Соџернер Трут
Соџернер Трут (англиски: Sojourner Truth; 1797 — 1883) — американска аболистка, говорник и борец за човековите права и женските човекови права. Нејзиното вистинско име било Изабела Баумфри или, според други извори, Изабела Ван Вагенер. Родена е во ропство околу 1797 година, но таа успеала да избега во Канада во 1827 година. Во 1828 година по судски пат успеала да добие старателство за нејзиниот син со што станала првата Афроамериканкa која добила парница против белци.
Во САД се враќа во 1829 година. Откако во државата Њујорк и било укинато ропството. Десет години работела како слугинка, а потоа се приклучила на Елајџи Пирсон во уличните проповеди.
Подоцна станала говорник за аболиција и движењето за правата на жените. Веројатно најпознатиот говор и бил „зарем јас не сум жена?“ “Ain't I a Woman?“,краток, но добар коментар изговорен во 1851 на Женскиот состанок во Акрон, Охајо.
Во Мичиген се вратила во 1867 година. Умрела во нејзиниот дом во Бетл Крик на 26.11.1883 година. Погребана е на гробиштата Оук Хил во Бетл Крик. Во 1983 година наведена е во Галеријата на славни жени во Мичиген (Michigan Women's Hall of Fame).
Во 1997 година, НАСА своето возило за мисија на Марс го нарекле Соџенер.