Памтомимичар или пантомим[1] (од старогрчки: μῖμος, мимос - „подражавач, глумец“)[2] — изведувач на претстава без зборови во која чувствата и мислите на лицата се искажуваат само со гестови и мимика.[3]

Изведба на Марсел Марсо во 1963 г.

Историја

уреди

Пантомимата најпрвин се јавила во Стара Грција со маскираниот играч Пантомим, иако неговите изведби не биле секогаш неми. Првиот пантомимен глумец познат од записите бил Телест, играјќи во претставата Седуммина против Теба од Есхил. Се смета дека трагичната пантомима ја развил глумецот Пулад од Киликија; а дека за комичната е одговорен Батул од Александрија.[4]

Оваа уметност уживала популарност и во Стариот Рим. Царот Трајан ги истерал сите пантомимичари од градот, но Калигула ги сакал, а Марко Аврелиј ги назначил за свештеници на Аполон. Познато е дека самиот Нерон глумел како пантомимичар.[5]

Претстави без зборови се играле и во средновековна Европа и продолжиле да се развиваат и понатаму. За основоположник на пантомимата во денешна смисла се смета чешко-францускиот извесувач Жан Гаспар Дебиро (Јан Кашпар Дворжак) кој делувал во Париз на почетокот на XIX век и го вовел препознатливото обелено лице.

Во наредниот период, најзаслужен за развојот на пантомимата бил францускиот театарски глумец и режисер Жак Копо, кој користел маски во обуката на глумците, под силно влијание на жанрот комедија дел арте и јапонскиот театар „но“. Ова оставило силен впечаток кај неговиот ученик Етјен Декру, кој почнал да ги разработува можностите на пантомимата и ја воздигнал телесната глума како на ниво на скулптурна форма, вон натуралистичка глума. Голем придонес во понатамошниот развој дал Жак Лекок со неговата работа на физичкиот театар.[6]

Сè до времето на Етјен Декру, не постоеле книги што се занимавале со пантомимата како уметност. Сите сознанија за оваа уметност пред XII век се претпоставки, засновани на толкувањата на разни извори.

На филм

уреди
 
Кучешки живот (1918) со Чарли Чаплин

Поради ограничувањата на првобитниата филмска уметност, сценариото морало да се одвива претежно со неми гестови и говор на телото, потпомогнат меѓу сцените со пишан текст на платното. За да се раскаже приказната, сценариото морало да земе облик на високостилизиран облик на глума, вдахновен од театарското искуство, па затоа пантомимата играла исклучително важна улога во филмовите. Особено силен уметнички израз добила глумата во германски експресионистички филм.

Самите комичари од времето на немите филмови како Чарли Чаплин, Харлд Лојд и Бастер Китон го научиле занаетот во театарот, но подоцна, со својата работа, извршиле големо влијание врз сценските пантомимичари многу децении подоцна. Затоа, Чаплин се смета за најдобро документираниот пантомимичар во историјата.

Познатиот француски комичар, сценарист и режисер Жак Тати најпрвин се прочул како пантомимичар, а подоцна во филмот глумел со минимални дијалози, потпирајќи се на неговите суптилни и вешто извежбани визуелни гегови.

На сцена и на улица

уреди

Најпознат сценски изведувач на пантомима во светски рамки е Марсел Марсо, толкувајќи го ликот Бип и други. Пантомимата е популарна и како уличен театар или улична извесба. Традиционално изведувачот носи тесна црно-бела облека и има обелено лице, но денес е застапена и глумата без шминка, а воведени се и извесни звуци (кои сепак не се говор).

Позначајни светски пантомимичари

уреди

Позначајни македонски пантомимичари

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „пантомим“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. μῖμος, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, on Perseus Digital Library
  3. „пантомима“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Lust, Annette. "The Origins and Development of the Art of Mime". From the Greek Mimes to Marcel Marceau and Beyond: Mimes, Actors, Pierrots and Clowns: A Chronicle of the Many Visages of Mime in the Theatre. 9 March 2000. Retrieved 14 February 2010.
  5. Broadbent, R. J. (1901) A History of Pantomime, Chapter VI. London. Retrieved 14 February 2010.
  6. Callery, Dympha (2001). Through the Body: A Practical Guide to Physical Theatre. London: Nick Hern Books. ISBN 1-85459-630-6.

Надворешни врски

уреди