Свети Анастасиј Радовишки
македонски светец
Свети Анастасиј Радовишки или Свети Спасо Радовишки (Радовиш, 1774 – Солун, 11 септември 1794) — македонски христијански светец - новомаченик, Македонец.[1] На дваесет години родителите го испратиле во Солун да учи занает. Таму го присилувале да прими ислам, но откако не се откажал од својата вера, бил измачуван, ги поднел сите страдања и одејќи кон бесилката измачениот Анастасиј паднал и ја предал својата душа на Господа.[2] По неговата меченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напишал неговото житие.[3] Македонската црква неговиот празник го слави на 8 август според јулијанскиот календар,или 21 август според Грегоријанскиот календар.
Свети Анастасиј Радовишки | |
---|---|
Маченик | |
Роден(а) | 1774, Радовиш |
Починал(а) | 11 септември 1794, Солун |
Слава | 8 август (стар стил) 21 август (нов стил) |
Наводи
уреди- ↑ Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997
- ↑ Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип, 2006
- ↑ Добрила Миловска и Јован Таковски, Македонска житијна литература IX-XVIII век, Скопје, 1996