Роберто Ферари (велосипедист)

италијански велосипедист

Роберто Ферари (италијански: Roberto Ferrari; р. 9 март 1983 во Гавардо) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[1]

Роберто Ферари
Ферари на Тур де Франс 2013
Лични податоци
Цело имеРоберто Ферари
Роден9 март 1983(1983-03-09)(41 г.)
Гавардо,  Италија
Висина1,73 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
2006–2007
2008–2009
2010
2011–2012
2013-
Тим Тенакс
ЛРП Бракес-Балан
Де Роса-Стак Пластик
Андрони Џокатоли
Лампре-Мерида
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2012)
Последна промена
14 мај 2019

Претходно, во 2011 и 2012 возел за професионалната континентална екипа ГВ Шимано-Сидермек.[2].

Кариера

уреди

По третата етапа на Џиро д’Италија 2012 во Хорсенс, Данска, Ферари бил казнет со префрлање од 10. на 192. место, откако судиите на трката одлучиле дека тој бил одговорен за несреќата, која го собори светскиот првак Марк Кевендиш и водачот во трката Тејлор Фини, откако се преместил од левата кон десната страна на патот во последните метри.[3] По несреќата изјавил дека „Јас не се грижев што се случува зад мене“. Тој не доби јавно одобрување со оваа изјава.[4] Подоцна, Ферари ја освоил етапата 11 – најдолгата етапа на трка – во спритерска завршница во Монтекатини Терме.[5]

Достигнувања

уреди
2006
1. ГП Чита ди Фелино
1. Трофео Чита ди Бреша
2007
12. ГП Коста дељи Етруки
2008
1. Пролог Тур Ивоарин де ла По
4. ГП Коста дељи Етруки
2009
1. Меморијал Марко Пантани
4. ГП Денен
2010
1. ГП ди Лугано
1. Џиро дел Фриули
1. Етапа 5 Трка Бриксија
2011
Тур де Сан Луис
1. Етапа 1
1. Етапа 3
2. ГП Коста дељи Етруки
2012
1. Рут Адели
1. Флеш д’Емерод
1. Етапа 5, Трка околу Тајван
1. Етапа 11 Џиро д’Италија
2013
2. Копа Берноки
2015
3. Гран Премио Бруно Бегели
2016
3. Гран Премио ди Лугано

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 143 147 150 144 133 132 150
  Тур 157 138
  Вуелта 145

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „UAE Team Emirates“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019.
  2. „Андрони Џокатоли (AND) - ITA“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 14 јануари 2012.
  3. „Судиите го казнија Ферари за опасниот спринт на Џиро“. VeloNews.com. 7 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Посетено на 8 мај 2012.
  4. Бен Аткинс (7 мај 2012). „Roberto Ferrari defiant after causing Giro sprint crash“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 1 ноември 2012.
  5. „Роберто Ферари го избегна падот и дошол до победа на најдолгата етапа на Џиро д'Италија“. The Guardian. Guardian Media Group. Press Association. 16 мај 2012. Посетено на 16 мај 2012.

Надворешни врски

уреди