Шарл X
(Пренасочено од Шарл X од Франција)
Шарл X (роден на 9 октомври 1757 во дворецот Версај - починал на 6 ноември 1836 во Горица) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Тој бил помал брат на кралевите Луј XVI и Луј XVIII. Владеел сè до Јулската револуција во 1830. Тој бил католик со конзервативни сфаќања. Вовел смртна казна за ерес, ги ограничил правата на жените и воспоставил целосна контрола над печатот. Ваквата негова политика предизвикала побуна кај народот, па бил приморан да абдицира.
|
|}