај.[11] И покрај тоа што го завршил турнирот со само 3 примени гола, наградата за најдобриот голман на настанот му била доделена на парагваецот Хусто Виљар.[12]

На 5 мај 2013 бил повикан од селекторот Табарес, на списокот од 23 играчи за Купот на конфедерации 2013 во Бразил. Тој го имал своето деби на 16 јуни, за време на првиот натпревар од групата против Шпанија; "црвенaтa фуриja" победила со 2-1.[13] На 23 јуни Уругвај ја минал групната фаза, а во полуфиналето се сретнале со домаќинот Бразил. Три дена подоцна Уругвај бил поразен во полуфиналето со 2-1.[14] На 30 јуни Уругвај, исто така, загубил и во натпреварот за третото место, на пенали против Италија иако Муслера одбранил еден од ударите од белата точка (на Де Шиљо), сепак неговиот колега од спортивната страна Џанлујџи Буфон бил поуспешен и одбранил три пенали на неговите сонародници.[15] Муслера го завршил турнирот со 4 настапи и 7 примени гола.

 
Муслера во националниот дрес во 2014.

Во 2014 година учествувал на своето второ светско првенство во кариерата, на Светското првенство 2014 во Бразил. Дебито на турнирот го направил на 14 јуни во поразот од 3-1 против Костарика. Сепак, во следните два натпревари Муслера примил само еден гол, а Уругвај забележал две победи со кој изборил пласман во осминафиналето како второпласиран во групата зад Костарика, но пред Италија и Англија. На 28 јуни 2014 година, Уругвај сепак бил елиминиран во осминафиналето од јужноамериканските соперници Колумбија со 2-0, а првиот гол што Муслера го примил во тој натпревар од Хамес Родригес бил избран за Гол на годината.

На 23 мај 2015 бил повикан да учествува на Копа Америка 2015 кој се одржал во Чиле. Дебито на турнирот го имал во првиот натпревар од групната фаза, победата со 1-0 против Јамајка. Иако Уругвај завршил на третото место во групата зад Аргентина и Парагвај, тие сепак се квалификувале понатаму како една од двете најдобро рангирани третопласирани екипи во групната фаза, и избориле двобој во четвртфиналето со домаќинот Чиле.[16] Турнирот завршил предвреме за уругвајската репрезентација, бидејќи на 24 јуни 2015 година биле поразени од Чиле со 1-0.[17]

 
Муслера на Светското првенство 2018.

На 26 март 2016 година, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 против Бразил, кој завршил 2-2, Муслера стигнал до бројката од 78 настапи за уругвајската репрезентација; исто колку што имал и Родолфо Родригес, уште еден историски голман на уругвајската репрезентација, а веќе во следниот (победата над Перу дома со 1-0) станал голман со најголем број на настапи во дресот на селесте.

Na 14 мај 2016 година бил повикан за Копа Америка Сентанарио во Соединетите Американски Држави.[18] Муслера ги одиграл сите три натпревари на Уругвај, но селесте испаднале уште во групната фаза со една победа и два порази.

На 2 јуни 2018 бил избран меѓу 23-те играчи на Табарес за Светското првенство 2018 во Русија,[19] на кое исто така ја имал улогата на прв голман на Уругвај, играјќи ги од почеток до крај сите 5 натпревари на својата репрезентација на турнирот. Ова исто така за него претставувал трет мундијал на кој настапил во кариерата. На 25 јуни, за време на натпреварот против Русија, тој го забележал својот 14 настап на Светските првенства, со што го надминал својот сонародник Ладислао Мазуркевич како уругваец со најмногу одиграни натпревари на Мундијалите.[20] Во истиот натпревар, исто така, тој го запишал својот стотти настап за уругвајската репрезентација.[21] Откако во сите три натпревари од групната фаза не примил ниту еден гол, во четвртфиналниот натпревар против Франција (0-2) тој направил грешка при вториот гол, придонесувајќи за елиминација на Уругвај од турнирот.[22].

Повикан и за Светското првенство 2022 во Катар, овојпат тој има улога на резервен голман (зад Серхио Рочет).[23]

На 25 април 2024 година, по 133 натпревари со „Селесте“, тој објави дека се повлекува од репрезентацијата на Уругвај.[24]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
10-10-2009 Кито Еквадор   1 – 2   Уругвај Квал. за СП 2010 -1
14-10-2009 Монтевидео Уругвај   0 – 1   Аргентина Квал. за СП 2010 -1
14-11-2009 Сан Хосе Костарика   0 – 1   Уругвај Квал. за СП 2010 -
18-11-2009 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Костарика Квал. за СП 2010 -1
3-3-2010 Санкт Гален Шпанија   1 – 3   Уругвај Пријателска -1
25-5-2010 Монтевидео Уругвај   4 – 1   Израел Пријателска -1
11-6-2010 Кејптаун Уругвај   0 – 0   Франција СП 2010 - Прва фаза -
16-6-2010 Преторија Јужна Африка   0 – 3   Уругвај СП 2010 - Прва фаза -
22-6-2010 Блумфонтејн Мексико   0 – 1   Уругвај СП 2010 - Прва фаза -
26-6-2010 Порт Елизабет Уругвај   2 – 1   Јужна Кореја СП 2010 - Осминафинале -1
2-7-2010 Јоханесбург Уругвај   1 – 1 прод.
(5 - 3 пен.)
  Гана СП 2010 - Четвртфинале -1
6-7-2010 Кејптаун Уругвај   2 – 3   Холандија СП 2010 - Полуфинале -3
10-7-2010 Порт Елизабет Уругвај   2 – 3   Германија СП 2010 - Натпревар за 3. место -3
11-8-2010 Лисабон Ангола   0 – 2   Уругвај Пријателска -
12-10-2010 Вухан Кина   0 – 4   Уругвај Пријателска -
18-11-2010 Сантјаго Чиле   2 – 0   Уругвај Пријателска -2
29-3-2011 Даблин Ирска   2 – 3   Уругвај Пријателска -2
29-5-2011 Зинсхајм Германија   2 – 1   Уругвај Пријателска -2
8-6-2011 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Холандија Пријателска -1
23-6-2011 Ривера Уругвај   3 – 0   Естонија Пријателска -
4-7-2011 Сан Хуан Уругвај   1 – 1   Перу Копа Америка 2011 - Прва фаза -1
8-7-2011 Мендоса Уругвај   1 – 1   Чиле Копа Америка 2011 - Прва фаза -1
12-7-2011 Ла Плата Уругвај   1 – 0   Мексико Копа Америка 2011 - Прва фаза -
16-7-2011 Санта Фе Аргентина   1 – 1 прод.
(4 - 5 пен.)
  Уругвај Копа Америка 2011 - Четвртфинале -1
19-7-2011 Ла Плата Перу   0 – 2   Уругвај Копа Америка 2011 - Полуфинале -
24-7-2011 Буенос Аирес Уругвај   3 – 0   Парагвај Копа Америка 2011 - Финале -
2-9-2011 Харкив Украина   2 – 3   Уругвај Пријателска -2
7-10-2011 Монтевидео Уругвај   4 – 2   Боливија Квал. за СП 2014 -2
11-10-2011 Асунсион Парагвај   1 – 1   Уругвај Квал. за СП 2014 -1
11-11-2011 Монтевидео Уругвај   4 – 0   Чиле Квал. за СП 2014 -
15-11-2011 Рим Италија   0 – 1   Уругвај Пријателска -   86'
29-2-2012 Букурешт Романија   1 – 1   Уругвај Пријателска -1
25-5-2012 Москва Русија   1 – 1   Уругвај Пријателска -1
2-6-2012 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Венецуела Квал. за СП 2014 -1
10-6-2012 Монтевидео Уругвај   4 – 2   Перу Квал. за СП 2014 -2
15-8-2012 Ле Авр Франција   0 – 0   Уругвај Пријателска -
7-9-2012 Баранкилја Колумбија   4 – 0   Уругвај Квал. за СП 2014 -4
11-9-2012 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Еквадор Квал. за СП 2014 -1
12-10-2012 Мендоса Аргентина   3 – 0   Уругвај Квал. за СП 2014 -3
16-10-2012 Ла Пас Боливија   4 – 1   Уругвај Квал. за СП 2014 -4
14-11-2012 Гдањск Полска   1 – 3   Уругвај Пријателска -1
7-2-2013 Доха Шпанија   3 – 1   Уругвај Пријателска -3
22-3-2013 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Парагвај Квал. за СП 2014 -1
27-3-2013 Сантјаго Чиле   2 – 0   Уругвај Квал. за СП 2014 -2
5-6-2013 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Франција Пријателска -
12-6-2013 Сиудад Гуајана Венецуела   0 – 1   Уругвај Квал. за СП 2014 -
17-6-2013 Ресифе Шпанија   2 – 1   Уругвај Куп на конф. 2013 - Прва фаза -2
21-6-2013 Салвадор Нигерија   1 – 2   Уругвај Куп на конф. 2013 - Прва фаза -1
26-6-2013 Бело Хоризонте Бразил   2 – 1   Уругвај Куп на конф. 2013 - Полуфинале -2
30-6-2013 Салвадор Уругвај   2 – 2 прод.
(2 - 3 пен.)
  Италија Куп на конф. 2013 - за 3. место -2
14-8-2013 Рифу Јапонија   2 – 4   Уругвај Пријателска -2
7-9-2013 Лима Перу   1 – 2   Уругвај Квал. за СП 2014 -1
11-9-2013 Монтевидео Уругвај   2 – 0   Колумбија Квал. за СП 2014 -
11-10-2013 Кито Еквадор   1 – 0   Уругвај Квал. за СП 2014 -1
16-10-2013 Монтевидео Уругвај   3 – 2   Аргентина Квал. за СП 2014 -2
5-3-2014 Клагенфурт Австрија   1 – 1   Уругвај Пријателска -1
31-5-2014 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Северна Ирска Пријателска -
5-6-2014 Монтевидео Уругвај   2 – 0   Словенија Пријателска -
14-6-2014 Форталеца Уругвај   1 – 3   Костарика СП 2014 - Прва фаза -3
19-6-2014 Саун Пауло Уругвај   2 – 1   Англија СП 2014 - Прва фаза -1
24-6-2014 Натал Италија   0 – 1   Уругвај СП 2014 - Прва фаза -   90+1'
28-6-2014 Рио де Жанеиро Колумбија   2 – 0   Уругвај СП 2014 - Осминафинале -2
5-9-2014 Сапоро Јапонија   0 – 2   Уругвај Пријателска -
10-10-2014 Џеда Саудиска Арабија   1 – 1   Уругвај Пријателска -1
14-11-2014 Монтевидео Уругвај   3 – 3 прод.
(6 - 7 пен.)
  Костарика Пријателска -3
19-11-2014 Сантјаго Чиле   1 – 2   Уругвај Пријателска -1
28-3-2015 Агадир Мароко   0 – 1   Уругвај Пријателска -
7-6-2015 Монтевидео Уругвај   5 – 1   Гватемала Пријателска -1
13-6-2015 Антофагаста Уругвај   1 – 0   Јамајка Копа Америка 2015 - Прва фаза -
16-6-2015 Ла Серена Аргентина   1 – 0   Уругвај Копа Америка 2015 - Прва фаза -1
20-6-2015 Ла Серена Уругвај   1 – 1   Парагвај Копа Америка 2015 - Прва фаза -1
24-6-2015 Сантјаго Чиле   1 – 0   Уругвај Копа Америка 2015 - Четвртфинале -1
4-9-2015 Панама Панама   0 – 1   Уругвај Пријателска -
8-10-2015 Ла Пас Боливија   0 – 2   Уругвај Квал. за СП 2018 -
13-10-2015 Монтевидео Уругвај   3 – 0   Колумбија Квал. за СП 2018 -
12-11-2015 Кито Еквадор   2 – 1   Уругвај Квал. за СП 2018 -2
18-11-2015 Монтевидео Уругвај   3 – 0   Чиле Квал. за СП 2018 -
26-3-2016 Ресифе Бразил   2 – 2   Уругвај Квал. за СП 2018 -2
29-3-2016 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Перу Квал. за СП 2018 -
6-6-2016 Глендејл Мексико   3 – 1   Уругвај Копа Америка Сентенарио - Прва фаза -3
10-6-2016 Филаделфија Уругвај   0 – 1   Венецуела Копа Америка Сентенарио - Прва фаза -1
14-6-2016 Санта Клара Уругвај   3 – 0   Јамајка Копа Америка Сентенарио - Прва фаза -
1-9-2016 Мендоса Аргентина   1 – 0   Уругвај Квал. за СП 2018 -1
7-9-2016 Монтевидео Уругвај   4 – 0   Парагвај Квал. за СП 2018 -
6-10-2016 Монтевидео Уругвај   3 – 0   Венецуела Квал. за СП 2018 -
11-10-2016 Баранкилја Колумбија   2 – 2   Уругвај Квал. за СП 2018 -2   80'
11-11-2016 Монтевидео Уругвај   2 – 1   Еквадор Квал. за СП 2018 -1
16-11-2016 Њуњоа Чиле   3 – 1   Уругвај Квал. за СП 2018 -3   76'
28-3-2017 Лима Перу   2 – 1   Уругвај Квал. за СП 2018 -2
7-6-2017 Ница Италија   3 – 0   Уругвај Пријателска -3
31-8-2017 Монтевидео Уругвај   0 – 0   Аргентина Квал. за СП 2018 -
5-9-2017 Асунсион Парагвај   1 – 2   Уругвај Квал. за СП 2018 -1
5-10-2017 Сан Кристобал Венецуела   0 – 0   Уругвај Квал. за СП 2018 -
10-10-2017 Монтевидео Уругвај   4 – 2   Боливија Квал. за СП 2018 -2
23-3-2018 Нанинг Уругвај   2 – 0   Чешка Пријателска -
26-3-2018 Нанинг Велс   0 – 1   Уругвај Пријателска -
8-6-2018 Монтевидео Уругвај   3 – 0   Узбекистан Пријателска -
15-6-2018 Екатеринбург Египет   0 – 1   Уругвај СП 2018 - Прва фаза - дет.
20-6-2018 Ростов Уругвај   1 – 0   Саудиска Арабија СП 2018 - Прва фаза - дет.
25-6-2018 Самара Уругвај   3 – 0   Русија СП 2018 - Прва фаза - дет.
30-6-2018 Сочи Уругвај   2 – 1   Португалија СП 2018 - Осминафинале -1 дет.
6-7-2018 Нижни Новгород Уругвај   0 – 2   Франција СП 2018 - Четвртфинале -2 дет.
8-9-2018 Хјустон Мексико   1 – 4   Уругвај Пријателска -1
12-10-2018 Сеул Јужна Кореја   2 – 1   Уругвај Пријателска -2   65'
16-10-2018 Саитама Јапонија   4 – 3   Уругвај Пријателска -4
22-3-2019 Нанинг Уругвај   3 – 0   Узбекистан Пријателска -
25-3-2019 Нанинг Уругвај   4 – 0   Тајланд Пријателска -
7-6-2019 Монтевидео Уругвај   3 – 0   Панама Пријателска -
16-6-2019 Бело Хоризонте Уругвај   4 – 0   Еквадор Копа Америка 2019 - Прва фаза - дет.
20-6-2019 Порто Алегре Уругвај   2 – 2   Јапонија Копа Америка 2019 - Прва фаза -2 дет.
24-6-2019 Рио де Жанеиро Чиле   0 – 1   Уругвај Копа Америка 2019 - Прва фаза - дет.
29-6-2019 Салвадор Уругвај   0 – 0
(4 – 5 пен.)
  Перу Копа Америка 2019 - Четвртфинале - дет.
Вкупно Настапи (5. место) 112 Голови -116

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 9 јули 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2004   Монтевидео Вондерерс ПДУ 2 -? - - - - - - - - - 2 -?
2005 ПДУ 9 -? - - - - - - - - - 9 -?
2006 ПДУ 20 -? - - - - - - - - - 20 -?
2006-2007 ПДУ 13 -? - - - - - - - - - 13 -?
Вкупно Монтевидео Вондерерс 44 -? - - - - - - 44 -?
2007-2008   Насионал Монтевидео ПДУ 4 -? - - - КЛ 7 -8 - - - 11 -8+
2007-2008   Лацио А 9 -15 КИ 4 -4 ЛШ 0 -0 - - 13 -19
2008-2009 А 15 -22 КИ 6 -5 - - - - - - 21 -27
2009-2010 A 36 -41 КИ 2 -3 ЛЕ 4 -4 СИ 1 -1 43 -49
2010-2011 А 36 -38 КИ 0 -0 - - - - - - 36 -38
Вкупно Лацио 96 -116 12 -12 4 -4 1 -1 113 -133
2011-2012   Галатасарај СЛ 33+6[25] -23 + -6[25]; 1 КТ 0 -0 - - - - - - 39 -29; 1
2012-2013 СЛ 33 -33 КТ 0 -0 ЛШ 10 -14 СТ 1 -2 44 -49
2013-2014 СЛ 29 -25 КТ 3 -4 ЛШ 6 -12 СТ 1 -0 39 -41
2014-2015 СЛ 32 -34 КТ 1 -1 ЛШ 5 -15 СТ 1 -0 39 -50
2015-2016 СЛ 33 -46 КТ 6 -4 ЛШ+ЛЕ 6+2 -10 + -4 СТ 1 -0 48 -64
2016-2017 СЛ 34 -39 КТ 0 -0 - - - СТ 1 -1 35 -41
2017-2018 СЛ 33 -33 КТ 3 -4 ЛЕ 2[26] -3[26] - - - 38 -40
Вкупно Галатасарај 227+6[25] -233 + -6[25]; 1 13 -13 31 -58 5 -3 282 -313; 1
Вкупно во кариерата 377 -355+; 1 25 -25 42 -70 6 -4 450 -454+; 1

Репрезентативна статистика

уреди
Репрезентација Година Настапи Голови
  Уругвај 2009 4 0
2010 12 0
2011 15 0
2012 10 0
2013 14 0
2014 11 0
2015 11 0
2016 11 0
2017 6 0
2018 11 0
2019 11 0
2020 0 0
2021 15 0
2022 2 0
Вкупно 133 0

Титули

уреди

Клупски

уреди
2008-2009
2009

Галатасарај[27]

уреди
2011-2012, 2012-2013, 2014-2015, 2017-2018, 2018-2019, 2022-2023, 2023-2024
2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2018-2019
2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2023

Репрезентативни

уреди
Уругвај[27]
2011
Четврто место : 2010
Четврто место : 2013

Индивидуални

уреди
2014, 2016
2014-2015, 2017-2018, 2021-2022, 2022-2023
  • Фудбалер на годината во Турција: 1
2016
2014-2015

Наводи

уреди
  1. „Fernando Muslera, el arquero de Uruguay en la Copa América 2011 - Copa América 2011 - eltiempo.com - futbolred.com“ (шпански). Посетено на 4 June 2014.
  2. „2018 FIFA World Cup: List of players“ (PDF). FIFA. 18 June 2018. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-19. Посетено на 2018-07-06.
  3. „Bilancio separato e consolidato S.S.Lazio SpA“ (PDF) (италијански). SS Lazio. 23 October 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 September 2015. Посетено на 22 May 2012.
  4. Muslera the hero as Lazio win Italian Cup on penalties – Yahoo! Eurosportgoooll, 5/13/09
  5. 2010 yılının dünyada en iyi kalecisi Casillas | futbol | ekolay spor
  6. Turkish Public Disclosure System (19 јули 2011). "Muslera'nın Transferine İlşikin Açıklama (2011-2012 sezonundan başmak üzere 5 futbol sezonu için)" (на tr). Соопштение за печат.
  7. Official: Galatasaray sign Fernando Muslera from Lazio on five-year deal – Goal.com
  8. Uefa.com, уред. (11 септември 2011). „Risultato İstanbul Büyükşehir Belediyesi Spor Kulübü - Galatasaray Spor Kulübü“. Архивирано од изворникот на 2018-10-21. Посетено на 2018-07-07.
  9. „Muslera keeps 19 clean sheets in 32 games“. Turkish-football.com. 8 април 2012. Архивирано од изворникот на 19 април 2012. Посетено на 8 април 2012.
  10. ReveNEWS, уред. (17 јули 201). „Coppa America 2011 Argentina Uruguay 5-6 d.c.r Super Muslera“. Архивирано од изворникот на 19 јули 2011.
  11. Tuttomercatoweb.com (уред.). „Coppa America, 3-0 all'Albirroja: Uruguay campione“. Посетено на 24 јули 2011.
  12. Ca2011.com (уред.). „BEST GOALKEEPER OF THE COPA AMÉRICA - PETROBRAS TROPHY: JUSTO VILLAR“. Архивирано од изворникот на 2012-04-01. Посетено на 24 јули 2011.
  13. Spain 2 - Uruguay 1 Архивирано на 11 декември 2018 г. fifa.com
  14. Бразил 2 - Уругвај 1 Архивирано на 30 септември 2015 г. fifa.com
  15. Uruguay 2 - Italy 2 Архивирано на 12 јули 2018 г. fifa.com
  16. ca2015.com (уред.). „Copa América quarter-finals: Colombia face Argentina and Chile meet Uruguay“. Архивирано од изворникот на 23 јуни 2015. Посетено на 23 јуни 2015.
  17. ca2015.com (уред.). „Mauricio Isla fires Chile through as reigning champions are knocked out“. Архивирано од изворникот на 26 јуни 2015. Посетено на 24 јуни 2015.
  18. „#Copa100 - Plantel confirmado“. auf.org.uy (шпански). 14 мај 2016. Посетено на 14 мај 2016.
  19. A. Seu (2 јуни 2018). „Mondiali, Uruguay con 5 italiani: ecco i 23 di Tabarez“. Gazzetta.it. Посетено на 8 јули 2018.
  20. S Fonsato (25 јуни 2018). „Le pagelle di Uruguay-Russia 3-0: Laxalt imprendibile, Cavani si sblocca; disastro Smolnikov“. Eurosport.com. Посетено на 8 јули 2018.
  21. S. Fonsato (25 јуни 2018). „Uruguay da urlo: 3-0 alla Russia e primo posto nel gruppo A. Padroni di casa secondi“. Eurosport.com. Посетено на 8 јули 2018.
  22. „Варан и киксот на Муслера и обезбедија полуфинале на Франција (видео)“. sportski.mk. 6 јули 2018. Посетено на 6 јули 2018.
  23. „Sergio Rochet: il portiere che rincasò per arrivare al Mondiale“. 14 октомври 2022. Посетено на 28 март 2024.
  24. „Muslera lascia la nazionale: l'annuncio dell'addio all'Uruguay dopo 15 anni“. 25 април 2024. Посетено на 25 април 2024.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Во плејоф.
  26. 26,0 26,1 во квалификациите против Естерсунд
  27. 27,0 27,1 27,2 „F. Muslera“. Soccerway. Посетено на 30 December 2015.

Надворешни врски

уреди