Жак-Франсоа Ансело

Жак-Арсен-Франсоа-Поликарп Ансело (француски: Jacques-Arsène-François-Polycarpe Ancelot), (Авр, 9 јануари 1794Париз, 7 септември 1854) – француски драматург и писател.

Жак-Франсоа Ансело
Jacques-François Ancelot
Жак-Франсоа Ансело
Роден/а9 јануари 1794(1794-01-09)
Авр, Франција
Починат/а7 септември 1854(1854-09-07) (возр. 60)
Париз, Франција
Занимањедраматург и писател
Националностфранцуска
ПериодXIX век

Животопис

уреди

Во 1816 година неговата пиеса Ворик била прифатена во „Театр франсе“, но никогаш не била поставена на сцената. Три години подоцна, трагедијата во пет чина, „Луј IX“, е поставена на сцената и ќе доживее педесет претстава и ќе му донесе хонорар од 2000 ливри од Луј XVIII. Трите изданија од пиесата брзо биле исцрпени. Следното негово дело „Градоначалникот на палатата“ (Le Maire du palais) било играно со помалку успех, но му го донело крстот на Легијата на честа. Во 1824 година ја прави „Фиеск“, вешта адаптација на „Фиеско“ од Фридрих Шилер. Во 1828 година излегува „Олга или руската сирачка“ (Olga ou l’Orpheline russe) за која заплетот го зел од едно патување во Русија во 1826 година. Во 1825 година ја пишува „Мари де Брабан“ (Marie de Brabant), поема во шест пеења, во 1827 година „Светскиот човек“ (l’Homme du monde), роман во четири тома, а во 1829 година пиесата „Елизабета од Англија“ (Élisabeth d’Angleterre0.

Со Јулската револуција, тој веднаш го губи местото конзерватор во библиотеката Арсенал и кралски библиотекар и следните десет години главно ги минува во пишување водвиљи, драми и лесни комедии. Трагедијата „Марија Падиља“ (Maria Padilla) изведена во 1838 година, му го носи во 1841 година местото во Француската академија.

Во 1849 година, владата го испратила во Торино, Фиренца, Брисел и други главни градови, за да преговара за меѓународните авторски права. Договорите што ги склучил потоа, во голема мера, се резултат на неговиот такт и интелигенција.

Негова сопруга била писателката Виржини Ансело, која држела познат книжевен салон.[1] Нивната ќерка Луиз Ансело (1825 – 1887) во 1844 година се омажила со Шарл Лашо, позната адвокат бонапартист.

Дела

уреди
  • Поезија (Poésies, 1853) Текст онлајн[мртва врска]
  • Целокупни дела на М. Ансело, со предговор за неговиот живот и дело (Œuvres complètes de M. Ancelot, précédées d’une notice sur sa vie et ses ouvrages, 1855)
  • Животот на Франсоа-Рене Шатобријан (Vie de François-René de Chateaubriand, 1856)
  • Шест месеци во Русија: писма до Сентин, во време на крунисувањето на Н.В. Царот (Six mois en Russie : lettres écrites à M.X.-B. Saintines en 1826, à l’époque du couronnement de S.M. l’Empereur, 1972) Текст онлајн[мртва врска]

Наводи

уреди
  1. Kale, Steven (2005). French Salons: High Society and Political Sociability from the Old Regime to the Revolution of 1848. JHU Press. стр. 231. ISBN 9780801883866.

Надворешни врски

уреди