Француски поход на Египет

Францускиот поход на Египет претставува неуспешен обид на Наполеон Бонапарт да ги заштити француските трговски интереси во Египет и Сирија и неуспешен обид да го попречи патот на англиските трговци кон Индија. И покрај почетните успешни резултати на крајот Наполеон бил принуден да се повлече.

Египетска кампања
Дел од Средоземна кампања (1798)

Битка кај пирамидите
Датум 1798–1801
Место Египет, Левант
Исход
  • француско освојување на Египет
  • Османлиите го изгубиле Египет кој бил отстапен на Британската Империја

Француската експедиција на крајот завршила со повлекување

Завојувани страни
 Османлиско Царство

 Велика Британија

Франција Прва Француска Република
Команданти и водачи
Османлиско Царство Мурат Бег

Османлиско Царство Ибрахим Бег
Османлиско Царство Мустафа Паша
Османлиско Царство Џезар Паша
Кралство Велика Британија Вилијам Сиднеј Смит
Кралство Велика Британија Ралф Аберкромби Предлошка:DOW
Кралство Велика Британија Хорацио Нелсон

Франција Наполеон Бонапарт

Франција Жан Батист Клебер
Франција Жак Франсоа Мену

Сила
Османлиско Царство : 220,000
  • Египет: 80,000
  • Родос: 20,000
  • Сирија: 20,000
  • Источна армија: 30,000
  • Втора инвазија: 60,000
Велика Британија: 30,000

Во август 1797 година генералот Наполеон Бонапарт во писмо до Директориумот понудил да поведе воена експедиција, чија цел била преземањето на Египет која била ејалет на Отоманското Царство, со цел заштита на француските комерцијални интереси и прекин на британските патишта кон Индија. Бонапарт се стремил кон француско владеење на Блискиот Исток за да може да се поврзе со муслиманскиот непријател на Британците во Индија - Типу-султан.

Наполеон напишал дека колку побрзо го заземе Египет толку побргу ќе може да создаде врски со индиските кнезови за полесен напад врз Англичаните. И покрај тоа што се согласиле со планот во март 1798 година, оваа експедиција била исклучително скапа. Во тоа време Египет бил дел од Османлиското Царство, освоен во 1517 година но бил надвор од директна османлиска контрола поради честите немири потикнати од мамелучката елита.

По пристигнувањето во Египет (според планот, во близина на Александрија) наполеоновата армија победила повеќе од 21.000 мамелуци во Битката кај пирамидите (околу 40 000 мамелюци не учествувале во битката), која се одржала на околу 15 километри од пирамидите. Додека битката на копното била решавачка победа за Французите, британската морнарица успеала да компензира во морските борби. Француската флота била заробена додека Наполеон останал на копното. На овој начин неговата цел да ги зајакне француските позиции во Средоземно Море останале неисполнети но сепак неговата армија успеала да се зацврсти во Египет, покрај честите националистички востанија.

Бонапарт направил обид да ја освои наклонетоста н исламското свештенство но во тоа не успеал, по кое следувал организиран револт во Каиро. Наполеон организирал експедиција во Сирија во февруари 1799 година каде го зазел градот Јафа би не успеал да ја зазеде Арка. На 20 мај истата година започнал со повлекување. Наполеон и неговата армија сè уште биле во можност да нанесат пораз на Османлиите кои биле распоредени во заливот Абукир. Добивајќи известување за внатрешни немири и надворешните закани во татковината, на 23 август Наполеон тајно побегнал оставајќи ја армијата на генерал Клебер во Египет. По доаѓањето во Франција ја презел целосната власт. Воениот поход во Египет и Сирија завршил неуспешно кога Французите официјално се повлекле во 1801 година.

Наводи уреди