Маруан Фелаини
Маруан Фелаини-Бакиоуи (роден на 22 ноември 1987 во Етербек) — белгиски фудбалер, играч од средниот ред на Шандонг Луненг и поранешен репрезентативец на Белгија.
Маруан Фелаини | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 22 ноември 1987 | ||
Роден во | Етербек, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м | 1,94||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Шандонг Луненг | ||
Број | 25 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006-2008 | Стандард | 64 | (9) |
2008-2013 | Евертон | 141 | (25) |
2013-2019 | Манчестер Јунајтед | 119 | (12) |
2019- | Шандонг Луненг | 22 | (8) |
Репрезентација ‡ | |||
2007-2018 | Белгија | 87 | (18) |
* Ажурирано на: 26 јули 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Роден во Етербек од марокански родители, Фелаини има играно за младинските состави на Монс, Боринаж и Шарлероа, пред да стигне во тимот на Стандард Лиеж. По освојувањето на Белгиското првенство тој се преселил во Англија и му се приклучи на Евертон. Таму бил избран за најдобар млад играч на клубот за сезоната 2008-09, кога неговиот тим загубил во финалето на ФА Купот.
Технички одлики
уредиФелаини е разноврсен играч од средниот ред. Тој е таканаречен box-to-box midfielder поради неговата способност подеднакво добро да ги извршува задачите и во одбраната и во нападот. Неговите физички предиспозиции му даваат предност во воздухот при играта со глава, а во кариерата на ваков начин постигнал многу голови. Поради ова, додека настапувал за Евертон еден период играл и како најистурен напаѓач.
Клупска кариера
уредиПочетокот на кариерата
уредиРоден во Етербек, Брисел, Фелаини започнал да игра фудбал на возраст од 8 години за Андерлехт. Првата љубов на Фелаини биле атлетските трки, на 10.000 метри. Како дете тој трчал до училиштето додека неговите соученици ги користеле секојдневните превозни средства како автобус или автомобил. Сепак, неговиот татко, Абделлатиф кој бил професионален фудбалер го водел својот син Маруан кон фудбалот. Во својата прва сезона во Академијата на Андерлехт, тој постигнал 26 гола а во втората тој постигнал 37. Тој беше на академијата на Андерлехт сè до 10-годишна возраст кога тој замина во Монс, поради тоа што неговиот татко добил нова работа во градот. Три години подоцна, тој заиграл за ФК Бусу Дур Боринаж пред да замине од клубот кога тој потпишал за Шарлероа. На возраст од 17 години, тој го потпишал својот прв постојан договор со екипата на Стандард Лиеж. Помеѓу 2006 и 2008 година, тој направил 84 настапи за клубот, постигнувајќи 11 голови. Тој е познат повоздушните двобои и издржливоста, кој го направија еден од најдобрите box-to-box играчи од средината на теренот во Белгиската Прва дивизија и тоа резултираше со освојувањето на една од најпрестижните во Белгија во 2008 година како и наградата за најдобар играч на сезоната со африканско потекло.
Евертон
уредиПо одбивањето да ја продолжи својата кариера во Манчестер Јунајтед и покрај интересот за него од Астон Вила, Реал Мадрид, Тотенхем и Баерн Минхен, Фелаини потпиша за Евертон во септември 2008 година на петгодишен договор од Стандард Лиеж за почетен надомест за трансферот од 15 милиони £ (во тоа време рекорден трансфер за еден белгиски играч и рекорден трансфер на Евертон). Тој го направи своето деби за Евертон во победата со 3-2 нагости против Стоук Сити на 14 септември 2008 година, а својот прв гол за тимот го постигна против Њукасл Јунајтед во натпревар што завршил 2-2 на Гудисон Парк на 5 октомври 2008. Фелаини продолжи со постигнување погодоци и ја заврши сезоната со постигнати 9 гола во неговата прва сезона, најмногу што тој постигнал во една сезона во клубот до денес.
За време на неговата дебитантска сезона, тој беше картониран 10 пати во првите 17 натпревари и избегнa долга суспензија по личното сослушување заради инцидентот со главниот судија, Кит Хакет, каде што тој ветил дека ќе го подобри своето однесување. Тој го зачува неговото ветување заработувајќи само 3 дополнителни ржолти картони во 16 натпревари по состанокот, иако неговиот вкупен резултат беше со најголем број на жолти картони од било кој друг фудбалер во Премиер лигата. Сепак, на крајот на сезоната 2008-09, добрите игри на Фелаини не беа незабележани и тој беше избран за најдобар млад играч на Евертон во сезоната.
За време на настапите во Англија тој стана познат и по неговата голема "афро" коса, станувајќи култен херој меѓу навивачите на Евертон кој редовно носат спортски афро перики во знак на Фелаини. За време на сезоната 2008-09 Фелаини беше поставен да игра како втор напаѓач, кога на Евертон му беа повредени сите напаѓачи, па поради тоа Фелаини најчесто играше зад еден друг играч од средината на теренот којшто беше користен како напаѓач, Тим Кејхил. Подоцна Фелаини се врати да игра на неговата омилена позиција со дефанзивни задачи во средниот ред. Неговите настапи кон крајот на 2009 и почетокот на 2010 година беа толку импресивни што менаџерот на Евертон Дејвид Мојс ги оценил како "толку добри како никој во лигата", а тој повторно го потврдил ова откако Фелаини беше избран за играч на натпреварот против Манчестер Сити на 16 јануари. Фелаини беше страшно повреден во дербито на Мерсисајд на 6 февруари против градскиот соперник Ливерпул, кога беше фаулиран со груб старт со две нозе од страна на Сотириос Киргијакос по што на гркот му беше покажан директен црвен картон, додека Фелаини не беше во можност да настапува повеќе во остатокот од сезоната 2009-10.
Фелаини претрпе повреда на глуждот во повторениот натпревар од ФА Купот против Челзи во февруари 2011 година иако тој беше во можност да игра во победата со 2-0 против Санндерленд една недела подоцна, но поради повредата предизвикана над него тој повторно мораше да го пропушти остатокот од една сезона (сега 2010-2011). Тој немаше одиграно официјален натпревар до август 2011 година, кога тој се појави како замена во поразот од 1-0 на неговиот тим од Квинс Парк Ренџерс на Гудисон Парк и го одигра целиот натпревар во следното коло, кога Евертон го победи Шефилд Јунајтед со 3-1 во Лига купот. Во ноември 2011 година тој потпиша нов пет-годишен договор со клубот. Фелаини ја завршил сезоната 2011-2012 како играч кој одземал најмногу топки, добил најмногу воздушни двобои и направил повеќе додавања од било кој друг во клубот.
Во првиот натпревар од сезоната 2012-13 во Премиер Лигата против Манчестер Јунајтед, Фелаини доби пофалби за неговите извонредни перформанси, откако тој го постигна единствениот гол во победата дома со 1-0. Тој продолжи да игра во одлична форма постигнувајќи уште еден погодок веќе во следното коло, кога Евертон со 3-1 ја надигра Астон Вила во гости.
Манчестер Јунајтед
уредиНа 2 септември 2013 година, Фелаини му се вратил на својот поранешен менаџер, Дејвид Мојс, приклучувајќи му се на Манчестер Јунајтед за сума од £ 27.500.000, во последен ден од летниот трансферен прозорец. Тој го направил своето деби за клубот на 14 септември, во победата со 2-0 против Кристал Палас, влегувајќи како замена на местото на Андерсон во 62-ата минута.[1] На 17 септември, го направил своето деби во Лигата на шампионите почнувајќи како стартер во победата со 4-2 над Баер Леверкузен, што бил неговиот прв цел одигран натпревар за новиот клуб.
На 23 декември 2013 Фелаини имал операција на зглобот која го извадила надвор од акција до крајот на февруари 2014.
Репрезентативна кариера
уредиФелаини имал право да игра за Белгија или Мароко. Тој одбрал да ја претставува Белгија, уште во младите селекции. Тој учествувал на олимписките игри 2008 со репрезентацијата до 23 години и го освоил 4-тото место, откако биле поразени од Бразил во Битката за бронзата.
Неговото деби за сениорската репрезентација било во февруари 2007 година, а својот прв гол за сениорскиот тим го постигнал во поразот со 2-1 пораз од Португалија во квалификациски натпревар за Евро 2008.[2]
Фелаини имал седум настапи во квалификациите за светското првенство во фудбал 2014 за Белгија, постигнувајќи еден гол, и успеал да помогне репрезентацијата да се пласира на завршниот турнир за првпат од Светското првенство 2002.
Титули
уредиСтандард
уреди- Белгиска Прва дивизија : 2007-2008
Наводи
уреди- ↑ Sanghera, Mandeep (14 September 2013). „Манчестер Јунајтед - Кристал Палас 2-0“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 14 September 2013.
- ↑ „Маруан Фелаини“. transfermarkt.co.uk. Посетено на 19 јануари 2012.
Надворешни врски
уреди- Premier League Архивирано на 2 октомври 2012 г.
- Belgium Stats at Belgian FA
- Маруан Фелаини на soccerway
- Маруан Фелаини на Transfermarkt