Филарет Шал
Филарет Ефемон Шал (француски: Philarète Euphemon Chasles ), (Менвилје, 6 октомври 1798[1] - Венеција, 18 јули 1873) – француски писател и новинар, автор на бројни книжевни студии, особено за литературата на англиски јазик, за која многу придонел да се запознае во Франција во XIX век.
Филарет Шал Philarète Chasles | |
---|---|
Роден/а | 6 октомври 1798 Менвилје (Ер-е-Лоар), Франција |
Починат/а | 18 јули 1873 Венеција, Италија | (возр. 74)
Занимање | поет |
Националност | француска |
Животопис
уредиСин на пратеникот Пјер жак Шал и братучед на математичарот Мишел Шал, дел од своето детство поминува во национален воен лицеј каде е воспитуван со култот на Наполеон.
Но неговиот татко премногу се компромитирал со Империјата, па семејството извесно време оди во егзил во Англија. Филатер таму работи различни работи, а една од нив е печатар. Тој ја открива британската култура која му станува страст.
По враќањето во Франција во 1818 година, издава литературни критики во различни ревии, меѓу кои во „Ревија на два света“ и „Британска ревија“.
Од 1837 до 1873 година тој е библиотекар во библиотеката Мазарин и професор на Колеж де Франс каде ја држи катедрата за јазици и литература од германско потекло и катедрата за странски европски јазици и литература од 1841 до 1873 година.
Филарет Шал е татко на филологот Емил Шал.
Признанија и почести
уреди- Една улица во Менвилје го носи неговото име
- Витез на Легијата на честа (1832) [2] на семрежното место на Министерството за култура на Франција
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Филарет Шал“ на Ризницата ? |