Личности од Македонија Уреди
Личности од светот Уреди
1790 — роден Антим VI Цариградски , вселенски патријарх во три периоди од 1845 до 1848 година, од 1853 до 1855 година и од 1871 до 1873 година.
1790 — роден Герман IV Цариградски , вселенски патријарх во два наврати, од 1842 до 1845 година и од 1852 сè до неговата смрт во 1853 година.
1790 — роден Јакоб Филип Фалмераер , тиролски патник, новинар , истражувач и историчар .
1790 — роден Алфонс де Ламартин , француски поет и академик .
1790 — роден Август Фердинанд Мебиус , германски математичар и астрономски теоретичар.
1790 — роден Ференц Келчеи , унгарски поет , критичар и оратор .
1790 — роден Жан Франсоа Шамполион , француски научник , филолог и ориенталист.
1791 — роден Франческо Ајец , италијански сликар од периодот на романтизмот .
1791 — роден Теодор Жерико , француски сликар и графичар .
1791 — роден Семјуел Морз , американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзеовата азбука .
1791 — роден Мајкл Фарадеј , англиски физичар и хемичар , познат претежно по откритијата и придонесите во областа на електромагнетизмот и електрохемијата .
1792 — роден Алфонс де Ламартин , француски поет и академик .
1792 — роден Густав Шваб , германски писател и издавач .
1792 — роден Гаспар Гистав Кориолис , француски математичар и инженер .
1792 — роден Николај Лобачевски , руски математичар .
1792 — роден папата Пиј IX , римски папа од 16 јуни 1846 до 1 јуни 1878 .
1792 — роден Џон Хершел , англиски математичар , астроном , хемичар и пронаоѓач .
1792 — роден Перси Биш Шели , англиски романтичарски поет .
1793 — роден Џејмс Данлоп , шкотски астроном .
1793 — роден Јан Колар , словачки политичар , поет , писател , идеолог на словачката народна преродба и претставник на чешката народна преродба, јазичар , археолог , евангелистички свештеник и главен идеолог на панславизмот .
1794 — роден Жак-Франсоа Ансело , француски драматург и писател .
1794 — роден Вилијам Кулен Брајант , американски поет .
1795 — роден Чарлс Бери , англиски архитект .
1795 — роден Томас Карлајл , шкотски филозоф , сатиричар , есеист , историчар и просветен работник.
1795 — роден Павел Јозеф Шафарик , словачки и чешки филолог и етнограф .
1795 — роден Франческо Маноел да Силва , бразилски композитор .
1796 — роден Ирене-Жил Бјенеме , француски математичар и статистичар .
1796 — роден Жан Гаспар Дебиро , бохемиско-француски пантомимичар .
1796 — роден Николај I , император на Русија и кнез на Финска во периодот од 1825 до 1855 и цар на Полска од 1825 до 1831 година.
1796 — роден Џим Боуви , американски војник .
1797 — роден Алфред де Вињи , гроф Де Вињи, француски поет и водач на францускиот романтизам .
1797 — роден Вилхелм I , цар на Германија и крал на Прусија .
1797 — роден Фердинанд Врангел , барон , руски морепловец, поларен истражувач, адмирал , почесен член на Руската академија на науките во Санкт Петербург во (1855) и еден од основачите на Руското географско друштво.
1797 — роден Бартелми Шарл Жозеф Димортје , барон Димортје, белгиски политичар и ботаничар .
1797 — роден Гаетано Доницети , италијански оперски композитор .
1797 — родена Мануела Саенс , револуционерен херој на Јужна Америка .
1797 — роден сер Чарлс Лајл , шкотски адвокат и геолог .
1797 — родена Соџернер Трут , американска аболистка, говорник и борец за човековите права и женските човекови права.
1797 — роден Хајнрих Хајне , германски поет , новинар , есеист и книжевен критичар .
1797 — роден Џозеф Хенри , американски физичар .
1797 — родена Мери Шели , британска писателка на романи, приказни, драми, есеи, биографии и патописка.
1797 — роден Франц Шуберт , австриски композитор .
1798 — роден Григориј VI Цариградски , вселенски патријарх во два наврати во периодот од 1835 до 1840 година и од 1867 до 1871 година.
1798 — роден Ежен Делакроа , француски ликовен уметник, кој извршил огромно влијание врз романтичарското движење во Европа .
1798 — роден Софрониј III Цариградски , вселенски патријарх од 1863 до 1866 година.
1798 — роден Џакомо Леопарди , италијански поет и писател .
1798 — роден Филарет Шал , француски писател и новинар .
1799 — роден Александар Сергеевич Пушкин , руски писател кој се смета за најголемиот руски поет , основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература .
1799 — роден Оноре де Балзак , француски писател .
1799 — родена Мери Енинг , англиски палеонтолог .
1790 — починат Јосиф II , владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и надвојвода од Австрија (1765-1790), крал на Хрватска , крал на Бохемија и крал на Унгарија (1780–1790).
1790 — починат Адам Смит , британски политички економист и филозоф .
1790 — починат Бенџамин Френклин , американски државник , филозоф , физичар , економист и писател .
1791 — починат Калиник IV Цариградски , вселенски патријарх во период од неколку месеци во 1757 година и познат писател и учител.
1791 — починат Волфганг Амадеус Моцарт , австриски композитор .
1791 — починат Оноре Габриел Мирабо , француски политичар и државник .
1792 — починат Џошуа Рејнолдс , англиски сликар .
1793 — починат Карло Голдони , италијански комедиограф .
1793 — почината Олимпија де Гуж , француска писателка и политички активист.
1793 — починат Жан Пол Мара , медицински доктор, физичар, истражувачки научник за топлина, светлина и електрицитет, политички теоретичар, книжевник и полиглот, а најдобро познат по својата кариера во Франција како радикален новинар и политичар за време на Француската буржоаска револуција .
1793 — починат Јоаникиј III Цариградски , пеќски архиепископ и српски патријарх во периодот од 1739 до 1746 година и вселенски патријарх од 1761 до 1763 година.
1794 — починат Антоан Лавоазје , француски научник и математичар .
1794 — починат Жорж Дантон , француски револуционер .
1794 — починат Андре Шенје , француски поет .
1794 — починат Елизабета Француска , сестра на кралевите Луј XVI , Луј XVIII и на Шарл X .
1795 — починат Франсоа-Андре Даникан Филидор , француски шахист и музички композитор .
1795 — починат Џејмс Босвел , шкотски биограф .
1796 — починат Роберт Бернс , шкотски поет .
1796 — почината Катерина II Велика , царица на Русија во периодот од 1762 година до 1796 .
1797 — починат Едмунд Берк , ирско-британски државник .
1797 — починат Џејмс Хатон , шкотски природонаучник , геолог , физичар и хемичар .
1798 — починат Лујџи Галвани , италијански физичар .
1799 — починат Џорџ Вашингтон , првиот американски претседател од 1789 до 1797 .
1799 — почината Марија Гаетана Ањези , италијанска математичарка , јазичар и филозоф .
1799 — починат папата Пиј VI , римски папа од 15 февруари 1775 до 29 август 1799 .