Животопис
(Пренасочено од Биограф)
Животопис или биографија — опис на животот на некоја личност.[1][2] Поимот биографија доаѓа од грчки bios = жив, живот + graphos = пишува, и се одомаќинил во речиси сите европски јазици. Означува животопис, или опис на нечиј животен пат. Соодветниот збор на латински е Curiculum Vitae — текот на животот. Животописот е литературно-документарна творба создадена врз основа на веродостојни документи и податоци за животот и работата на некоја личност. Автобиографија е сопствен животопис, опис на сопствениот живот.
Животописот како тема во уметноста
уреди- „Пишување на животопис“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[3]
Наводи
уреди- ↑ „биографија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „животопис“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 242-243.