Вилијам Кулен Брајант
Вилијам Кулен Брајант (3 ноември 1794, Камингтон, Масачусетс, САД - 12 јуни 1878, Њујорк) — американски поет.
Вилијам Кулен Брајант William Cullen Bryant | |
---|---|
Вилијам Кулен Брајант, ц. 1876 | |
Роден/а | ноември 3, 1794 Камингтон, Масачусетс, САД |
Починат/а | јуни 12, 1878 Њујорк, Њујорк, U.S. | (возр. 83)
Занимање | поет, новинар и уредник |
Националност | Американско |
Значајни дела | „Танатопсис“ |
Потпис |
На 17-годишна возраст ја напишал „Танатопсис“, медитација за природата на смртта, што останува неговата најпозната поема. Бил под влијание на деизмот, а самиот влијаел врз Ралф Валдо Емерсон и Хенри Давид Торе. Речиси 10 години работел како адвокат, профеција што ја мразел. Со своите „Поеми“ (1821), вклучувајќи ја и „За водениот волк“, добил репутација на успешен поет. Во 1825 година се преселил во Њујорк, каде што речиси 50 години бил главен уредник на весникот „Ивнинг Пост“ (Evening Post) (1829-78), кој го трансформирал во орган за прогресивно мислење.
Користена литература
уреди- Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |