Агадир
Агадир — град во југозападен Мароко, седиште на регионот Сус-Маса-Дра. Има 924,000 жители (во 2014)[1]. Благата зимска клима (јануарски просечни дневни температури 20 °C) и добрите плажи го направија овој град главно „зимсколетно“ одредиште за северните Европејци. Сегашниот градоначалник е Тарик Кабаџ.
Градот се наоѓа на бреговите на Атлантскиот Океан, близу падините на Атласките Планини, северно од точката каде реката Сус се влева во океанот
Денес, Агадир е важно риболовно и комерцијално пристаниште, првото пристаниште за сардини во светот. Од Агадир се извезуваат и кобалт, манган, цинк и цитруси. Овој град е познат морски туристички центар со долги песочни плажи. Поради неговите високи згради, пространи патишта, модерни хотели и кафулиња во европски стил, Агадир не е типичен град на традиционалниот Мароко, а е модерен, зафатен и динамичен град. Познат е по својата морска храна и земјоделство.[2]
Градот го служи Аеродромот Ал Масира.
Наводи
уреди- ↑ „POPULATION LÉGALE DES RÉGIONS, PROVINCES, PRÉFECTURES, MUNICIPALITÉS, ARRONDISSEMENTS ET COMMUNES DU ROYAUME D'APRÈS LES RÉSULTATS DU RGPH 2014“ (арапски и француски). High Commission for Planning, Morocco. 8 April 2015. Посетено на 29 September 2017.
- ↑ „جماعة أكادير تحتفي بحلول السنة الأمازيغية الجديدة2973 ببرنامج ثقافي غني ومتنوع“. مدينة اكادير. 2023-01-17. Посетено на 2024-01-17.
Надворешни врски
уреди- Портал за Агадир Архивирано на 27 март 2019 г.
- Go Agadir
- WorldStatesmen - Morocco
- Агадир-Инфо Информации за спортот, хотелите и рестораните во Агадир. Хотелски водич
- Портал за Агадир на Лексикориент Архивирано на 30 јуни 2006 г.
- Le portail des Amazighs du Maroc
- Агадир на магичниот Мароко Архивирано на 4 јули 2006 г.
- Агадир