Чарлс Буковски

(Пренасочено од Хенри Чарлс Буковски)

Хенри Чарлс Буковски (роден на 16 август 1920 во Андернах - 9 март 1994 во Сан Педро) — германско-американски поет, романописец и раскажувач.

Чарлс Буковски
Роден(а)Хенри Чарлс Буковски
16 август 1920(1920-08-16)
Андернах, Рајнска област-Пфалц, Вајмарска Република
Починал(а)9 март 1994(1994-03-09) (возр. 73)
Сан Педро, Калифорнија, САД
НационалностГерманец, Американец
Занимањепоет, романописец, раскажувач и колумнист
ДвижењеВалкан реализам,[1][2] Трансгресивна фикција[3]

Неговото пишување било под влијание на социјалниот, културниот и економскиот амбиент на неговиот роден град Лос Анџелес[4] . Неговото дело се осврнува на обичните животи на сиромашните Американци, на чинот на пишување, на алкохолот, на односите со жени и на тешката работа. Буковски напишал илјадници песни, стотици раскази и шест романи, објавувајќи над 60 книги. ФБИ чува досие за него како резултат на неговата колумна: „Белешки за валканиот стар човек“, во лондонскиот весник Open City[5][6]. Во 1986 година магазинот Тајм го нарекол на Буковски „лауреат на американскиот низок живот[7].

Од неговата смрт во 1994 година, Буковски е предмет на голем број критични статии и книги за неговиот живот и списи, но неговата работа добила релативно мало внимание од академските критичари.

Живот

уреди
 
Местото каде е роден Буковски

Буковски е роден во Андернах, Германија во 1920 година.[8] Мајка му, Катарина Фет, била Германка, од татко Вилхелм Фет и мајка Нанетет Израел.[9][10] Таа го запознала неговиот татко, Американец со полско потекло, на крајот од Првата светска војна и семејството се преселило во САД кога Чарлс имал две години.[11]Чарлс Буковски постојано тврдел дека е роден како вонбрачно дете, но брачните досиеја во Андернах покажуваат дека неговите родители се омажиле еден месец пред неговото раѓање.[11][12] Чарлс Буковски имал тешко детство, бидејќи (како што и самиот кажал) неговиот татко, кој често бил невработен, вербално и физички го злоставувал,[13][14] а тоа го опишал во романот „Шунка на 'ржан леб“). Откако матурирал во државното средно училиште во Лос Анџелес, Буковски се запишал на Градскиот колеџ на Лос Анџелес каде студирал уметност, новинарство и литература.

Откако татко му го избркал од дома, Буковски патувал низ цела Америка, а најпосле се вратил во Лос Анџелес и долго време живеел од денес до утре, заглавен во алкохолизмот и работејќи бесмислени работи (возач на камион, работник на бензиска пумпа, чувар, лифтбој итн.) и живеејќи во евтини хотели и пансиони. Во доцните 1950-ти, Буковски се вработил како курир во Државниот сервис на САД (поштенската служба) на Лос Анџелес, каде поминал 12 години, а потоа, на возраст од 49 години, дал отказ од работата и решил да живее пишувајќи поезија.[15] [16] Во едно од неговите писма напишал: „Имам еден од два избора - да останам во поштата и да побудалам...или да останам тука и да си играм писател и да гладувам. Одлучив да гладувам”[17]

Во 1955 година бил хоспитализиран поради крварење на внатрешен чир и малку требало неговата состојба да има посериозни последици. Во 1957 година се оженил за писателката и поетеса Барбара Фрај, но се развеле во 1959 година. По разводот, Буковски продолжил да пие и да пишува поезија. Во 1964 година, неговата втора жена Франсис Смит ја родила нивната ќерка, Марина Луиза Буковски. Буковски и Франсис живееле заедно, но никогаш не стапиле во законски брак. Во 1976 година ја сретнал Линда Ли Бејџил, сопственичка на ресторан за здрава храна. Две години подоцна се преселиле во Источен Холивуд, каде Буковски го поминал остатокот од животот, а во 1985 година тие се венчале. Буковски починал од леукемија на 9 март 1994 година во Сан Педро, Калифорнија на 73-годишна возраст, набргу по завршувањето на последниот роман „Pulp”. Погребот бил направен во духот на будистичката традиција, а на неговата спомен-плоча стои: „Don't Try (Не се обидувај)“. Според Линда Ли Буковски, овој епитаф значи: „Ако го потрошиш животот обидувајќи се, тогаш она што ќе ти остане е само обидувањето. Затоа не се обидувај, туку прави ги работите”.

Творештво

уреди

Во младоста, Буковски ги сакал писателите како што се: Антон Чехов, Кнут Хамсун,[18] Ернест Хемингвеј,[19] Џон Фанте[18] и Фјодор Достоевски.[19] Во романот „Шунка на 'ржан леб“, тој ги наведува првиот писател кој му оставил впечаток бил Аптон Синклер, а потоа им се воодушевувал на: Синклер Луис, Д. Х. Лоренс, Хаксли, Шервуд Андерсон и особено на Хемингвеј, Тургенев.[20] и на Џејмс Тербер.[21] Во романот „Жени“, тој вели дека Кнут Хамсун е најдобриот писател на светот, а исто така истакнуав дека го сака Карсон Мек Кјулер.[22] и на Џејмс Тербер.[23]

Буковски почнал да објавува во литературните списанија во почетокот на 1950-тите. На 24-годишна возраст, неговиот расказ „Aftermath of a Lengthy Rejection Slip“ бил објавен во списанието „Story“, а две години подоцна, расказот „20 Tanks From Kasseldown“ бил објавен во збирката „Портфолио III“. Тогаш, тој се разочарал во издавачкиот процес и се откажал од пишување во текот на речиси една декада од неговиот живот. Во 1969 година, на Буковски му била доделена месечна стипендија од 100 долари од страна на издавачот Џон Мартин „за да пишува“. Тогаш, Буковски ја напуштил работата како поштенски службеник и решил да живее пишувајќи поезија. Еден месец откако ја напуштил поштата, тој го завршил својот прв роман „Пошта”, објавен во 1971 година. Подоцна, негова издавачка куќа била Black Sparrow Press која ги објавила сите негови дела.

Во 1960 година ја објавил својата прва поетска збирка „Цветот, тупаницата и ѕверскиот лелек“, а потоа објавил околу 30 збирки поезија и десетина прозни дела. Првиот успех кај публиката го остварил со книгата „Забелешките на стариот расипник“ (1969) во која се содржани статиите кои ги пишувал за едно „андерграунд“ списание од Лос Анџелес, а која претставува спонтана исповед на човекот од „улиците на стравот и агонијата“. Во 1971 година се појавил неговиот прв роман, „Пошта“ (напишан за три недели), а со делото „Приказна за обичното лудило“ (1972) стекнал поширока слава во Европа. Во 1975 година го објавил романот „Фактотум“, а по објавувањето на неговиот трет роман „Жени“ (1978) станал популарен и во САД. Во 1982 година се појавил романот „Шунка на 'ржан леб“.[15] [24]

Во едно интервју од 1974 година, тој вели: „Кога живееш во некој град сиот свој живот го запознаваш буквално секое ќоше, ја имаш рамката на земјата на која што лежи тој град. Имаш целосна слика каде се наоѓаш. Бидејќи сум од Л. А, отсекогаш сум имал географско и емотивно чувство дека тука припаѓам, имав време да го научам овој град. Не можам да се видам себеси на некое друго место“.[25]

Буковски пишувал навечер, а таа навика ја оправдувал со зборовите: Да се пишува преку ден е како да се трча во стоковна куќа. Секој може да те види. Навечер... тогаш стануваш магионичар. Темите ги наоѓал во сопственото животно искуство, во проживеаните драми од детството, во младоста и во периодот на скитање низ Америка, додека живеел како скитник, се опивал и работел бесмислени работи за да преживее, како и во галеријата жени што ги запознал во својот живот. Иако себеси се доживувал како срамежлив и повлечен човек на кого алкохолот му бил неопходен за да живее и создава, тој буквално до хипертрофијата ги открил своите најинтимни детали и така стекна епитет на еден од најбесрамните уметници во историјата на книжевноста.

Големата животна авантура ја започнал како „блуден син“, со рано заминување од дома кога односот со неговиот авторитативен татко станал неподнослив. Притоа, на тој пат заминал ако еден од обележаните - пубертетските акни засекогаш му оставиле лузни на лицето. Чувството на срам и тага пред сопствениот „чуден“ одраз во огледалото во него развила воајерски однос кон луѓето, а осебено кон жените. По соочувањето со татка си и со бедата во животот, Буковски конечно се соочил и со жените за кои изјавил: „Секогаш познавав само таблетоманки, алкохоличарки, курви, луди жени. Откако ќе заминеше една, доаѓаше друга, втората полоша од првата и додека се обидува да те спаси од онаа првата, се подготвува да те уништи“. Единствена љубов во тие денови му била Џејн која била постара од него десет години, со која до бесвест се опивал, ја тепал, се смеел и водел љубов. Нејзината прерана смрт не била само жесток удар, туку и задоцнето растење. Буковски тогаш имал само 35 години. Некои од неговите најубави љубовни стихови и се посветени на таа „дама и половина“.

Чарлс Буковски останал запаметен како контроверзна личност, бунтовник, бескомпримисен, анархичен, писател кој не се срами нештата да ги нарече со нивните вистински имиња и чии дела се преполни со сексуалност. Во своите дела, тој пишува онака како што живеел или како што би сакал да живее, а со својот опус удрил печат на една епоха од американската книжевност.[26]

Дела

уреди

Романи

уреди

Збирки поезија

уреди
  • Flower, Fist, and Bestial Wail (1960)
  • It Catches My Heart in Its Hands (1963)
  • Crucifix in a Deathhand (1965)
  • At Terror Street and Agony Way (1968)
  • Poems Written Before Jumping Out of an 8 story Window (1968)
  • A Bukowski Sampler (1969)
  • The Days Run Away Like Wild Horses Over the Hills (1969)
  • Fire Station (1970)
  • Mockingbird Wish Me Luck (1972), ISBN 978-0876851395
  • Burning in Water, Drowning in Flame: Selected Poems 1955-1973 (1974)
  • Scarlet (1976)
  • Maybe Tomorrow (1977)
  • Love Is a Dog from Hell (1977), ISBN 978-0876853634
  • Play the Piano Drunk Like a Percussion Instrument Until the Fingers Begin to Bleed a Bit (1979), ISBN 978-0876854389
  • Dangling in the Tournefortia (1981), ISBN 978-0876855263
  • War All the Time: Poems 1981-1984 (1984)
  • You Get So Alone at Times That It Just Makes Sense (1986)
  • The Roominghouse Madrigals (1988), 978-0876857335
  • Septuagenarian Stew: Stories & Poems (1990)
  • People Poems (1991)
  • The Last Night of the Earth Poems (1992), ISBN 978-0876858653
  • Betting on the Muse: Poems and Stories (1996), ISBN 978-1574230024
  • Bone Palace Ballet (book)|Bone Palace Ballet (1998)
  • What Matters Most Is How Well You Walk Through the Fire. (1999)
  • Open All Night (2000)
  • The Night Torn Mad with Footsteps (2001)
  • Sifting Through the Madness for the Word, the Line, the Way (2003), ISBN 978-0060527358
  • The Flash of the Lightning Behind the Mountain (2004)
  • Slouching Toward Nirvana (2005)
  • Come on In! (2006)
  • The People Look Like Flowers at Last (2007)
  • The Pleasures of the Damned: Selected Poems 1951-1993 (2007), ISBN 978-0061228438
  • The Continual Condition (2009)
  • On Writing (2015)
  • On Cats (2015)
  • On Love (2016)

Раскази

уреди

Други дела

уреди
  • Shakespeare Never Did This (1979); expanded (1995)
  • The Bukowski/Purdy Letters (1983)
  • Screams from the Balcony: Selected Letters (1993)
  • Living on Luck: Selected Letters, vol. 2 (1995)
  • The Captain Is Out to Lunch and the Sailors Have Taken Over the Ship (1998), ISBN 978-1574230598
  • Reach for the Sun: Selected Letters, vol. 3 (1999)
  • Beerspit Night and Cursing: The Correspondense of Charles Bukowski and Sheri Martinelli (2001)
  • Sunlight here I am: Interviews and encounters, 1963-1993 (2003)
  • On Writing Edited by Abel Debritto (2015), ISBN 978-0062417404
  • At Terror Street and Agony Way, Open reel tape, 1968
  • Poetry – Charles Bukowski, Steven Richmond, LP, 1968
  • A Cold Turkey Press Special, LP, 1972
  • Totally Corrupt, The Dial-A-Poem Poets, LP, 1976
  • 90 Minutes in Hell, LP, 1977
  • Hello. It's good to be back., LP, 1978
  • Bukowski Reads His Poetry, LP, 1980
  • Voices of the Angels, LP, 1982
  • English As A Second Language, LP, 1983
  • Neighborhood Rhythms, LP, 1984
  • Cassette Gazette, Cassette, 1985
  • Hostage, LP 1985
  • Movable Feast #3, Cassette, 1986
  • The Charles Bukowski Tapes, VHS, 1987
  • Bukowski at Bellevue, VHS, 1988
  • Beat Scene Magazine #12, Flexi-disc, 1991
  • Hostage, CD, 1994
  • King of Poets, CD, 1995
  • 70 Minutes in Hell, CD, 1997
  • At Terror Street and Agony Way, CD, 1998
  • Run with the Hunted, Cassette, 1998
  • Charles Bukowski: Uncensored, CD, 2000
  • Born Into This, DVD, 2003
  • Bukowski at Bellevue, DVD, 2004
  • Bukowski Reads His Poetry, CD, 2004
  • Bukowski Reads His Poetry, CD, 2004
  • Poems and Insults, CD, 2004
  • Solid Citizen, CD, 2004
  • 12 Great Americans, CD, 2006
  • The Charles Bukowski Tapes, DVD, 2006
  • Bukowski at Baudelaire's, mp3, 2007 (not commercially released)
  • Underwater Poetry Festival, CD, 2007
  • Hello. It's good to be back., CD, 2008
  • Poetry of Charles Bukowski, CDR, 2008
  • There's Gonna Be a God Damn Riot in Here, DVD, 2008
  • The Last Straw, DVD, 2008
  • One Tough Mother, Disc 1: There's Gonna Be a God Damn Riot in Here, DVD, 2010
  • One Tough Mother, Disc 2: The Last Straw, DVD, 2010
  • Bukowski at the San Francisco Museum of Art, Cassette, 2010
  • Bukowski at the San Francisco Museum of Art, VHS tape 2010
  • Thomas Schmitt film, 1978 Hamburg reading, mp4, 2015 (not commercially released)[27]

Филм

уреди
  • Bukowski at Bellevue 1970 (1995)  – Poetry Reading[28]
  • Bukowski 1973 – Californian KCET TV Documentary
  • Supervan 1977 – Feature Film (Not based on Bukowski's work but Bukowski had cameo appearance as Wet T-shirt Contest Water Boy)
  • There's Gonna Be a God Damn Riot in Here – Filmed: 1979; DVD Release: 2008 – Poetry Reading
  • The Last Straw – Filmed: 1980; DVD Release: 2008 – Poetry Reading
  • Tales of Ordinary Madness – Feature Film
  • Poetry in Motion 1982 – General Poetry Documentary
  • Barfly 1987 – Feature Film
  • Crazy Love 1987 – Feature Film (Belgium)
  • The Ordinary Madness of Charles Bukowski (1995), (BBC documentary).[29][30]
  • Bukowski: Born Into This 2002 – Biographical Documentary
  • Factotum 2005 – Feature Film
  • The Suicide 2006 – Short film
  • One Tough Mother 2010 Released on DVD – Poetry Reading
  • Mermaid of Venice 2011 – Short film
  • Charles Bukowski's Nirvana 2013 – Short film[31]
  • Sitting on a Fire Escape Eating Eggs 2015 – Short film[32][33]

Наводи

уреди
  1. Dobozy, Tamas (2001). „In the Country of Contradiction the Hypocrite is King: Defining Dirty Realism in Charles Bukowski's Factotum“. Modern Fiction Studies. 47: 43–68. doi:10.1353/mfs.2001.0002.
  2. „Charles Bukowski (criticism)“. Enotes.com. Посетено на 2014-07-17.
  3. Donnelly, Ben. „The Review of Contemporary Fiction: Charles Bukowski: Locked in the Arms of a Crazy Life by Howard Sounces. Dalkey Archive Press at the University of Illinois. Архивирано од изворникот на 2008-10-11.
  4. „Bukowski, Charles“. Columbia University Press. Отсутно или празно |url= (help)
  5. „Charles Bukowski FBI files“. bukowski.net. Архивирано од изворникот на 2006-02-03. Посетено на 2017-10-19.
  6. Keeler, Emily (September 9, 2013). „The FBI kept its own notes on 'dirty old man' Charles Bukowski“. Los Angeles Times.
  7. Iyer, Pico (June 16, 1986). „Celebrities Who Travel Well“. Time. Архивирано од изворникот на 2013-07-05. Посетено на April 28, 2010.
  8. Според страницата на Википедија на чешки јазик, неговиот чешки преведувач Роберт Хишек во радио-интервју изјавил дека е можно Буковски, всушност, да е роден во селото Паздна, во близината на Фридек-Мистек, во денешна Чешка; во тоа време во шлескиот дел на Чехословачка, каде што полскиот јазик се зборува до ден-денес. https://cs.wikipedia.org/wiki/Charles_Bukowski#cite_note-2
  9. Social Security (SSN 554169417) Death Claim at Ancestry.com
  10. „Charles Bukowski - Eifel - Zeitung“. 17 August 2016. Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 2017-10-19.
  11. 11,0 11,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Miles.
  12. Sounes, Howard. Charles Bukowski: Locked in the Arms of a Crazy Life, p. 8.
  13. Bukowski, Charles (1982). Ham on Rye. Ecco. ISBN 0-06-117758-X.
  14. Young, Molly. „Poetry Foundation of America. Bukowski Profile“. Poetryfoundation.org. Посетено на 2014-07-17.
  15. 15,0 15,1 F. Rigonat, „Beleška o piscu“, во: Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 309.
  16. „Beleška o piscu“, во: Čarls Bukovski, Žene. Beograd: BIGZ, 1988, стр. 339.
  17. „Charles Bukowski 1920-94“. Routlage. Отсутно или празно |url= (help)
  18. 18,0 18,1 Hemmingson, Michael (October 9, 2008). The Dirty Realism Duo: Charles Bukowski & Raymond Carver. Borgo Press. стр. 70, 71. ISBN 1-4344-0257-6.
  19. 19,0 19,1 Charlson, David (July 6, 2006). Charles Bukowski: Autobiographer, Gender Critic, Iconoclast. Trafford Publishing. стр. 30. ISBN 1-4120-5966-6.
  20. Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 162-164.
  21. Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 279.
  22. Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 162-164.
  23. Čarls Bukovski, Žene. Beograd: BIGZ, 1988, стр. 76 и 79.
  24. „Beleška o piscu“, во: Čarls Bukovski, Žene. Beograd: BIGZ, 1988, стр. 339.
  25. ''Introduction to Charles Bukowski'' by Jay Dougherty“. Jaydougherty.com. 1920-08-16. Посетено на 2014-07-17.
  26. Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 309.
  27. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2017-01-30. Посетено на 2017-10-19.
  28. TheExpatriate700 (5 November 2010). „Bukowski at Bellevue (1995)“. IMDb.
  29. „The ordinary madness of Charles Bukowski“. worldcat.org.
  30. „Bookmark“. bbc.co.uk.
  31. „Charles Bukowski's Nirvana (2013)“. IMDb. 1 January 2013.
  32. Предлошка:Cite av media
  33. „Sitting on a Fire Escape Eating Eggs (2015)“. IMDb. 10 May 2015.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: