Едмунд Берк

ирско-англиски државник и мислител

Едмунд Берк (англиски: Edmund Burke; 12 јануари 17309 јули 1797) — ирски државник роден во Даблин, исто така и писател, оратор и политички филозоф, кој по преселувањето во градот Лондон (1750) служел и како пратеник во Парламентот на Англија во период од 1766 до 1794 година, во Долниот дом.

Едмунд Берк
Едмунд Берк
Лични податоци
Занимање писател, политичар, филозоф

Берк бил многу влијателен во политичката сфера во Велика Вританија, тој ги застапувал ставовите на црквата и давал важност на религијата како дел од моралниот живот.[1] Овие негови гледишта се прикажани во неговата книга „Оправдување на природното општество“. Берк бил голем критичар на британскиот третман кон американските колонии, вклучувајќи ги и суровите даночни политики кои ги наметнувала круната. Познат е како голем поддржувач на правата на колонистите и сметал дека тие треба да се спротивстават на централната власт.

Тој бил поддржувач на реформите и верувал дека суверенитетот треба да му припадне на народот, а не на кралот.

Во книгата „Размисли за Француската револуција“, Берк вели дека Француската револуција го уништува ткивото на доброто општество, традиционалните институции на државата и го осудува прогонот на Католичката црква кој резултирал од револуцијата. Ова ќе го направи да стане клучна политичка фигура во кругот на конзервативците.

Негов политички противник бил Чарл Џејмс Фокс.[2]

Берк ќе биде запаметен по големата поддршка кој ја дал на католичката еманципација, импичментот на Ворен Хејстинг и по цврстото спротивставување кон успехот на Француската револуција.

Во деветнаесеттиот век, Берк ќе добие јавно признание за неговото значење во сферата на политиката од страна на конзервативците, но и од либералите. Потоа, во XX век тој ќе биде широко прифатен како основач на современиот конзервативизам.[3]

Наводи

уреди
  1. Richard Bourke, Empire and Revolution: The Political Life of Edmund Burke (Princeton University Press, 2015), passim.
  2. Во времето на Берк поимите „конзервативен“ и „либерален“ сè уште не се однесувале на политички идеологии, вид. J. C. D. Clark, English Society, 1660–1832(Cambridge University Press, 2000), pp. 5, 301.
  3. Andrew Heywood, Political Ideologies: An Introduction. Third Edition(Palgrave Macmillan, 2003), p. 74.