[1]

Клинт Демпси
Лични податоци
Роден на 9 март 1983(1983-03-09)(41 г.)
Роден во Накодочес, САД
Држава САД САД
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс
Број 2
Младинска кариера
Далас Тексанс
Фурман Паладинс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2006 Њу Ингланд Револушн Њу Ингланд Револушн 71 (25)
2007-2012 Фулам Фулам 184 (50)
2012-2013 Тотенхем Тотенхем 29 (7)
2013-2018 Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс 115 (47)
2014Фулам Фулам 5 (0)
Репрезентација
2002-2003 САД САД 20 13 (1)
2004-2017  САД 141 (57)
* Ажурирано на: 13 мај 2012
** Ажурирано на: 1 јули 2012

Клинтон Дру Демпси (роден во Накодочес, на 9 март 1983) — поранешен американски фудбалер, офанзивен играч од средниот ред и напаѓач.

Ран живот и кариера

уреди

Демпси е роден во Накодочес, Тексас, и, во поголемиот дел од детството, со неговото семејство живееле во приколка, каде што тој и неговите браќа и сестри пораснале играјќи фудбал со локалните деца. Демпси има ирско потекло од страната на неговиот татко.[2] Неговиот постар брат Рајан бил понуден на проби во Далас Тексанс, елитен младински фудбалски клуб, и го доведе Клинт, кој бил забележан додека поминувал време жонглирајќи ја топка.[3] Демпси се истакнал во тимот на рана возраст, но морал да се повлече поради финансиските ограничувања на неговото семејство откако неговата најстара сестра Џенифер била на пат да стане рангирана јуниорска тенисерка.[4] Неколку родители на неговите соиграчи во Тексанс се понудиле да му помогнат на семејството Демпси со трошоци и патување, што му овозможува да се врати во клубот.

На 27 ноември 1995 година, Демпси ја загубил, тогаш 16-годишната сестра Џенифер поради мозочна анеуризма. Демпси бил уништена поради губењето на сестра си, а подоцна и објаснил дека овој настан му помогнал да се развие подлабока мотивација кај него да продолжи со фудбалот во чест на неговата сестра.[5]

Тој продолжил да биде капитен и најдобар стрелец на Тексанс и бил почестен со МВП наградата на Тампа Беј Сан Боул турнирот. Демпси ја проучувал играта на Аргентинската репрезентација, особено на Диего Марадона, и бил разочаран кога дознал дека Марадона нема да игра на Светското првенство 1994, иако Аргентина одиграла еден натпревар на стадионот Котон Боул.[6] Тој присуствувал на Фурман Универзитетот изучувајќи за здравје и научни вежби и бил клучен играч на екипата Фурман Паладинс.

Технички одлики

уреди

Фудбалер со солидна брзина, има добар дриблинг[7] и моќен шут, кој му овозможува да постигнува голови и од долго и од кратко растојание. Може да игра како внатрешен играч од средниот ред, крило и напаѓач. Тој е познат по неговата упорност и издржливост, откако одигра два натпревари со фрактура на вилицата и повреда во глуждот во почетокот на неговата кариера.

Клупска кариера

уреди

Њу Ингланд Револушн

уреди

Њу Ингланд Револушн го избрале Клинт Демпси како осми пик на драфтот во 2004. Во неговата руки сезона, тој започнал 23 од 24 натпревари постигнувајќи седум гола. Демпси им помогнал на Револушн да стигнат до финалето на источната конференција и ја заработил наградата МЛС дебитант на годината 2004. Во 2005 година, Демпси придонел десет гола и девет асистенции во 26 натпревари. Тој го постигнал победничкиот гол во финалето на источната конференција на својот пат до настап во финалето на МЛС Купот. Во 2006 година, Демпси додал уште 8 гола, но пропушти значително време во плејофот поради повреда. Тој влезе како замена во финалето на МЛС Купот, но Револушн го загубија своето второ финале по ред, овој пат на пенали.

Фулам

уреди

Пред да се пресели во Фулам, Демпси отишол на проби во ЛКС Ломза од каде што тренерот го испратил во Фулам. Во декември 2006 година, англискиот клуб Фулам понудил 4 милиони $ за трансферот на Демпси, што била најголемата понудена сума за фудбалер од МЛС лигата, и тој станал уште еден американски играч во составот на котиџерс за кој веќе играле репрезентативците на САД: Брајан Мекбрајд и Карлос Боканегра.[8][9] На 11 јануари 2007 година, му била доделена дозвола за работа и Фулам официјално го потврдил трансферот на Демпси.[10] Со тоа Демпси станал најскапиот американец во Премиер лигата со договор вреден пријавени 2.000.000 £.[11] Тој го направил своето деби за Фулам во натпревар на домашен терен против Тотенхем што завршил 1-1 на 20 јануари 2007 година.[12] Седум дена подоцна тој дебитирал во ФА Купот во победата со 3-0 над Стоук Сити.[13] Демпси го постигнал својот прв гол за Фулам на 5 мај, совладувајќи го Пепе Реина во 69-тата минута за победа над Ливерпул со 1-0.[14] Неговиот гол го спаси Фулам од испаѓање и му гарантира место во елитната дивизија за следната сезона.[15]

Демпси не бил во почетниот состав за првите три натпревари од сезоната 2007-08, но по повредата на Брајан Мекбрајд, тој влегол од клупата играјќи како напаѓач и постигнал гол во поразот со 2-1 од Астон Вила.[16] Тој продолжил со постигнување на голови веќе во следниот натпревар на Фулам; 3-3 на домашен терен против Тотенхем на 1 септември.[17] Две недели подоцна, тој го отворил резултатот за Фулам во ремито 1-1 на гостувањето против Виган Атлетик.[18] На 29 септември, Демпси бил вмешан во воздушен судир со Џон Тери за време на ремито без голови (0-0) со Челзи на Стемфорд Бриџ, што резултирало со тоа Тери да биде заменет.[19] После натпреварот имало сугестии дека Демпси намерно го искористил лактот за да го удри Тери;[20] но сепак, тој не бил казнет за инцидентот откако судијата Мартин Аткинсон не го пријавил на Фудбалската асоцијација (ФА).[21] На 3 ноември, Демпси го постигнал вториот гол за Фулам во победата со 3-1 над Рединг за да им помогне да ја обезбедат само втората првенствена победа во сезоната.[22] Тој ги постигнал својте последни голови за сезоната во ремито 1-1 на домашен терен со Виган Атлетик и поразот со 5-1 на гостувањето кај Тотенхем во декември.[23][24] Во мај 2008 година, Фулам објавил дека Демпси потпишал продолжување на договорот кој ќе го задржи во клубот до летото 2010.[25] Во последното коло од сезоната, Фулам како гостин го победил Портсмут со 1-0 за да обезбеди Премиер лигашки статус и за следната сезона.[26] Демпси ја завршил сезоната како најдобар стрелец на Фулам во Премиер лигата со шест гола.[27]

Демпси имал само еден настап во почетниот состав на Фулам во првите единаесет натпревари од сезоната 2008-09, но го постигнал својот прв гол во ремито 1-1 на гостувањето кај Портсмут на 26 октомври откако влегол како замена.[28] Тој го заменил Золтан Гера и го постигнал својот прв гол на домашен терен за сезоната во победата со 3-0 над Мидлзборо на 20 декември.[29] Осум дена подоцна, тој постигнал два гола во дербито на Западен Лондон против Челзи, вклучувајќи го и израмнувачкиот во последните моменти од мечот за конечни 2-2 на Крејвен Котиџ.[30] На 24 февруари 2009 година, Демпси го постигнал првиот погодок во ФА Купот во неговата кариера придонесувајќи за победата со 2-1 над Свонзи Сити во петтиот круг.[31] Неговиот последен гол на домашен терен во сезоната дошол во поразот со 2-1 од Блекбурн Роверс на 11 март.[32] На 12 април Фулам направил целосен пресврт за да дојде до победа од 3-1 на гостувањето кај Манчестер Сити, а Демпси постигнал два гола; првиот и третиот.[33] За втора сезона по ред, Демпси завршил како најдобар стрелец на Фулам во Премиер лигата заедно со напаѓачот Ендрју Џонсон со седум гола.[34] Овие голови му помогнале на Фулам да го обезбеди седмото место во Премиер лигата, што е највисока позиција во историјата на клубот, и ја потврдија својата квалификација за настап во новоформираната УЕФА Европа Лига за следната сезона.[35]

 
Демпси на тренинг на Фулам во август 2009.

На 13 август 2009 година, Демпси потпишал продолжување на договорот со Фулам до 2013 година.[36] На 20 август, тој го постигна својот прв гол европските натпреварувања, затресувајќи ја мрежата на Амкар за вториот гол на Фулам во победата со 3-1 во Плеј-оф рундата од Лигата на Европа.[37] На 30 декември, La Gazzetta dello Sport го именува Демпси како еден од најдобрите единаесет играчи во Премиер лигата за оваа сезона.[38] На 17 јануари 2010, Демпси претрпел повреда на вкрстениот лигамент на коленото во поразот со 2-0 на гостувањето кај Блекбурн Роверс.[39] На 11 март, Демпси се врати во акција, влегувајќи како замена во последната минута од поразот на Фулам на гостувањето кај Јувентус во осминафиналето од Лига Европа, а потоа запишал 72 минути во поразот од Манчестер Јунајтед во првенството.[40] На 18 март, Демпси влезе од клупата во реваншот против Јувентус, и го постигна четвртиот гол за Фулам во победата со 4-1, гол кој ги одведе котиџерс понатаму со вкупен резултат 5-4.[41] Гардијан предложил дека овој гол "би можел да стане најпознатиот гол во историјата Фулам".[42] На 12 мај, Демпси го заменил Боби Самора во 55-тата минута од Финалето на Лига Европа, со што влегол во историјата како првиот американец кој се појавил во некое финале на голем европски турнир. На крајот, Фулам го загуби натпреварот, откако напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Форлан го постигна решавачкиот погодок во 116-тата минута од екстра време, за победа на Атлетико со 2-1.[43] Неговите настапи низ сезоната 2009-10 му донесоа ознака за најкорисен играч меѓу Американците во Европа од страна на SoccerOverThere.com, меѓу другите извори.[44]

Демпси бил на клупата за резерви на Фулам во првите два гостински натпревари од сезоната 2010-11, но станал редовен стартер, како еден од само пет играчи од САД во Премиер лигата кој успеал да го стори тоа. На 18 септември 2010 година, тој го постигнал израмнувачкиот погодок во 56-тата минута со глава против Блекбурн Роверс на Ивуд Парк за конечни 1-1 со што продолжи серијата без пораз (клупски рекорд) на Фулам во Премиер лигата.[45] На 2 октомври, тој му даде гол на голманот на Вест Хем Јунајтед, Роберт Грин, истиот голман кој го совлада и на Светското првенство во летото истата година.[46] Демпси продолжил со својата добра форма на постигнување голови, стрелајќи двапати во мрежата на Виган Атлетик на 30 октомври, за победа на својот тим со 2-0.[47][48] На 22 јануари 2011 година, Демпси уште еднаш бил двоен стрелец во победата на Фулам над Стоук Сити со 2-0, помагајќи му на тимот привремено да излезе надвор од зоната за испаѓање.[49]

На 19 март, Демпси станал првиот играч од САД кој успеал да постигне 10 гола во една сезона од Премиер лигата, надминувајќи го претходниот рекорд на Брајан Мекбрајд од девет, исто така, поставен во периодот додека играше за Фулам во сезоните 2005-06 и 2006-07.[50]

Клинт Демпси го скршил рекорд и за најмногу постигнати голови за Фулам во Премиер Лигата откако двапати ја затресе мрежата на Болтон во победата со 3-0 на 27 април 2011 година Тој го постигнал вкупно 33-тиот негов гол за тимот во Премиер лигата, надминувајќи ги Брајан Мекбрајд и Стед Малбранк, кој имаат по 32. Со овие голови, Демпси постигнал 12 првенствени гола за Фулам во сезоната 2010-11.[51]

Демпси бил прогласен за Играч на сезоната на Фулам за 2010-11 од страна на навивачите на клубот, а неговите 12 погодоци во Премиер лигата значеа дека тој исто така беше водечки стрелец на клубот за кампањата.[52]

Демпси постигнал два гола во првиот натпревар од плеј-оф рундата во Лигата на Европа 2011-12 помагајќи му на Фулам да дојде до победа со 3-0 на домашен терен. На 5 декември 2011 година, постигнал гол во 85-тата минута за да ја обезбеди победата од 1-0 против Ливерпул на Крејвен Котиџ.[53] Овој погодок го прави Демпси најефикасниот американец во Премиер лигата, надминувајќи го својот некогашен соиграч во Фулам и репрезентацијата на САД, Брајан Мекбрајд.[54] На 17 декември го постигнал својот петти погодок во Премиер лигата за оваа кампањата, стрелајќи прецизно со глава за победа над Болтон со 2-0, носејќи го својот тим на шест бода предност во однос на зоната за испаѓање.[55]

На 7 јануари Демпси го постигнал првиот хет-трик во неговата кариера,[56] против Чарлтон во третата рунда од ФА купот во натпревар кој завршил со победа на неговиот тим со 4-0.[57][58] На 21 јануари 2012 година, Демпси постигнал уште еден хет-трик против Њукасл Јунајтед во победата со 5-2.[59] Со својот хет-трик против Њукасл, тој станал првиот играч од САД кој успеал да постигне хет-трик во Премиер лигата.[60] Демпси го постигнал својот 10-ти гол за сезоната во Премиер лигата, шеснаесетти во сите натпреварувања, во ремито 1-1 против Вест Бромвич на поранешниот менаџер на Фулам Рој Хоџсон на 1 февруари 2012 година.[61] По фантастичната серија погодоци, Демпси бил преместен како напаѓач во следните натпревари на клубот.

Демпси ги постигнал својот четиринаесетти и петнаесетти првенствен гол за кампањата, во победата со 3-0 на гостувањето против Болтон Вондерерс на 7 април, првиот од слободен удар, а вториот со глава.[62] Со овие два гола Демпси го надминал рекордот на Луј Саа од тринаесет гола во Премиер лигата за клубот во една сезона.[63] Демпси го освоил четвртото место во изборот за фудбалер на годината зад победникот, Робин ван Перси од Арсенал, и играчите на Манчестер Јунајтед Вејн Руни и Пол Сколс.[64] Демпси станал првиот американец во лигата кој ја надминал бројката од 15 гола за една сезона, стрелајќи од слободен удар против Сандерленд во последниот натпревар од сезоната.[65]

На 7 јуни 2012 година, Демпси е прогласен за Играч на клубот за сезоната од страна на навивачите за втора последователна сезона.[66] На 31 август 2012 година, Фулам го потврди трансферот на Демпси во Тотенхем.[67]

Тотенхем

уреди

На 31 август 2012 година, Демпси му се приклучил на Тотенхем за сума која се верува дека изнесувала околу 6 милиони £ потпишувајќи со клубот тригодишен договор.[68] Договорот го направи Демпси најскапо платен фудбалер од САД на сите времиња. Поради тоа што дресот со број 23 кој го носеше во Фулам и бројот 8 кој обично го носи при репрезентативната должност биле недостапни, тој се одлучил за дресот со број 2 што најчесто асоцира на десен бек, кој Демпси го носел на Фурман Универзитетот.[69] Демпси го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 3-2 над Манчестер Јунајтед, а воедно неговиот гол беше и победничкиот. Тоа беше првпат во 23 години Тотенхем да го победи Јунајтед на Олд Трафорд.[70] Својот втор гол за Спарс тој го постигнал во 39-тата минута во гостинскиот натпревар со Саутхемптон во октомври. Третиот и четвртиот гол на Демпси беа постигна против Евертон во поразот со 2-1 и против Рединг на Нова Година во победата со 3-1. Во 3 круг од ФА Купот тој постигнал два гола против Ковентри Сити.[71] На 20 јануари 2013 година, во еден натпревар игран при врнежи од снег на Вајт Харт Лејн против водачот во лигата Манчестер Јунајтед, Демпси ги спаси Спарс од пораз израмнувајќи на 1-1 во 93-тата минута по додавањето на Арон Ленон од десната страна. На 27 јануари 2013 година, Демпси постигнал убав погодок со глава против Лидс Јунајтед на Иланд Роуд, во ФА Купот за да намали на 2-1, сепак Тотенхем не успеа да постигне уште еден гол во остатокот од натпреварот, и тој заврши со резултат 2-1 за Лидс.[72] Демпси не бил во можност да остави впечаток против својот претходен клуб на 17 март, кога Фулам дојде и победи со 1-0 на Вајт Харт Лејн. На 21 април, Демпси го постигнал првиот од трите гола за Тотенхем во победата со 3-1 над Манчестер Сити на Вајт Харт Лејн. На 12 мај, Демпси постигна еден гол и асистирал за друг помагајќи му на својот тим да дојде до победа против Стоук Сити со 2-1 и да ги задржи шансите во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

На 11 април 2013 година, Демпси постигнал два гола против Базел во вториот натпревар од четврт-финалето на Лига Европа за да го испрати натпреварот во продолженија. Тотенхем на крајот го загубил натпреварот на пенали и на тој начин биле елиминирани од Европа.

Сиетл Саундерс

уреди
 
Демпси со Саундерс во 2014

На 3 август 2013 година, Демпси се вратил во МЛС потпишувајќи четиригодишен договор со Сиетл Саундерс како назначен играч за трансфер сума од 9 милиони $.[73] И во новиот клуб го избрал дресот со број 2. Претходниот корисник на дресот со број 2, ДеАндре Једлин, се префрлил на бројот 17. Демпси го направил своето деби во лигата за Сиетл на 10 август 2013 година во победата со 2-1 над Торонто. Демпси влезе како замена во 34-тата минута од тој натпревар, по повредата на глуждот на Обафеми Мартинс.[74] Својот прв погодок за Сиетл, Демпси го постигна на 28 октомври 2013 на домашен терен против Лос Анџелес Галакси (1-1) по големата грешка на противничкиот голман Хаиме Пенедо, носејќи му предност на својот тим од 1-0 во 30-тата минута од натпреварот.[75] Тоа беше и неговиот единствен погодок за Саундерс во оваа сезона. Демпси играше и во двата натпревари од конференциското полуфинале на МЛС купот, каде што неговиот Сиетл беше елиминиран од страна на Портланд Тимберс со вкупен резултат 5-3.

Позајмицата во Фулам

уреди

На 24 декември 2013 година, Демпси повторно потпишал за Фулам доаѓајќи во клубот на двомесечен заем.[76] Тој го направил своето деби по враќањето на 4 јануари 2014 година во третиот круг од ФА купот против Норвич Сити. Демпси го одиграл целиот натпревар кој се завршил со резултат 1-1, а потоа учествувал и во преигрувањето на Крејвен Котиџ, каде Фулам победил со 3-0.[77]

Враќање во Сиетл Саундерс

уреди

Иако не било соопштено од страна на Фулам, Демпси се појавил во тимот на Сиетл за натпреварот против Спортинг Канзас Сити во првото коло од новата МЛС сезона, игран на 10 март 2014 година. Демпси се вратил во форма, постигнувајќи хет-трик против Портланд Тимберс, и бил двоен стрелец против Далас и Колорадо Рапидс, стигајќи до скор од 8 гола во 5 натпревари во 2014 година. Тој ја освоил наградата МЛС Играч на месецот за месец април.[78] Сезоната ја завршил со 15 гола и 10 асистенции како и во двете категории ги остварил својте најдобри постигнувања во МЛС кариерата, Сиетл исто така освоил Supporters' Shield, но биле елиминирани во конференциското финале на МЛС купот од подоцнежните шампиони Лос Анџелес Галакси.

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Сиетл Саундерс

уреди

Репрезентативни

уреди

Наводи

уреди
  1. https://twitter.com/clint_dempsey twitter
  2. http://www.irishcentral.com/sports/clint-dempsey-us-soccer-hero-an-irish-rags-to-riches-story-96228884-238036381.html
  3. Hairopoulos, Kate (June 8, 2006). „Quite a trip for U.S. midfielder“. The Dallas Morning News. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на December 5, 2013.
  4. Drehs, Wayne (June 8, 2006). „No ordinary background“. ESPN Soccernet. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на June 22, 2006.
  5. „Clint Dempsey, World Cup Star, Credits Jesus For His Succes“. The Huffington Post. June 24, 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на June 26, 2014.
  6. Connolly, Marc (February 7, 2005). „Rookie of the year is still a rookie“. ESPN Soccernet. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на July 14, 2006.
  7. Fifa.com (уред.). „Player profile“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2009-06-19. Посетено на 2014-08-03.
  8. Dell'Apa, Frank (January 7, 2007). „Dempsey could set the tone for future MLS transfers“. ESPN Soccernet. ESPN. Архивирано од изворникот 2013-12-13. Посетено на January 7, 2007.
  9. Dell'Apa, Frank (February 27, 2007). „Transfer of power for Revolution“. Boston.com. The Boston Globe. Архивирано од изворникот 2013-12-07. Посетено на February 27, 2007.
  10. „Dempsey Signs For Fulham“. FulhamFC.com. Fulham FC. January 11, 2007. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на December 5, 2013.
  11. „Fulham complete Dempsey transfer“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. January 11, 2007. Архивирано од изворникот 2013-12-13. Посетено на January 11, 2007.
  12. „Fulham 1–1 Tottenham“. ESPN Soccernet. ESPN. January 20, 2007. Архивирано од изворникот 2014-01-03. Посетено на December 5, 2013.
  13. „Fulham 3–0 Stoke City“. ESPN Soccernet. ESPN. January 27, 2007. Архивирано од изворникот 2014-01-03. Посетено на December 5, 2013.
  14. Sinnott, John (May 5, 2007). „Fulham 1–0 Liverpool“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на May 5, 2007.
  15. „Dempsey's Golden Goal“. FulhamFC.com. Fulham FC. May 8, 2007. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на December 5, 2013.
  16. Dirs, Ben (August 25, 2007). „Aston Villa 2–1 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на August 25, 2007.
  17. Mercer, Nathan (September 1, 2007). „Fulham 3–3 Tottenham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-24. Посетено на September 1, 2007.
  18. „Wigan 1–1 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. September 15, 2007. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на September 15, 2007.
  19. Soni, Paresh (September 29, 2007). „Chelsea 0–0 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на September 29, 2007.
  20. Lawton, Matt (September 30, 2007). „FA urged to charge Dempsey over Terry“. Daily Mail. London: Associated Newspapers Ltd. Архивирано од изворникот 2014-01-09. Посетено на September 30, 2007.
  21. „Terry to lead Chelsea in Valencia“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. October 3, 2007. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на October 3, 2007.
  22. Sinnott, John (November 3, 2007). „Fulham 3–1 Reading“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на November 3, 2007.
  23. Lyon, Sam (December 22, 2007). „Wigan 1–1 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на December 22, 2007.
  24. Lyon, Sam (December 26, 2007). „Tottenham 5–1 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на December 26, 2007.
  25. „Dempsey Signs Extension“. FulhamFC.com. Fulham FC. May 3, 2008. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на December 5, 2013.
  26. Hughes, Ian (May 11, 2008). „Portsmouth 0–1 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на May 11, 2008.
  27. „Fulham Player Stats 2007/08“. Soccerbase. Centurycomm Ltd. May 15, 2011. Архивирано од изворникот 2013-12-26. Посетено на December 5, 2013.
  28. Hassan, Nabil (October 26, 2008). „Portsmouth 1–1 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на October 26, 2008.
  29. Chowdhury, Saj (December 20, 2008). „Fulham 3–0 Middlesbrough“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на December 20, 2008.
  30. Stevenson, Jonathan (December 28, 2008). „Fulham 2–2 Chelsea“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на December 28, 2008.
  31. Shuttleworth, Peter (February 24, 2009). „Fulham 2-1 Swansea“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на December 5, 2013.
  32. Vesty, Marc (March 11, 2009). „Fulham 1–2 Blackburn“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на March 11, 2009.
  33. Bevan, Chris (April 12, 2009). „Man City 1–3 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на April 12, 2009.
  34. „Fulham Player Stats 2008/09“. Soccerbase. Centurycomm Ltd. May 15, 2011. Архивирано од изворникот 2013-12-13. Посетено на December 5, 2013.
  35. „Fulham v Everton“. FulhamFC.com. Fulham FC. May 24, 2009. Архивирано од изворникот 2013-12-12. Посетено на December 5, 2013.
  36. „Dempsey Signs Extension“. Fulham FC. August 13, 2009. Архивирано од изворникот 2014-04-18. Посетено на December 5, 2013.
  37. „Fulham 3–1 Amkar Perm“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. August 20, 2009. Архивирано од изворникот 2013-12-15. Посетено на August 20, 2009.
  38. Cantalupi, Stefano (December 30, 2009). „I verdetti di metà Premier Ancelotti gira in testa“. La Gazzetta dello Sport (италијански). Архивирано од изворникот 2013-12-07. Посетено на January 5, 2010.
  39. „Fulham's Clint Dempsey knee injury rocks Fulham and US“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. January 17, 2010. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на January 17, 2010.
  40. „How do Fulham stop Wayne Rooney? Easy, we've got Brede Hangeland and Aaron Hughes! Confident Paul Konchesky looking forward to Manchester United test“. Mail Online. Daily Mail. March 13, 2010. Архивирано од изворникот 2014-01-09. Посетено на March 13, 2010.
  41. „Fulham 4–1 Juventus“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. March 18, 2010. Архивирано од изворникот 2013-12-27. Посетено на March 18, 2010.
  42. „Fulham's Clint Dempsey gambles to knock Juventus out of Europa League“. The Guardian. March 19, 2010. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на December 5, 2013.
  43. „Clint Dempsey Becomes First American To Appear In European Final“. Goal.com. May 12, 2010. Архивирано од изворникот 2013-11-27. Посетено на May 12, 2010.
  44. „Howie's 2009–10 All-Over There team“. SoccerOverThere.com. May 3, 2010. Архивирано од изворникот 2013-12-06. Посетено на May 3, 2010.
  45. Nabil Hassan (September 18, 2010). „Blackburn 1–1 Fulham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2013-12-06. Посетено на 2014-08-09.
  46. Liew, Jonathan (October 2, 2010). „West Ham United 1 Fulham 1: match report“. London: The Telegraph. Архивирано од изворникот 2013-11-27. Посетено на October 2, 2010.
  47. Straus, Brian (October 30, 2010). „Clint Dempsey Scores Twice for Fulham on Big Day for Americans Abroad“. FanHouse.com. Архивирано од изворникот 2012-09-02. Посетено на December 5, 2013.
  48. Ashdown, John (October 30, 2010). „Fulham ease past woeful Wigan Athletic thanks to Clint Dempsey double“. The Guardian. London: theguardian.com. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на December 5, 2013.
  49. „Fulham 2–0 Stoke“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. January 22, 2011. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на January 22, 2011.
  50. Bell, Jack (March 19, 2011). „Yanks Abroad: Dempsey Sets a Record; Holden Hurt“. The New York Times. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на March 20, 2011.
  51. Bensch, Bob (April 27, 2011). „Fulham Beats Bolton 3–0 to Pull Clear of Premier League's Relegation Zone“. Bloomberg L.P. Архивирано од изворникот 2013-12-29. Посетено на April 28, 2011.
  52. „Player of the Season“. Fulhamfc.com. June 3, 2011. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на December 5, 2013.
  53. Winter, Henry (December 6, 2011). „Kenny Dalglish furious at 'chant' cheats aimed at Luis Suarez after Liverpool lose to Fulham“. London: The Telegraph. Архивирано од изворникот 2013-11-27. Посетено на 2014-08-12.
  54. „Dempsey downs 10-man Liverpool“. ESPN FC. December 5, 2011. Архивирано од изворникот 2014-01-03. Посетено на 2014-08-12.
  55. Cox, Gerry (December 17, 2011). „Fulham 2 Bolton Wanderers 0: match report“. London: The Telegraph. Архивирано од изворникот 2014-02-01. Посетено на 2014-08-12.
  56. „Clint Dempsey posts hat trick in rout“. ESPN. January 8, 2012.
  57. Collins, Mick (January 7, 2012). „Fulham 4 Charlton 0: Dempsey hat-trick bursts bubble of League One leaders“. Mail Online. London: Daily Mail. Архивирано од изворникот 2014-01-09. Посетено на 2014-08-12.
  58. „Dempsey hits hat-trick“. ESPN. Посетено на January 7, 2012.
  59. „Fulham v Newcastle United“. ESPN. Архивирано од изворникот 2014-01-03. Посетено на January 21, 2012.
  60. Burke, Timothy (January 21, 2012). „Here's Clint Dempsey's Hat Trick Today, The First-Ever By An American In The English Premier League“. Deadspin. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на January 21, 2012.
  61. Jackson, Jamie (February 1, 2012). „Fulham 1–1 West Bromwich Albion“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на February 1, 2012.
  62. Report: Bolton Wanderers v Fulham – Barclays Premier League – . ESPN Soccernet (April 7, 2012). Посетено на December 5, 2013.
  63. „Dempsey scores twice as Fulham beats Bolton 3–0“. Yahoo! Sports. April 7, 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-14. Посетено на December 5, 2013.
  64. „Arsenal's Robin van Persie named FWA Footballer of the Year“. British Broadcasting Corporation. May 24, 2012.
  65. „Fulham 2–1 Sunderland“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. May 6, 2012. Архивирано од изворникот 2013-12-06. Посетено на May 6, 2012.
  66. „Clint Dempsey voted Fulham player of the season“. ESPN. June 7, 2012. Архивирано од изворникот 2013-12-02. Посетено на July 13, 2012.
  67. „Dempsey Departs“. Fulham FC. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на August 31, 2012.
  68. „Dempsey signs for Spurs“. Sky Sports. August 31, 2012. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на August 31, 2012.
  69. „2003 Furman Men's Football Cumulative Season Statistics“. Посетено на November 5, 2012.
  70. „Clint Dempsey can now focus on what's important“. Sports Illustrated. September 6, 2012. Архивирано од изворникот на 2013-12-19. Посетено на September 8, 2012.
  71. „Clint Dempsey brace guides Spurs' win“. Soccernet. ESPN. January 5, 2013. Архивирано од изворникот 2013-12-19. Посетено на January 5, 2013.
  72. „Dempsey denies United at the death“. FIFA.com. January 20, 2013. Архивирано од изворникот 2014-06-26. Посетено на January 20, 2013.
  73. „Sounders FC Signs Clint Dempsey“. Sounders FC. August 3, 2013. Архивирано од изворникот 2013-12-25. Посетено на August 12, 2013.
  74. Oshan, Jeremiah. „Clint Dempsey thrown on early after Obafemi Martins injured, but Seattle Sounders debut goes off without a hitch“. Major League Soccer. Архивирано од изворникот 2014-01-17. Посетено на August 11, 2013.
  75. Clint Dempsey scores 1st mls goal as seattle sounders draw with la galaxy
  76. „Clint Dempsey: Fulham re-sign forward on two-month loan deal“. BBC Sport. 24 December 2013. Посетено на 29 December 2013.
  77. „Norwich City 1-1 Fulham“. BBC Sport. January 4, 2014. Архивирано од изворникот 2014-01-20. Посетено на January 4, 2014.
  78. „Seattle Sounders' Clint Dempsey voted Etihad Airways MLS Player of the Month for April“. MLSsoccer.com. May 1, 2014.

Надворешни врски

уреди