1780-ти
десетлетие
< 1770-ти | 1780-ти | 1790-ти > | |||||||
1780 | 1781 | 1782 | 1783 | 1784 | 1785 | 1786 | 1787 | 1788 | 1789 |
Настани
уреди- 1783 — во Франција изведени првите летови со балони на гас и топол воздух.
- 1783 — завршила Американската војна за независност.
- 1785 — Јосиф II го укинал кметството во Унгарија.
- 1787 — САД го добиле уставот.
- 1787 — ослободени робови од Лондон го основале Фритаун.
- 1788 — Обединетото Кралство Велика Британија основало затвореничка колонија во Нов Јужен Велс, Австралија.
- 1788 — почнала Дубичката војна, последната голема војна меѓу Хабсбуршката Монархија и Отоманското Царство.
- 1789 — со падот на Бастилја започнала Француската револуција.
- 1789 — Џорџ Вашингтон избран за прв претседател на САД.
- 1781 — Имануел Кант ја објавил Критика на чистиот ум.
Личности
уредиЛичности од Македонија
уредиРодени
уреди- 1780-ти - роден Петре Филипов-Гарката македонски зограф.
Починати
уреди- 1780 — починат Свети Кипријан Слепченски, македонски православен светител.
Личности од светот
уредиРодени
уреди- 1780 — роден Пјер Жан де Беранже, француски поет.
- 1780 — роден Милован Видаковиќ, српски писател.
- 1780 — роден Евгениј II Цариградски, вселенски патријарх од 1821 до 1822 година.
- 1780 — роден Јернеј Копитар, словенечки преродбеник и угледен австриски славист, автор на првата научна словенечка граматика, издавач на стари словенски споменици и значаен помагач на филолошкото дело на Вук Караџиќ.
- 1780 — роден Решид Мехмед-паша, османлиски државник и генерал кој се издигнал на позицијата голем везир во првата половина на XIX век, и имал важна улога во Грчката војна за независност.
- 1780 — роден Мехмед Емин Рауф-паша, голем везир на Отоманското Царство, двапати под Махмуд II „Адли“ (вл. 1808–1839) и трипати под Абдул Меџит I (вл. 1839–1861).
- 1780 — роден Шарл Нодје, француски писател, романописец и академик.
- 1781 — роден Симеон Дени Поасон, француски математичар, геометар и физичар.
- 1781 — роден Џорџ Стивенсон, англиски инженер – пронаоѓач.
- 1781 — роден Карл Фридрих Шинкел, пруски архитект, урбанист, сликар, сценограф и мебелист.
- 1782 — роден Винсенте Гереро, еден од водачите на бунтот во војната за независност на Мексико (1810-1821).
- 1782 — роден Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор.
- 1782 — роден Џон Филд, ирски композитор и пијанист.
- 1783 — роден Симон Боливар, латиноамерикански револуционер, национален херој и предводник на борбите за независност на повеќе јужноамерикански држави: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Панама и Боливија.
- 1783 — роден Василиј Жуковски, руски поет, еден од основачите на романтизмот во руската поезија, преведувач и критичар.
- 1783 — роден Вашингтон Ирвинг, американски писател, есеист, биограф и историчар од раниот 19 век.
- 1783 — родена Надежда Дурова, маскирана како маж станала војник од висок ранг во Руската коњица за време на Наполеоновите војни.
- 1783 — роден Стендал, француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
- 1784 — роден Дионисио Агуадо, шпански класичен гитарист и композитор од времето на романтизмот.
- 1784 — роден Фридрих Вилхелм Бесел, германски математичар, астроном и систематичар во Беселовите функции (кој ги открил Даниел Бернули).
- 1784 — роден Лео фон Кленце, германски неокласицистички архитект, сликар и писател.
- 1784 — роден Осип Бове, руски архитект, претставник на класицизмот, познат по обновувањето на Москва по пожарот во 1812 година.
- 1784 — роден Фернандо VII, крал на Шпанија во 1808 година за краток период бидејќи бил симнат од престолот под притисок на Наполеон Бонапарт. Повторно како крал управувал од периодот помеѓу 1814 до 1833 година.
- 1785 — роден Антим IV Цариградски, вселенски патријарх во два наврати во периодот меѓу 1840 и 1841 година, и во периодот од 1848 до 1852 година.
- 1785 — роден Махмуд II, триесеттиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1808 до 1839 година.
- 1786 — роден Карл Марија фон Вебер, германски композитор, диригент и пијанист.
- 1787 — роден Едвард Блор, британски архитект и старинар.
- 1787 — роден Вук Стефановиќ Караџиќ, српски јазичар и голем реформатор на српскиот јазик и азбука.
- 1787 — роден Јохан Готлиб Неремберг, германски физичар.
- 1788 — роден Џорџ Гордон Бајрон, шестиот барон Бајрон, англо-шкотски поет и водечка фигура во романтизмот.
- 1788 — роден Joжеф Кoшич, словенечки автор, етимолог, јазичар и католички свештеник, од xрватско потекло.
- 1788 — роден Карл фон Базедов, германски лекар и научник.
- 1788 — роден Михаил Лазарев, руски морнарски службеник и истражувач.
- 1788 — роден Огистен-Жан Френел, француски инженер и физичар.
- 1788 — роден Артур Шопенхауер, германски филозоф.
- 1789 — роден Огистен Луј Коши, француски математичар кој е познат како основоположник на анализата.
- 1789 — роден Георг Ом, германски физичар.
Починати
уреди- 1780 — почината Марија Терезија, хабсбуршка царица.
- 1780 — починат Софрониј II Цариградски, вселенски патријарх по потекло од Алеп, Сирија, началствувал во периодот од 1775 до 1780 година.
- 1782 — починат Анж Жак Габриел, француски архитект, главен архитект на дворот на кралот Луј XV, стекнувајќи се со чинот на прв кралски артхитект.
- 1782 — починат Даниел Бернули, швајцарски лекар, физичар и математичар.
- 1782 — починат Ен Бони, жена од Ирска која станала познат пират, и дејствувала во реонот на Карибите.
- 1783 — починат Жан ле Рон Даламбер, француски математичар, физичар и филозоф.
- 1784 — почината Филис Витли, првата афроамериканска поетеса и првата афроамериканска жена чии дела биле објавени.
- 1784 — починат Дени Дидро, француски писател и филозоф, важна фигура во просветителството и главен уредник на „Енцикопедијата“.
- 1785 — починат Гаврил IV Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1780 до 1785 година.
- 1787 — починат Руѓер Бошковиќ, хрватски физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
- 1787 — починат Кристоф Вилибалд Глук, германски оперски композитор и диригент.
- 1787 — починат Фердинандо Галијани, италијански економист и истакнат деец на просветителството.
- 1787 — починат Леополд Моцарт, австриски композитор, татко на Волфганг Амадеус Моцарт.
- 1788 — починат Томас Гејнсборо, британски портретист и пределен уметник во XVIII век.
- 1788 — починат Карло III, крал на Шпанија во периодот од 1759 до 1788 година, крал на Неапол (како Карл VII) и Сицилија (како Карл V) од 1735 до 1759 година и херцог на Парма (како Карло I) од 1732 до 1735 година.
- 1788 — починат Морис Кантен де Ла Тур, француски портретист кој работел во стилот рококо.
- 1788 — починат Џовани Доменико Маралди, италијанско-француски астроном.
- 1789 — починат Абдул Хамид I, бил дваесет и седмиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1774 до 1789 година.
Откритија
уреди- ...