Јакоб Филип Фалмераер
Јакоб Филип Фалмераер (германски: Jakob Philipp Fallmerayer; 10 декември 1790 – 25 април 1861) е тиролски патник, новинар, истражувач и историчар. Тоје роден во Чеч, во близината на Бриксен, а починал во Минхен. Како истражувач на историјата и патник стилски доловил фини „Фрагменти“ од Ориентот, низ кој патувал во 1831, 1840-42 и 1847-48. Во својата научна работа Фалмерајер го изнесува денес веќе побиениот став, дека Хеленската империја била уништена во средниот век, а денешните нови Грци се најчесто од словенско-албанско потекло. Во 1835 година станува член на Академијата, а во 1848 професор во Минхен. Во 1849 ја губи професорската служба заради неговата припадност на Франкфуртското национално здружение. И покрај теолошките студии и офицерската кариера, тој имал многу либерални сфаќања. Во научниот свет Фалмерајер своето место го зазема со своите дела „Историја на империјата Трапезунд“ и „Историја на полуостровот Мореа“. Во 1845 ја објавил „Фрагменти од Ориентот“
Живот
уредиФалмерајер бил син на земјоделецот и надничар Јохан Фалмерајер и неговата сопруга Марија Кламер. Преку стипендија која му ја обезбедил епископот од Бриксен Карл Франц фон Лодрон, можел не само успешно да го заврши училиштето, туку и да ги заврши студиите во Ландсхут. По студирањето на сеопфатните хуманистички ориентирани студии, Фалмерајер се префрлил на универзитетот во Салцбург за да студира ориентални јазици кај Алберт Нагнцаун. На 23 години ги завршил студиите и во 1813 влегол во баварската армија. По војната со Франција тој станува предавач во Линдау. Во 1818 бил прогласен за примарен учител во гимназијата кај „Св. Ана“ во Аугсбург, а три години подоцна Фалмерајер ја добил истата заслуга во Ландсхут.
Во 1826 бил ангажиран како предавач и се здобил со титула професор по филологија и универзална историја на универзитетот во Минхен. Оваа служба ја имал сè до неговото отпуштање во 1848. Во текот на оваа година настанала неговата многу дискутирана „Историја на империјата во Трапезунд“ (1827) со која што го продолжил делото „Imperii Trapezuntini Historia” од Пер Афкелиј. За ова Фалмерајер бил пофален од Данската кралска академија на науки, а неговото дело било наградено. Преку филологот Георг Антон Фридрих Аст, Фалмерајер го запознал рускиот генерал Александар Иванович Остерман-Толстој кој го придружувал од 1831 до 1834 на истражувачкото патување низ Грција и Блискиот Исток.
Натпис од Јакоб Филип Фалмерајер во големиот храм на Рамзес II, Абу Симбел, Египет
уредиВо 1834 година Фалмерајер се вратил во Минхен, но повеќе ја немал државната служба што било пречка за развивање на сопствените научни погледи. Голема утеха му била понудата за членство во Бавариската академија на науките. Сега Фалмерајер својот леб го заработувал како вонреден професор и како слободен соработник на Аузбуршкиот весник. Поддржан од главниот уредник Густав Колб Фалмерајер пишувал фељтони и есеи на разни политички теми, најчесто околу Грција и Блискиот Исток. Исто така во своите написи ја претставил и руската закана, во која тој ги сомничи царевите за завладување со светот. Во периодот 1840/1842 и 1847/1848 години Фалмерајер патувал неколкупати на Блискиот Исток, кои воглавно биле патувања финансирани преку својата работа воАугзбуршкиот весник. Од 18 мај 1848 до распадот на 19 јуни 1849 бил член на Франкфуртското национално здружение на изборни единици „Минхен II“. Иако Фалмерајер бил пасивен во ова здружение бил отпуштен заради неговите политички активности како професор по историја. Фалмерајер починал на 70 годишна возраст, на 25 април 1861 во Минхен. Во 1956 г., во Виена, Флоридсдорф (Fallmerayerweg) улицата на Фалмерајер била именувана по него.
Значење
уредиФалмерајер станал познат по своите етногеографски трудови. Во 1830 г. тој се истакнал со својата контраверзна теза дека Старите Грци изумреле во средниот век и биле заменети со хеленизирани Словени и Албанци, омразата на хеленофили и грчките патриоти. Неговата научна работа е содржана во неговата „Историја на империјата Трапезунд“, која што била непозната пред неговата научно-истражувачка работа. Во Германија своевремено бил отфрлен од пан-словенската пропаганда. Неговите етнографски дела подоцна ќе бидат користени од страна на националсоцијалистите за политичка пропаганда на Балканот. Етнолошките тези на Фалмерајер не биле претставувани. Биле публикувани само неговите чисти географски тези.
Тезата на Фалмерајер за етногенезата на денешните Грци
уредиДелото на Фармерајер „Историја на полуостровот Мореа за време на средниот век“ (Пелопонез) иницирало контроверзни реакции. Во него тој зборува за еден унифициран хеленски етникум во Грција презентиран врз основа на албански и словенски имиња на места, како и од претходно контроверзните хроники на Монемвазија, со што била проширена тезата според која Грциte во средниот век целосно изумреле. Тој буквално напишал: Родот на Хелените во Европа е уништен… и ниту една капка благородна и чиста хеленска крв не тече низ вените на христијанското население во денешна Грција. Фалмерајер: Јакоб Филип е роден на 10 декември 1790 во Вајлер Баерсдорф, епископски град кој се наоѓа на височините богати со вино кај Чеч, еден час јужно од Бриксен. Момчето Фалмерајер уште од мал негувал извонредно чувство за природните убавини, чувал овци на падините на Чич распослани со костенови дрвја. Неговиот татко бил надничар кој не заработувал многу, а имал 12 деца за хранење. Сепак во соседството се нашол свештеник кој забележал талент кај сиромашното момче и верувал дека од него може да биде хорски пејач во соборниот храм во Бриксен „за потребите на црквата во иднина“.
Јавната настава во тоа време доста се издвојувала. Подоцна баварискиот професор се фалел дека во тоа училиште го нашол Валентин Форер, (починал во 1845 во Бриксен), кој најмалку сакал да изучува грчка граматика. „Незадржливиот порив предизвикан од сопствениот став за независност и слободно движење го истурка можеби прерано и пренасилно кое што предизвика негодување и одбивање.“ Во секој случај, ситуацијата на момчето внатре во училиштето продолжувала да станува се по неподнослива. Тој одлучил да избега тајно, во доцната есен во 1809 година, во ужасите на Tиролското востание, во тогашниот баварски универзитетски град Салцбург. Таму тој морал да се справува со сиромаштијата и во најголем дел се издржувал од приватни часови. Но тој бил неуморен, имал одлични предавачи и богата библиотека на располагање. Чувството да се тргне по неговиот пат олеснувало некои откажувања. Со желба и очигледен успех, под раководство на отец Алберт Нагнцаун, кој бил образован во Готингем (подоцна прелат на прастариот и учен во „Св. Петар“), ги минал студиите по семитски јазици, а во исто време амбициозниот ученик го продлабочил интересот и љубовта кон историјата и историските науки. Тогашната професија на Фалмерајер била теологија. За да може да си обезбеди егзистенција за цел живот и самостојно да може да се занимава со научна работа, на крајот на првата година од студиите побарал влез во богатата и позната Опатија во Кремсминстер, горна Австрија, но неговите планови биле отежнати од страна на баварските власти кои се противеле на неговата емиграција. По двегодишните студии по теологија на универзитетот во Салцбург, кои во јануари 1811 биле намалени на еден теолошки лицеј, Фалмерајер кон крајот на 1812 година стапил на универзитетот Ландсхут. Сега беше во теологијата, па малку во правото, па на крајот во потполност се фрли на класичните, лингвистичките и историските студии. Неговиот надворешен однос станал многу попријателски. Добил стипендија, а богат мецена му подмирил други парични давачки. Сепак морал да стави крај на мирниот живот во Ландсхут. Ослободителната војна беше започната и студентот беше повикан на отслужување на воениот рок. Фалмерајер стапил во војска во јули 1813 како потпоручник во баварската пешадија. Се борел на 30 октомври во Битката кај Ханау и бил јавно пофален заради храброста. По тримесечната зима и „крвавите битки во внатрешноста на Франција биле тежок испит за неискусното, но при големата револуција на идеи и на работи истовремено и најплодна вежба за продолжување на приемчивиот ум.“
По првиот договор од Париз, младото момче останало цела година во окупациските сили на левиот брег на реката Рајна. Во следните битки – по Битката кај Ватерло – тој поминал речиси половина година како аѓутант на генералот фон Шпрети во еден замок во околината на Орлеанс. „Можноста да запознае туѓ, поинаков начин на говорење и други фини манири, под такви околности била голема.“ Таму, во замокот кај Орлеанс, тој ја добил својата темелна преобразба, која него, глупавото, младо селанче од Чеч го претворила во светски џентлмен. Поточно, голем дел од заслугата за неговата префинетост им се препишувала на тамошните маркизи и други француски дами. По вториот француски договор, во декември 1815 г., Фалмерајер се вратил во својата баварска татковина со единаесеттата пешадиска единица, во гарнизонот во Линдау, на Боденско езеро. „Љубовта кон незавршените студии повторно се разбудила во него.“ Многу слободно време после напорен период, убавите пејзажи на Боденското езеро и богатата и пријателски настроена книжарница во стариот дел на градот му се приближиле. Повеќе од две години непрекинат труд ги пополниле празнините што војната ги направила во него. Кон својот интерес за јазици биле додадени новиот грчки, персискиот и турскиот.
Во меѓувреме, по свое барање ја прекинал воената служба и во 1818 година преминал во учителската професија. Аугсбург го видел како учител од низок ранг, а Ландсхут му дал висока позиција. Откако во 1826 универзитетот бил префрлен во Минхен и таму тој се здобил со звање лицеј, му била дадена предавалната по универзална историја и филологија. Од ова му се препишува „името“ учител по историја, иако оваа служба траела само четири години. Неговиот духовит и саркастичен говор го привлекол целиот цивилизиран Ландсхут во својата предавална. Слушателите на тие предавања уште долго потоа со големо воодушевување зборувале за нив и споделувале впечатоци.
Во Ландсхут Фалмерајер ја започнал својата книжевна дејност. Кога Академијата во Копенхаген најавила награда за историјата на империјата Трапезунд, тој посебно возбуден од ова, почнал со работа и иницирал значајна расправа за тоа време, која што во 1824 година била наградена со златен медал и со посебни пофалби од страна на тогашното интелектуално општество. Како резултат на истражувањата во Виена и Венеција, во 1827 година била објавена „Историја на империјата Трапезунд“ во грчки и ориентални ракописи, која ширела светлина низ државите во средновековието.
Оваа публикација му донела на професорот голема слава и чест помеѓу интелектуалниот свет во Ландсхут, но во Баерн не наишла на успех.
Всушност историчарите во предговорите употребувале многу сериозни зборови за основната амбиција на христијанството. Сосема природно било да светската сила на свештеникот растела до тој степен што обичаите и културата на народите кога подивуваат, достигнуваат најниско понижување на човечкиот род и тоа секогаш причинува кулминација на духот. Така рече тој во 1827 година кога во Баварија уште се било површно од пријателскиот либерализам на кралот. По 1830 година, кога краткото задоволство завршило и почнале политичките испитувања како и нетолеранцијата на свештенството, не биле следени ваквите примери и таков бил и предговорот за таа добиена награда, за авторот подоцна да биде избркан од неговата службена позиција и да му се оневозможат неговите најдобри години. Другото дело на Фалмерајер, од тоа време (1830) е неговата „Историјата на полуостровот Мореа за време на средновековието“, чиишто втор дел излегол во 1836 г. И ова дело не било во ситуација да го направи авторот повторно пријатна личност, бидејќи во него гласно зборувал за непоправливата природа на моќниот и ограничената надеж која можеле да ја имаат на добра волја на кралот. Во 1828 г. Фалмерајер имал неуспешен обид да добие предавачко место по општа историја на универзитетот во Минхен. Тој почнал себеси да се гледа во белиот свет („мојот талисман е мојот бастун“, милуваше да каже) и било тоа една пријатна коинциденција што тој во 1831 г. во Минхен се запознал со рускиот воен маршал Грофот Остерман-Толстој. Овој „победник од Кулм“ бил разделен од новиот цар, веднаш по неговото симнување од престолот и му било препорачано патување во странство, па така тој решил да патува на исток, но со себе сакал да земе некој весел и учен придружник. На Фалмерајер оваа понуда му се видела неодолива, па така не било тешко да замине и да руча со грофот во топлите земји. Безбедно отишле во Египет, отишле до Нубија и една цела година останале во земјата на фараоните. Во истиот тој период биле и во Палестина, Сирија и делови на Либан, го посетиле Ерусалим, Антохија, Алеп и Дамаск, а исто така и урнатините на Балбек и кнезот од Друзен за време на неговото владеење. Потоа отишле на Кипар и Родос, се симнале во Ликија, дошле на брегот на Јонското Море и на крајот во Цариград. Овде постоело отворена можност да го вежба јазикот на Османлиите, поточно дијалектот на Истанбул. Зборувал турски, како и по малку други јазици. Откако го напуштил Цариград, продолжил кон Кикладските острови и Атина каде за првпат ги видел Акропол и Партенон. Тогаш грчкото копно се протегало од Спарта до Термопилите. Ја посетил слободната држава на седумте острови и на крајот кралството Неапол и неговиот главен град. Кога Фалмерајер по три години, во летото 1834 се вратил дома, наишол на многу големи промени од претходно, како и знаци насекаде на ново, полошо време.
Неговото работно место, како лицеј во Ландсхут, му било дадено на друг. Му било на некој начин укажано, дека по едни такви патувања и по напишаното, за него место во учителството нема. Неговото место е во академјата, каде што може да пишува есеи, да твори колку сака и кога сака. Пролетта, 1835 година неговото избирање за обичен член на класата по историја при Академијата на науки било потврдено од кралот и по едено кратко патување низ Лајпциг, Дрезден и Прага, во август истата година свечено ми било предадено местото. Во исто време, Фалмерајер стапил во минхенското друштво на учени како активен член и во 1836 г. добил дозвола да држи јавни предавања за универзална историја, до коишто сепак пристап имала само поотмена публика, додека за студентите од универзитетот било строго забрането. Наместо да држи предавања на публиката од повисоките класи, следната година Фалмерајер ја поминал во разни кратки патувања, на крајот, летото 1836 отишол за Италија, во јужна Франција, потоа Париз, кој по ослободителните војни не го видел повеќе. Зимата 1839 – 40 ја поминал во Женева, кај неговиот поранешен сопатник, грофот Остерман, кој своето седиште го преместил на Леман.
Многугодишната соработка со Русите му донела проширен поглед на светот и доста победи. Пролетта 1840 го посетил Хајделберг и Тибинген, каде што се спријателил со Г.Л.Ф. Тафел со кого се движеле по истиот пат во науката. Кога се вратил во Минхен веднаш почнал со неопходните подготовки за второто патување на Ориентот. „Вродената љубопитност и страста кон патувањата, изразот на турските работи во регионот едноставно не му давале мира“. Во јули тргнал од Регенсбург, на Дунав, на Црното Море, па кон Трапезунд, каде што останал два месеца. Таму за првпат ги видел остатоците од дворците во кои живеел Комнин, царот на Трапезунд, од чија историја е создаден неговиот прв ловор. Тој со голем жар ги следел сите траги, ги копирал избледеаните написи кои уште од тоа време биле задржани на ѕидовите распаднатите цркви и капели, а собирал и други материјали кои подоцна (1843-44) ги објавил во Академијата на науките.
И така тој талкал низ колхискиот рај, но копнежот по убави пејзажи не можел да го задоволи во текот на тримесечните скитања. На враќање во Цариград научникот, добро познат на Ориентот и голем патник, бил добро примен и пречекан. Тој важел за „украс“ на салоните и често бил во друштво на дипломати, амбасадори, нивните сопруги и ќерки. Животот на Босфорот му се чинел толку удобен што во Истанбул поминал цела година, од октомври 1840 до октомври 1841 г. Престојот во Цариград исклучиво бил користен за усовршување на турскиот јазик, а и паралелно на тоа, продолжил да пишува редица написи кои говорат за Ориентот и кои ги објавувал во весник. Оттаму ја посетил Света Гора. Живеел таму некое време
со неуки, но многу добродушни монаси. И покрај лошата исхрана бил угоден со божествен поглед на море и копно. Од Света Гора отишол за Солун, каде што останал пет седмици. Бил на поклонение во долината Темпе, кај Трново во Тесалија и таму поминал голем дел од зимата. Пролетта 1842 преку Фарзалија, Цитун и Евија дошол во Атина. Во грчкиот главен град, заради своите ставови за хеленското минато, морал да претрпи многу расправии и жалби. Но, му бил потребен период од неколку седмици за да може да дојде до некакво разбирање со „Грците“ и летото, по двегодишно талкање повторно среќен се вратил во татковината. Го посетил своето родно место, убавата долина во Бриксен, каде што бил одличен со големи почести како „Бриксенец на векот“. На крајот се вратил во Минхен, каде во весник известувал за Трапезунд и секогаш зелената шума на Колхис, за Света Гора и монасите. Оригинално и духовито напишано, на хумористичен и саркастичен начин маестрално ги изнел пејзажните описи на Ориентот, Византија и Османлиското Царство. Ова привлекло толкаво внимание што се зборувало низ цела Германија. Во 1845 г. неговата „Фрагменти од Ориентот“ ја видела светлината на денот со еден блескав предговор за кој професор Макс Милер во неговиот говор на гробот на научникот рекол: „Во големата преселба во четириесеттите години ниту еден плам не бил фрлен, штетата на нашето време и на нашата татковина никогаш не била поголема; тие самите ќе обезбедат свој континуитет, со тоа што нивната истаржувачка работа и силата што во себе ја имале ги прави вечни.
Во тоа време Фалмерајер на јавна седница сакал да одржи предавање пред Академијата на науките во врска со неговите источни сеќавања и размисли, но наишол на пречки против кои ништо не можел. Кралот Лудвиг I не му дозволил да дојде до збор, бидејќи според него Фалмерајер сам бил виновен што кредибилитетот на Грција кај источните земји целосно бил срушен. Студиите и литературната работа повторно го исполнувале неговото секојдневие; исто така направил уште неколку кратки патувања до Виена, Хамбург, Амстердам и Берлин. Во 1846 година цели пет месеци бил надвор од дома и живеел наизменично во Виена, во Грац, Цеље, Венеција, Ломбардија, на планините во Тирол и на Боденско езеро. Во тоа време Максимилијан, принцот на Баварија, кој тогаш сè уште живеел во тивка изолација од уметноста и науката, фрлил око на Фалмерајер и го повлекол во своја близина. Во 1844 во доцната есен Фалмерајер бил поканет во Хоншвангау од страна на луѓе со висока општествена положба каде што му била укажана особена чест. Ваквата врска се одржала до 1848 година. Пролетта 1847 г. за трет и последен пат отишол Фалмерајер на Ориентот „во полза на германската општественост“ заедно со своите стари извештаи веројатно во потрага по нови. Пак отишол до Атина, до Ерусалим и до
Трапезунд. Речиси цело лето го поминал во Бујукдере помеѓу дипломати. Дури Султанот Абдул Медшид му обрнал внимание на ориенталистот и го одликувал со орден. Не напразно неговата („Собрани дела“ II. 95) ја нарекол „последното прибежиште на европската слобода и последното сидро на цивилизираниот и хуман режим.“ Од ова патување произлегле „Анадолски разгледници“ и „Есеи за Палестина“ кои можеле да се прочитат во првиот том од собраните дела. Во меѓувреме дошло време кога германските принцови станувале нервозни и од себе ја извадиле долго чуваната лутина и бес. Во непријатноста на моментот се барале жртви, она што еднаш било направено, брзо да се поправи и добри, благородни дела им се препорачувале на незадоволните. Така се мислело тогаш во Баварија и на Фалмерајер му бил испратен декрет со кој тој се поставува на местото професор по историја на Универзитетот во Минхен на местото на починатиот Герес. Веста ја дочекал на 20 Март 1848 година во Смирна, додека шетал по пристаништето. Четири седмици потоа, тој се вратил во Минхен каде го пречекала веста дека бил избран за кандидат за претседател на Парламентот во Франкфурт и дека гласачите од предградието Ау, од Хајдхаузен и околните села му ја давале својата целосна доверба. Всушност и навистина бил избран од неговата изборна единица за претставник во ветувачкиот Рајхстаг на Мајна. Ваквата неочекувана чест за жал фрлила сенка врз неговиот понатамошен живот, разочаран од надежта повторно да блесне на катедрата, овие настани го натерале во егзил и ги расипал односите со својот високопоставен покровител, кој сега веќе бил суверен поради флертувањето со дамите на кои им бил толку посветен. Парламентарните активности не му биле својствени. Конкретните државнички прашања воопшто не биле негов стимул. Исто така тоа не одговарало на неговиот нескротлив темперамент – преку меморандуми, извештаи на комисии, нацрт-закони, устави, организациски активности, амандмани, амандмани на амандманите да наоѓа пат за остварување на основни некои права. Недисциплинираните преговори во црквата „Св. Павле“ го разбесниле него, затоа што тој всушност бил навикнат на шепотењата по салоните, на лесни вицови и урбани шеги. Дури бурните сцени за време на отворањето на 18 мај 1848, кои тој многу природно ги доловил („Собрани дела“ II. 255 и понатаму) му оставиле срамни впечатоци. Во тоа време тој бил „со презир во срцето, исплашен од лоши претчувства и без сопствен мир“. Ниту подоцнежните извештаи од црквата „Св. Павле“ не укажувале на подобро, понадежно расположение. Тој всушност не дошол до тоа да се појави како говорник. Неговото слабо тело и раздразливите нерви не му дозволиле ниту еднаш да се исправи пред Собранието. Тој и самиот чувствувал првите неколку седмици дека тука ништо не може да си дозволи и дека губи само углед и кредибилитет. Станал груб, меланхоличен и копнеел
со целото свое срце за едно ново патување или разделба. Во тој период двапати отишол во Минхен за малку да се подобри и од сè да се оддалечи. Но предупреден од страна на своите другари да не ја напушта позицијата вторпат се вратил во Франкфурт каде што Парламентот веќе бил постабилен. Преку некои од телата на Парламентот отишол за Штутгарт, сметајќи го тоа како прашање на пристојност, за да издржи до крај. Но кога на 18 јуни 1849 година се случил и последниот час пред германското Национално Собрание, ја напуштил швапската резиденција и болен и изнемоштен заминал во Санкт Гален, во слободна Швајцарија. Тоа било доживеано на тој начин што баварските официри во весник дале точен опис на првиот писател од нивната потесна татковина (Баварија) и писателот на историјата на Мореа и Трапезунд.
Сепак дошол преку здравиот швајцарски воздух повторно во височините. Од страна на добронамерните и образовани жители на неговата слободна држава бил издигнат и обележан на начин што деновите поминати во егзил ги чувал само во своите пријатни сеќавања. Конечно во април 1850 г., после деветмесечен егзил во Швајцарија се вратил во Минхен и со Законот за амнестија, кој во меѓувреме бил донесен, бил ослободен, но исто така преку кралски декрет му било вратено и професорското место. Оттогаш па наваму тој водел мирен живот, но сè уште за време на убавите годишни времиња знаел да отиде во странство. Уште трипати ги посетил своите пријатели кои ги стекнал во Швајцарија и стариот гроф Остерман, кој на 11 февруари 1856 г., на својот 87 роденден, во сопствената вила Petit-Sacconay го напуштил овој свет, а за кого Фалмерајер посветил високо ценет некролог. За телесните болки, кои сè повеќе се чувствувале, барал лек или олеснување во Вилдбалд, во Аделхолцен, во Штебен, во Аиблинг. Еднаш го посетил својот стар пријател, некогашниот принц, сега веќе Крал Макс II и наишол на пријателски прием, но не и на покана за да се врати вторпат. Во последниот период од својот живот тој се зазел во ревидирање на своите покуси списи, кои до сега тој ги крател, проширувал, дораскажувал, заокружувал и ги подготвувал за печатење. Бројните мали дела, од секаков вид, „Нови фрагменти“, „Политички и културно историски есеи“ и „Критички обид“ пишувани за различни весници, но повеќето од нив за весникот во Аугсбург, по излегувањето на „Фрагмент“ неговиот долгогодишен пријател Г. М. Томас, библиотекар во Минхен ги издал во три тома заедно со негова биографија. Во својот литературен живот тој си поставил две големи задачи, кои постојано му биле пред очи и на кои постојано се навраќал со духовитост. Едната од тие две била потеклото денешните „Грци“, а другата судбината на Византија и катастрофата која ù се заканувала. Потеклото на Хелените прво и основно го
дискутирал и објаснувал во „Историја на полуостровот Мореа за време на средновековието“. Содржината и обемот на книгата тој ги сумира во предговорот низ следниве неколку реченици: „Родот на Хелените во Европа е изумрен – па така ниту една капка вистинска и непомешана крв не тече во вените на христијанското население кое живее во денешна Грција“. По восхитувачки напишаниот вовед, кој зборува за историјата на земјата од Пелопонеската војна па наваму, авторот објаснува дека Стара Грција била оставена без население и заборавена уште во римско време, во времето на големата преселба на народите определен број пристаништа биле уништени од секакви варвари, а од глад и чума земјата била целосно опустошена, столчена, но на крајот повторно населена од словенски племиња. Овие Словени пак во 8 век, под византиско ропство биле преобразувани и погрчени на коишто пак дополнително во 14 век од албанските планини дошло ново племе кое се населило на копното, на Пелопонез како и на островите Хидра и Специја. Од ова произлегува дека денешните Грци не се Албанци туку Словени. Разбирливо е зошто оваа теза, која во тоа ги изненадила и самите учени луѓе, зазела високо место во грчката ослободителна војна и добила висока репутација. Што се однесува до критиката за ова откритие, Албанците без противење биле прифатени за составен дел од населението во кралството Грција, особено бидејќи нивното постоење е констатирано уште на самиот почеток на патувањето; исто така овој народ сè уште го чува својот јазик, па заради тоа е тешко да се игнорираат. Фалмерајер вршел свои истражувања за „албанските елементи во Грција“ кои биле објавени во три дела од страна на академијата во Минхен (1857, 60, 61). Од Фалмерајер произлезената теза за изумирањето на Грците и нивна замена со словенски племиња се ширела сè повеќе. Помеѓу оскудните податоци на византиските историчари кои зборуваат за словенизација на Пелопонез, Фалмерајер дошол до податоци дека имињата во источниот дел на денешна Грција во најголем дел не се грчки.
Таму Фалмерајер нашол Кракова и Варшова, Каменици и Велигости и поставил непобитен факт дека населението кое ги донело овие имиња на Пелопонез треба да е истото со она население на север кое има свој Краков и Варшава, свој Каменц и Волгаст. Сепак сè уште постоел сомнеж дали навистина како што тврди истражувачот Грците со векови отуствувале на Пелопонез, дали навистина по византиското поробување се влезени грчки војници, занаетчии и монаси? Не е ли лесно да се земе дека при словенската „поплава“ како во пристанишните градови така и во планинските места, грчкото население било сè уште во значителен број? Може уште многу да се дискутира и спори околу ова прашање, но главната работа е во изјавата на
Фалмерајер – „се работи за процентуалноста на словенската крв која тече низ вените на денешните Грци“ – но ова никогаш нема да биде точно утврдено.
Што се однесува до судбината на Византија, Фалмерајер велел дека Русија за не толку долго време ќе успее да го спроведе илјада години планираното поробување на Цариград и Османлиското Царство, дека христијанското население од Анадолија кое живее во османските области секој ден ќе бидат со сè поголем копнеж за руското царство, кое кога ќе ги земе овие племиња под себе ќе се формира едно ново суверено владеење кое ќе се протега од Нова Земја до Кејп Матапан и најголемите закани за слободата и независноста од западните земји ќе биде првото германското царство. Во секој случај станува збор за една спротивставеност помеѓу истокот и западот. На нашата генерација ù преостанува само уште да гледа и сама да види дали Фалмерајер ја зборувал вистината или не.
Толку за судбината на Византија и словенското потекло на денешните Хелени зборувал Фалмерајер, но и за лошите инстинкти на моќниците, полтронството, поткупливоста и подлоста на надредените и упорноста на германските професори и научници.
Да, всушност ја имаше својата лира – затоа што му беше дозволено како колумнист да се вбројува во поети – само петте жици опфатени низ фрагментите – некаде само една, две, а некаде сите пет звучат заедно. Досега неговите дела поминале низ германскиот печат и заминале во големиот и погоден за заборав простор. Не биле поздравувани при секое нивно објавување, но биле за восхит заради хармоничниот говор во нив, заради одличниот избор на изразите, богатството на соодветни мисли, веселата иронија и впечатливата сатира.
И во „Фрагменти“ и во „Собрани дела“ т.е. во сите пет тома, читателот, кој сега ги спознава едноподруго, тешко може да одолее на тивката монотонија и покрај сиот жар со кој Фалмерајер пишувал.
Избрани дела
уреди- 1827: Geschichte des Kaisertums von Trapezunt (History of the Empire of Trebizond) (Munich).
- 1830: Geschichte der Halbinsel Morea während des Mittelalters. Teil 1: Untergang der peloponnesischen Hellenen und Wiederbevölkerung des leeren Bodens durch slavische Volksstämme (History of the Morea Peninsula during the Middle Ages. Part one: Decline of the Peloponnesian Hellenes and repopulation of the empty land by Slavic peoples) (Stuttgart).
- 1835: Welchen Einfluß hatte die Besetzung Griechenlands durch die Slawen auf das Schicksal der Stadt Athen und der Landschaft Attika? Oder nähere Begründung der im ersten Bande der Geschichte der Halbinsel Morea während des Mittelalters aufgestellten Lehre über die Enstehung der heutigen Griechen (What influence did the occupation of Greece by the Slavs have on the fate of the city of Athens and of the countryside of Attica? Or, a more detailed explanation of the theory regarding the origin of the present-day Greeks that was proposed in the first volume of the History of the Morea Peninsula during the Middle Ages) (Stuttgart).
- 1836: Geschichte der Halbinsel Morea während des Mittelalters. Teil 2: Morea, durch innere Kriege zwischen Franken und Byzantinern verwüstet und von albanischen Colonisten überschwemmt, wird endlich von den Türken erobert. Von 1250-1500 nach Christus (Part two: Morea, devastated by internal wars between the Franks and the Byzantines, and inundated by Albanian colonists, is finally captured by the Turks. From 1250 through 1500 A.D.) (Tübingen).
- 1843-44: Originalfragmente, Chroniken, Inschriften und anderes Material zur Geschichte des Kaisertums Trapezunt (Original fragments, chronicles, inscriptions, and other material on the history of the Empire of Trebizond) (Abhandlungen der Historischen Klasse der Bayerischen Akademie der Wissenschaften. Bd. 3, Abt. 3, pp. 1–159 and Bd. 4, Abt. 1, pp. 1–108).
- 1845: Fragmente aus dem Orient (Fragments from the Orient) [2 volumes] (Stuttgart). Available online
- 1852: Denkschrift über Golgotha und das Heilig-Grab: Der Evangelist Johannes, der jüdische Geschichtsschreiber Flavius Josephus und die Gottesgelehrtheit des Orients (Meditation on Golgotha and the Holy Grave: John the Evangelist, the Jewish historian Flavius Josephus, and the divine erudition of the Orient) (Abhandlungen der Historischen Klasse der Bayerischen Akademie der Wissenschaften. Bd. 6, Abt. 3, 643-88).
- 1853: Das Tote Meer (The Dead Sea) (Abhandlungen der Historischen Klasse der Bayerischen Akademie der Wissenschaften. Bd. 7, Abt. 1, pp. 39–144).
- 1857: Das albanesische Element in Griechenland. Abt. 1: Über Ursprung und Altertum der Albanesen (The Albanian element in Greece. Pt. 1: On the origin and antiquity of the Albanians.) (Abhandlungen der Historischen Klasse der Bayerischen Akademie der Wissenschaften. Bd. 8, Abt. 2, pp. 417–87).
- 1860-61: Das albanesische Element in Griechenland. Abt. 2 und 3: Was man über die Taten und Schicksale des albanesischen Volkes von seinem ersten Auftreten in der Geschichte bis zu seiner Unterjochung durch die Türken nach dem Tode Skander-Bergs mit Sicherheit wissen kann. (Pts. 2 and 3: What can be known with certainty about the deeds and fate of the Albanian people from their first appearance in history until their subjugation by the Turks after the death of Skanderberg.) (Abhandlungen der Historischen Klasse der Bayerischen Akademie der Wissenschaften. Bd. 8, Abt. 3, pp. 657–736 and Bd. 9, Abt. 1, pp. 3–110).
- 1861: G.M. Thomas, ed., Gesammelte Werke. Bd. 1: Neue Fragmente aus dem Orient. Bd. 2: Politische und kulturhistorische Aufsätze. Bd. 3: Kritische Versuche. (Collected works. V. 1: New fragments from the Orient. V. 2: Political and cultural-historical essays. V. 3: Critical essays.) (Leipzig). Available online
- 1877: G.M. Thomas, ed., Fragmente aus dem Orient (2nd edition, Stuttgart).
- 1913: H. Feigl and E. Molden, eds., Schriften und Tagebücher: Fragmente aus dem Orient. Neue Fragmente. Politisch-historische Aufsätze — Tagebücher (in Auswahl) (Writings and diaries: Fragments from the Orient, New fragments, Political-historical essays — Selections from the diaries) (Munich and Leipzig).
- 1943: E. Mika, ed., Byzanz und das Abendland: Ausgewählte Schriften (Byzantium and the West: selected writings) (Vienna).
- 1949: F. Dölger, ed., Hagion Oros oder der Heilige Berg Athos (Hagion Oros, or, the Holy Mount Athos) (Vienna).
- 1963: H. Reidt, ed., Fragmente aus dem Orient (Munich).
- 1978: F.H. Riedl, ed., Hagion Oros oder der Heilige Berg Athos (Bozen). ISBN 88-7014-008-3
- 1978: A. Kollautz, ed., Antrittsvolesung über Unversalgeschichte, gehalten zu Landshut am 20. November 1862 (Inaugural lecture on universal history, held at Landshut on November 20, 1862) (Der Schlern 52, pp. 123–39).
- 1980: Geschichte des Kaisertums von Trapezunt (reprint of 1827 edition) (Hildesheim). ISBN 3-487-00585-9
- 1984: E. Thurnher, ed., Reden und Vorreden (Speeches and Forewords) (Salzburg and Munich). ISBN 3-7025-0198-3
- 1990: E. Thurnher, ed., Europa zwischen Rom und Byzanz (Europe between Rome and Byzantium) (Bozen). ISBN 88-7014-576-X
- 2002: E. Hastaba, ed., Der Heilige Berg Athos (Bozen). ISBN 88-7283-174-1
- 2003: N. Nepravishta, tr., Elementi shqiptar në Greqi (Albanian translation of Das albanesische Element in Griechenland) (Tirana). ISBN 99927-950-0-X
- 2007: Fragmente aus dem Orient (Bozen). ISBN 88-7283-254-3
Наводи
уреди- G. Auernheimer, "Fallmerayer, Huntington und die Diskussion um die neugriechische Identität", Südosteuropa 47 (1998), 1-17.
- F. Curta, "Byzantium in dark-age Greece (the numismatic evidence in its Balkan context)", Byzantine and Modern Greek Studies 29 (2005), 113-45. PDF online
- W. Jens, ed., Kindlers neues Literatur-Lexikon (Munich, 1988–92). ISBN 3-463-43200-5
- T. Leeb, Jakob Philipp Fallmerayer: Publizist und Politiker zwischen Revolution und Reaktion (Munich, 1996). ISBN 3-406-10690-0
- P. Speck, "Badly ordered thoughts on Philhellenism", in S. Takacs, ed., Understanding Byzantium (Aldershot, 2003), 280-95. ISBN 0-86078-691-9
- E. Thurnher, Jahre der Vorbereitung: Jakob Fallmerayers Tätigkeiten nach der Rückkehr von der zweiten Orientreise, 1842-1845 (Vienna, 1995). ISBN 3-7001-2188-1
- E. Thurnher, ed., Jakob Philipp Fallmerayer: Wissenschaftler, Politiker, Schriftsteller (Innsbruck, 1993). ISBN 3-7030-0258-1
- E. Thurnher, Jakob Philipp Fallmerayers Krisenjahre, 1846 bis 1854: auf Grund der Briefe an Joseph und Anna Streiter in Bozen (Vienna, 1987). ISBN 3-7001-1197-5
- G. Veloudis, "Jakob Philipp Fallmerayer und die Enstehung des neugriechischen Historismus", Südostforschungen 29 (1970), 43-90.
- N. Wenturis, "Kritische Bemerkungen zu der Diskussion über die neugriechische Identität am Beispiel von Fallmerayer, Huntington, und Auernheimer", Südosteuropa 49 (2000), 308-24.
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Надворешни врски
уредиДела
уредиОд Austrian Literature Online:
Од Google Books:
Мрежни места
уреди- Universität Innsbruck, Institut für Alte Geschichte und Altorientalistik Архивирано на 2 април 2019 г. (in German).
- V. Dworakowski, "Fallmerayer and Osterman-Tolstoi: story of a relationship." Архивирано на 17 април 2012 г. (in Russian).