Мануела Саенс
Дона Мануела Саенс (27 декември 1797 - 23 ноември, 1856) била револуционерен херој на Јужна Америка.
Дона Мануела Саенс | |
---|---|
Libertadora del libertador носејќи го медалот Орден на Сонцето | |
Роден(а) | 27 декември 1797 Кито, Вицекралство Нова Гранада (Денешен Еквадор) |
Починал(а) | 23 ноември 1856 Пајта, Перу | (возр. 58)
Занимање | Револуционер и шпион |
Оставајќи го нејзиниот сопруг во 1822 година, таа наскоро почна осумгодишна соработка и интимна врска со Боливар, која траеше сè до неговата смрт во 1830 година. Таа ја поддржувала револуционерната кауза со собирање на информации, дистрибуција на летоци, и протестирајќи за правата на жените. Откако го спречила обидот за атентат врз него во 1828 и го олеснила неговото бегство, Боливар почна да ја нарекува "Libertadora del libertador" ("ослободителката на ослободителот"), и таа била прославена и добила многу почести. За многу години по нивната смрт, нивните придонеси за револуциите во Јужна Америка биле потиснати, и покрај тоа што оние на Боливар биле популизирани една деценија подоцна и тој го врати статусот на херој, улогата на Мануела генерално била занемарувана до крајот на 20 век.
Оваа биографска статија личност од Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |